Распадна енергија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Енергија на распад)

Распадна енергијаенергијата која се ослободува при радиоактивен распад на елементите. Распадот се случува кога нестабилнотоното атомско јадро губи енергија оддавајќи јонизирачки честички и зрачење. Така, атомот од еден вид, наречен „првичен нуклид“ се претвора во друг вид, наречен „вторичен нуклид“.

Пресметување на распадот[уреди | уреди извор]

Енергетската разлика на реактантите често се бележи со Q:

Q = (Кинетичка енергија)по - (Кинетичка енергија)пред
Q = ((Маса во мирување)пред × c2) - (Маса во мирување)пред × c2))

Распадната енергија се изразува во MeV (милиони електронволти) или keV (илјади електронволти).

Видови радиоактивен распад:

Распадната енергија е разликата во масата dm помеѓу првичниот и вторичниот атом и честички. Таа е еднаква на енергијата на зрачењето E. Ако A е радиоактивна активност, т.е. бројот на претворени атоми по единица време, M е моларната маса, тогаш зрачната моќ W ќе биде:

или

На пример: 60Co се рапаѓа на 60Ni. Разликата во масата dm е 0,003 u. Оддадената енергија изнесува околу 2,8 MeV. Молската тежина изнесува 59,93. Времето на полураспад T е 5,27, што соодветствува со активноста A=(N*(-ln(2)))/T, каде N е бројот на атоми по мол. Земајќи ги предвид единиците, зрачната моќ на 60Co ќе биде 17,9 W/g

Еве ја зрачната моќ W/g кај неколку изотопи:

60Co: 17,9
238Pu: 0,57
137Cs: 0,6
241Am: 0,1
210Po: 140 (T=136 д)
90Sr: 0,9

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]