Жолта анаконда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Eunectes notaeus
Anaconda jaune 34.JPG
непроценет
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Семејство: Удави
Потсемејство: Удави
Род: Анаконди
Вид: Жолта анаконда
Биномен назив
Eunectes notaeus
Cope, 1862
Синоними

Жолта анаконда (науч. Eunectes notaeus)[1] — неотровна змија од семејството на удавите, ендемска во Јужна Америка. Досега не се откриени подвидови.[2]

Оваа змија може да се види во терариумот на Зоолошката градина во Скопје.[3]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Општото именување Eunectes има старогрчко потекло и означува „добар пливач“, народното определено име notaeus потекнува од грчкиот збор νωταίος, што во овој случај значи „грбна“. За да го разликува овој нов вид од Eunectes murinus, Едвард Дринкер Коуп изјавил дека „грбните крлушки се поголеми и се распределени во помал број на редови.“[4]

Опис[уреди | уреди извор]

Возрасните единки не се со иста должина како и зелената анаконда, но сепак можат да нараснат до просечна должина од 3,3 до 4,4 метри. Нивната вообичаена тежина изнесува 25-35 килограми, иако поголемите примероци можат да тежат и до 40-55 килограми, па дури и повеќе.[5][6] Максималната должина со сигурност може да биде и поголема, но настанува забуна кога се споредува со својата подолга роднина. Женките на овој вид имаат просечни должини од 4,6 метри.[1][7] Женките се подолги од мажјаците.

Шарата се состои од жолта боја, златкаст тен или пак зелено-жолтеникава основа на која има серии на црни или темно кафени седленца, дамки, точки и линии.[1]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Овој вид побарува водно живеалиште, вклучувајќи ги тука мочуришта, грмушесто прекриени крајбрежја или пак споротоковни реки и потоци. Можат да бидат забележани и во шуми кога се во потрага по поголем плен, како што се мазамата, или пак пекариито.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Овие змии биле изучувани во области кои биле постојано поплавувани во регионот Пантанал во југозападен Бразил. Собраните податоци биле директно набљудувани при исхраната, односно при ловот на пленот, анализата на стомакот и изметот, и потврдните искази од месните жители и други истражувачи. Овие изучувања покажуваат дека станува збор за општојадец. Списокот на плен и останатите докази потврдуваат дека жолтата анаконда користи како „напади од заседа“ така и тактики на „потрага по плен“. Змиите се во потрага на храна најчесто во отворени, поплавени живеалишта, во релативно плитки води, повеќето случаи на лов се во периодот од јуни до ноември, кога поплавените области се забележително исушени, при што младенчињата на птицие се најчестиот плен. Познато е исто така дека тие се хранат со риба, желки, помали кајмани, гуштери, птичји јајца, мали цицачи и мртви риби. Односот на тежините на пленот и грабливецот се доста поголеми од оние кај другите попознати видови на удави.[8]

Размножување[уреди | уреди извор]

Во подолги периоди, жолтите анаконди се моногамни. Мажјаците се привлечени од женката кога истата создава и испушта фермони во воздухот. Мажјаците подоцна го следат мирисот на женките и додворувањето започнува. Додворувањето се случува во водата и може да трае доста долго. Познато е дека истите можно е да образуваат оргии кои се состојат од една женка и повеќе мажјаци. Познато е дека овие оргии можат да останат вака испреплетени и до 30 денови. Во оваа испреплетеност, мажјаците се натпреваруваат за пристап до женката. Вообичаено е најголемиот мажјак да победи во натпреварот со останатите мажјаци. Поголемите мажјаци можат успешно да се спарат со повеќе женки. Спарувањето е полигиниско, или поинаку кажано тие се промискуитетни.

Раѓањето на младенчињата се случува еднаш годишно. Раѓањето се одвива од април до мај. Можно е да се родоат од 4-82 младенчиња. Женките по шест месечен гестациски период раѓаат целосно развиени млади. Вака родените млади се веднаш способни за самостоен живот. Тие имаат среден раст. Женките постигнуваат сексуална зрелост 3-4 години по раѓањето, ито како и мажјаците. Женките обезбедуваат значаен дел од ресурсите за нивните млади за време на инкубацијата, но младенчињата се независни при раѓањето и немаат потреба од понатамошна родителска грижа.

Типичниот животен век на жолтата анаконда во дивината е 15-20 години. Во заробеништво, тие можат да живеат и подолго, до 23 години.

Комуникација[уреди | уреди извор]

Жолтите анаконди се самостојни животни, со исклучок на периодот за парење. Кога се додворуваат, тие комуницираат преку триење една од друга. Бидејќи анакондите имаат топлински органи сместени над нивните муцки, кои се користат за наоѓање на пленот преку следење на топлинската трага на пленот. Тие исто така можат да забележат вибрации преку нивните вилици.

Заробеништво[уреди | уреди извор]

Во заробеништво, ги бие глас дека можат да бидат непредвидливи.[1]Во САД, жолтата анаконда е една од четирите забранети змии. Можат да се продаваат само во Калифорнија.

Поврзано[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mehrtens JM. 1987. Living Snakes of the World in Color. New York: Sterling Publishers. ISBN 0-8069-6460-X.
  2. „Eunectes notaeus“. Обединет таксономски информативен систем. http://www.itis.gov/servlet/SingleRpt/SingleRpt?search_topic=TSN&search_value=634803. посет. 3 јули 2008 г.  (англиски)
  3. „Жолта амаконда“. Зоо Скопје. http://www.zooskopje.com.mk/zolta-anakonda.html. посет. 13 јуни 2015 г. 
  4. Edward Drinker Cope (1862). Synopsis of the species of Holcosus and Ameiva, with diagnoses of new West Indian and South American Colubridae. Proceedings of the Academy of Natural Sciences Philadelphia 14 [1862]: 60–82.Archive, PDF.
  5. What Is a Yellow Anaconda? Wisegeek.com. Retrieved on 2012-08-22.
  6. Mendez M, Waller T, Micucci P, Alvarenga E, and Morales JC (2007). Genetic population structure of the yellow anaconda (Eunectes notaeus) in Northern Argentina: management implications. In: Biology of the Boas and Pythons, Robert W. Henderson and Robert Powell (eds) pp. 405–415. Eagle Mountain Publishing, LC ISBN 0972015434.
  7. Owen, W. 2004. Snakes: Reptiles. p. 397 in J Flew, L Humphries (eds.) The Encyclopedia of Animals, Vol. 1. Los Angeles: University of California Press.
  8. Strussmann, C (јуни 1997 г). Feeding habits of the yellow anaconda, Eunectes notaeus Cope, 1862, in the Brazilian Pantanal. „Biociencias“ том  5 (1): 35–52.. http://md1.csa.com/partners/viewrecord.php?requester=gs&collection=ENV&recid=4295289&q=anaconda+the+snake&uid=793163738&setcookie=yes. посет. 6 октомври 2008 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]