Трипун Урдаревски
Изглед
| Трипун Урдаревски | ||
| Роден | 23 јануари 1924 година Чучер, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 10 ноември 1944 година Скопско Мачен од страна на балистите, а подоцна убиен. | |
Трипун Нешов Урдаревски (23 јануари 1924 во Чучер — 10 ноември 1944 во Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. За време на окупацијата бил симпатизер на НОВ и активно го помагал движењето за ослободување на Македонија.[1] Стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада и учествувал во сите борби против балистичките банди и Германците. На 10 ноември 1944 година, неколку денови пред ослободување на Скопје, во една жестока борба против балистите бил тешко ранет и заробен од непријателите. Балистите на ѕверски начин го мачеле, а потоа го убиле.[1][2]