Емилија Кларк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емилија Кларк
Кларк на San Diego Comic Con International во 2013 година
Роден(а)26 октомври 1986 (1986-10-26) (32 г.)
Лондон, Англија
ЗанимањеГлумица
Активен период2009–сеуште

Емилија Кларк (родена на 26 октомври 1986) — англиска глумица. Таа е најпозната по улогата како Денерис Таргариен во серијата Игра на тронови, за која добила две номинации за Еми награда за најдобра глумица во споредна улога во драмска серија во 2013 и 2015 година. Кларк своето деби на Бродвеј го остварила во март 2013, толкувајќи ја главната улога Холи Голајтли во претставата Појадок кај Тифани. Во 2015 година, таа играла во филмот Терминатор: Генесис.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Емилија Кларк е родена во Лондон, а израснала во Беркшир.[1][2][3] Неговиот татко работи во театар како инженер за звук.[4] Таа има постар брат. Кларк се заинтересирала за глумата на 3-годишна возраст откако го видела мјузиклот Show Boat, на кој работел нејзиниот татко во тоа време.[1] Таа дипломирала глума во Лондонскиот драмски центар во 2009 година.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Кларк на премиерата на третата сезона од Игра на тронови во март 2013

Својата прва телевизиска улога, Кларк ја добила во британската телевизиска серија Доктори. Списанието Screen International ја именувало неа како една од „Британските ѕвезди на утрешнината“.[6]

Во 2010 година на Кларк и била доделена улогата Денерис Таргариен во телевизиската средновековна серија на HBO, Игра на тронови, базирана на серијалот книги Песна за мраз и оган од Џорџ Р. Р. Мартин. Таа ја добила улогата откако нејзината британска колешка Тамзин Мерчант била заменета поради неоткриени причини.[7] Серијата започнала да се прикажува во април 2011 година, добивајќи позитивни критики и набргу била продолжена за втора сезона.[8] Таа глумела во сите пет сезони, и ќе глуми во престојната шеста сезона. Во 2011 година, таа ја добила EWwy наградата за најдобра глумица во споредна улога во драмска серија за улогата на Денерис.[9] Во 2013 и 2015 година, Кларк била номинирана за Еми награда во истата категорија.[10] [11] Таа била изгласана за најпосакувана жена во светот од читателите на Askmen во 2014 година.[12]

Од март до април 2013 година, Кларк ја играла Холи Голајтли во Бродвејската продукција на романот Појадок кај Тифани.[13] Истата година таа глумела во криминалната драма Дом Хемингвеј заедно со Џад Ло. Во мај 2014 година, било објавено дека таа ќе биде дел од актерската екипа на филмот Градина на последни денови заедно со Џејмс Франко,[14] но филмот бил откажан две недели пред да започне неговата продукција. На Кларк и била понудена улогата Анастасија Стил во филмот Педесет нијанси сиво, но таа ја одбила поради бараната голотија.[15] Во 2015 година, таа ја играла Сара Конор во филмот Терминатор: Генесис, покрај Арнолд Шварценегер, Џаи Кортни, и Џејсон Кларк.[16]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2012 Островот Спајк Сали Харис
2012 Окована Малу Краткометражен филм
2013 Дом Хемингвеј Евелин
2015 Терминатор: Генесис Сара Конор
2015 Глас од каменот Верена Пост-продукција
2016 Јас пред тебе Луиза Клара Пост-продукција

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Белешки
2009 Доктори Саскија Мајер Епизода: „Empty Nest“
2010 Тријаски напад Савана Раундтри ТВ филм
2011–сеуште Игра на тронови Денерис Таргариен Главна улога
2013 Футурама Маријана (глас) Епизода: „Stench and Stenchibility“

Видео игри[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога
2015 Игра на Тронови Денерис Таргариен (глас)

Театар[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Театар
2013 Појадок кај Тифани Холи Голајтли Театар Корт

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Game Of Thrones star Emilia Clarke: I feel just like Khaleesi in real life“. Now. конс. 10 July 2015. 
  2. „Emilia Clarke Celebrates 28th Birthday on 'Game of Thrones' Set -- See Epic Cake!“. tooFab. конс. 10 July 2015. 
  3. „Actor Bio: Emilia Clarke“. Game of Thrones: Cast and Crew. HBO. конс. 21 April 2011. 
  4. In Vogue: Emilia Clarke“, „Vogue“, 15 јуни 2015 (посет. 2 ноември 2015 г).
  5. „Spotlight: Emilia Clarke“. Spotlight. конс. 27 September 2011. 
  6. „UK STARS OF TOMORROW 2010“. Screen Daily. конс. 26 April 2013. 
  7. „Emilia Clarke Was Not the First Choice to Play Daenerys Targaryen on 'Game of Thrones'. Yahoo!. 30 March 2013. 
  8. „HBO Re-commissions 'Game of Thrones'. IFTN. 19 April 2011. 
  9. „EWwy Awards 2011: Meet Your Winners!“. Entertainment Weekly. 19 September 2011. 
  10. „Emmy Nominees Full List: Breaking Bad, Homeland, Downton Abbey Dominate 2013 Awards“. The Huffington Post. 18 July 2013. конс. 10 July 2014. 
  11. Hipes, Patrick (16 July 2015). „Emmy Nominations 2015 – Full List“. Deadline.com. конс. 16 July 2015. 
  12. „Emilia Clarke Voted Most Desirable Woman“. конс. 5 March 2014. 
  13. „Breakfast at Tiffany's Coming to Broadway with Emilia Clarke“. Broadway Tour. BroadwayTour.net. 13 October 2012. 
  14. Loading... (2 May 2013). „Games of Thrones Star Emilia Clarke Cast in New Film Garden of Last Days Alongside James Franco“. Entertainmentwise. конс. 15 June 2013. 
  15. 'Game Of Thrones' Star Emilia Clarke Turned Down 'Fifty Shades Of Grey'. The Huffington Post. 25 March 2015. конс. 13 September 2015. 
  16. 'Game Of Thrones' Emilia Clarke Set For 'Terminator' In Sarah Connor Role“. Deadline.com. 13 December 2013. конс. 13 December 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]