Никола Урдаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Блажов Урдаревски ( 1917 во Чучер, Скопско1945 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Никола Урдаревски

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Уште како млад им помагал на родителите во обработување на земјата и чувањето на добитокот.[1] Со доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Чучер, меѓу првите стапил во нејзините редови. На 15 септември 1944 година учествувал во борбите против балистичките банди, кои биле разбиени и протерани од Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија бил префрлен во Срем и учествувал во завршните операции против непријателските германски сили. Поради тешките напори во битките, во февруари 1945 година бил ослободен од војска поради лечење. Но болеста била тешка, починал во јуни 1945 година.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 153. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.