Стоилко Урдаревски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стоилко Велков Урдаревски ( 1918 во Чучер, Скопско25 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Стоилко Урдаревски

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на овци и кози.[1] На 21 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во крвави борби против балистите. Бил учесник во акциите против Германците кај Качаничката Клисура, како ѝ во разоружувањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година учествувал во големата пролетна офанзива против Германците и во пробивот на Срем. Во натамошните борби против непријателот, во битката за ослободување на Банова Јаруга, храбро загинал на 25 април 1945 година. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 153–154. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.