Прејди на содржината

Живко Урдаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Живко Велков Урдаревски ( 1921 во Чучер, Скопско14 април 1945 во Илинци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Живко Урдаревски

Завршил основно училиште во селото. Немајќи услови за натамошно образование, се занимавал со земјоделство. На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада ѝ веднаш се вклучил во борбите против балистите, кои биле навлезени во неговото село. Гонењето на балистичките банди го продолжил ѝ на Косово сè до нивното конечно разоружување и уништување. Потоа заминал за Срем, каде завршил воена обука. На 12 април 1945 година учествувал во големата Сремска офанзива, во пробивот на фронтот и гонењето на Германците. Во натамошните борби кај Илинци, храбро загинал на 14 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 153. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.