Прејди на содржината

Футурама

Од Википедија — слободната енциклопедија
Футурама
Жанр
Создадена одМет Грејнинг
Развиена од
Гласови на
Воведна тема"Најавна песна од Футурама"
Композитор(и)Кристофер Тинг
Земја на потеклоОбединети Нации
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони8
Бр. на епизоди160
Производство
Извршен продуцент(и)
Продуцент(и)
УреднициПол Д. Калдер
Даник Томас
Крис Валанс
Времетраење22 минути
Продукциска куќа
Дистрибутер20th Television
Прикажување
Првична мрежа
Сликов формат
Звучен формат
Првично прикажувањемарт 28 1999 (1999-03-28) – септември 4, 2013 (2013-09-04)
Надворешни врски
Мрежна страницаcc.com/shows/futurama

Футурама — американска анимирана научнофантастична комедија создадена од Мет Гренинг и развиена од Гренинг и Дејвид Х. Коен за телевизија Fox. Епизодите биле со авантурите на поранешен доставувач на пица од Њујорк, Филип Џеј Фрај, кој неколку секунди пред почетокот на Нова година 2000 бил замрзнат и одмрзнат за време на Нова година 2999.

Во Америка, серијата почнала да се емитува на 28.03.1999, а прекинала во 10.08.2003 на Fox. Потоа футурама повторно се емитувала на Cartoon Network од јануари 2003 до декември 2007, кога истекол договорот. Сега се емитува на Comedy Central. Серијата повторно оживеала во 2007 со четири долгометражни филмови, кои исто така биле покажувани на Comedy Central. Последниот бил објавен во почетокот на 2009. Подоцна Comedy Central ја оживува Футурама со 26 епизоди кој треба да се емитуваат во средината на 2020 година.[1]

Comedy Central склучил договор со 20th Century Fox Television за да ги организира постоечките епизоди и да ги емитува филмовите како нови епизоди.[2][3] Comedy Central почнал да ја емитува Футурама на 2 јануари 2008 година, и нови епизоди на 23 март 2008 година.[4]

Други информации: Список на ликови во Футурама

Всушност, Футурама е комедија чиј заплет се случува околу Планет експрес - [компанија] за доставување и вработените во неа,[5] мала група кој не се прилагодува кон општеството од иднина. Епизодите скоро секогаш ги истакнуваат дејствијата на тројцата главни ликови, Фрај, Лила и Бендер.

Филип Џеј Фрај (Били Вест)

Фрај е прост, недораснат, неуреден доставувач на пица кој е замрзнат само малку по полноќ на 01.01. 2000 година и се буди на Нова година 2999. Добил работа како доставувач на пратки во Планет Експрес, компанија на единствениот жив роднина, Професор Хјуберт Џеј Фарнсворт. Неговата љубов кон Лила е навестена уште од првата епизода, па сè до денес. За време на епизодата "Roswell That Ends Well", Фрај не сакајќи станал свој дедо. Ова предизвикало недостаток на делта мозочни бранови, поради кои бил имун на силите на Браинспон.

Туранга Лила (Кејти Сагал)

Лила е компетентна и едноока, капетан на бродот на Планет експрес.[6] Напуштена како бебе, пораснала во сиропиталиште за деца и верувала дека е вонземјанин од друга [планета], но подоцна разбира дека е [мутант] од канализацијата.[7] Пред да стане капетан на брод, Лила работела како службеник за доделување на работа во лабораторијата, каде што за првпат го видела Фрај. Таа е првата љубов на Фрај.

Бендер Бендинг Родригес (Џон Димаџо)

Бендер е пијаница, пуши пури, клептоман, мизантроп, егоцентричен, раздразлив робот. Иако првобитно бил програмиран да искривува греди за кабини за самоубиство, подоцна бил назначен за готвач на бродот и за време на филмот Bender's Big Score тој бил назначен за комерцијален директор на Планет експрес. Тој е најдобриот пријател на Фрај и негов цимер. Исто така, познато е дека сакал да биде пејач на народна музика и готвач. Тој бил направен во Мексико.

Професор Хјуберт Џеј Фарнсворт (Били Вест)

Професорот Хјуберт Франсворт е стар над 160 години, далечен внук на Фрај и е најблизок жив роднина.[8] Фарнсворт ја основал Планет експрес за да се снабди со финансии за неговите луди научни експерименти и иновации. Тој се клонирал самиот себе за да создаде наследник, Кјуберт Франсворт, кој го третира како сопствен син.

Доктор Џон А. Зојдберг (Били Вест)

Зојдберг е јастог-вонземјанец од планетата Decapod 10 и е невротичен [лекар] на Планет експрес. Иако тврди дека е експерт за луѓе, неговото знаење за анатомија и физиологија на човекот е очајно недоволно. Зојдберг е бездомен, сиромашен и покрај што е долгорочен другар на Фарнсворт, сите го омаложуваат освен Фрај.

Ејми Вонг (Лорин Том)

Ејми е многу богата, отворена, разгалена и склона на незгоди, долгорочен практикант во Планет експрес. Таа е студентка по инжинеринг на Универзитетот на Марс и наследничка на западната полутопка од Марс. Иако е родена на Марс, таа е кинеска и склона на колнење на кинески јазик и користи жаргони од 31ви век. Нејзините родители се богати фармери, Лио и Инез Вонг. Иако најпрво игра улога на промискуитетна личност, најпосле открива трајна моногамска врска со Киф Крокер.

Хермес Конрад (Фил Ламар)

Хермес е од Јамајка и е сметководител во Планет експрес. Тој е бирократ на 37мо ниво (кој бил унапреден до ниво 34 за време на серијата), кој е горд на тоа, ситничар за паравила и целосно вљубен во монотонијата на канцеларсиката работа и бирократијата. Хермес исто така е поранешен шампион на Олимпиското лимбо, спорт добиен од популарната живост на журките, опишана како компетитивна во традицијата на попречувањето. Се откажал од лимбото кога млад навивач го што имитирал завршил со скршен пршлен за време на Олимписките игри во 2980 година. Жената на Хермес се вика Лабарбара, а синот Двајт кој има 12 години.

Зап Брениген (Били Вест)

Зап Брениген не вработен во Планет експрес, но често се појавува во Футурама. Тој е егоцентричен, неморален и неспособен капетан на бродот на Нимбус, демократски ред на планети. Тој е смешна имитација на Капетан Кирк од Вилијам Шетнер. Постојано ја брка Лила.

Киф Крокер (Морис Ламарш)

Четврт подофицер и личен асистент на Зап Брениген, Киф е член на видот водоземци, кој живее на соодвотно именуваната планета Амфибија 9. Иако е многу срамежлив, најпосле успеал да има врска со Ејми.

Ниблер (Френк Велкер)

Ниблер е милениче на Лила Ниблонијан, најдено во дивината и посвоено на почеток од серијата. Во големина е колку мачка, но може да изеде многу поголеми животни, и дава црна течност (гориво за вселенски брод). И покрај неговиот лажен сладок изглед, Ниблер, всушност е високо интелегентно суштество кој е одговорен за одржување на мирот во универзумот. Тој е откриен во "The Why of Fry" дека е одоворен за замрзнувањето на Фрај.

Футурама има повторливи мали ликови, многу од нивните гласови се позајмени од Били Вест, Џон Димаџо, Трес Мекнил, Дејвид Херман и Морис Ламарш.

Локација

[уреди | уреди извор]

Футурама е сместена во [Њујорк] во почетокот на 31ви век, во време каде што има многу технолошки чуда. Градот Нов Њујорк е изграден врз урнатините на денешен Њујорк, односно "Стар Њујорк”. Различни направи и [архитектура] се слични со Популукс дезајн.

Бројни технолошки подобрувања биле направени во периодот од денешниот ден до 31ви век. Можноста за да се чуваат глави во тегли била откриена од Рон Полил (кој бил гостин во епизодата "A Big Piece of Garbage") како последица на што биле многу историски ликови и денешни познати ѕвезди; ова станало изговор на авторот за да им се исмејува на познатите личности. Необично, неколку од зачуваните глави се од луѓе којшто веќе биле мртви пред појавувањето на оваа технологија. Еден од истакнатите примери од оваа аномалија е Ричард Никсон, кој умрел во 1994 година. Некои од нив се издадени за да вкллучи воспитен материјал наводно за млади. Телевизијата е сè уште главна форма за забава. Самосвесни роботи се вообичаена глетка и се главната причина за глобално затоплување, благодарејќи на нивните системи кои работат на алкохол. Колата е вон употреба (никој освен Фрај не се сеќава на дизајнот)[9] и била заборавена и заменета со летачки коли и мрежа од големи воздушни туби за транспорт.

Еколшки, обични животни сè уште постојат, заедно со мутирани, вкрстени (понекогаш со [човек]), мешани и вонземни животни. Бувовите биле заменети за стаорци како најчест штетник во домаќинството, иако стаорците уште постојат. Земјата сè уште страда од [јаглерод диоксид], но донекаде се намелени поради течењето на големата коцка мраз во океанот (кој се направила од Хелиевата комета).

Околината на Футурама е сценска позадина и [автор|авторите] не се обврзуваат да направат непрекинати грешки ако сакаат да продолжат со смешките. На пример, на почеток е кажано дека претходниот екипаж на Планет експрес бил убиен од вселенски оси, а во друга епизода "The Sting е кажано дека екипажот умрел од вселенски пчели.[10] Околината од “Светот на иднината” е употребена за да истакнат и да исмејуваат проблеми од сегашноста и да исмејуваат теми од [научната фантастикa].<^ "Omniglot". Посетено на 2008-06-03.</ref>

Општенствен живот и кутура

[уреди | уреди извор]

Земјата е опишана како мултикултурна до степен каде што има многу луѓе, [робот|роботи] и вонземни суштества прикажани во серијата кои се дружат со главните личности. На некој начин иднината е опишана како повеќе општествена отколку сегашноста. Иднината е прикажана со истите видови на проблеми, предизвици, грешки и предрасуди на денешницата. Во серијата роботите се најголемото “малцинство”. Некои пак се опишани како богати членови на аристократијата, но често се сметани како граѓани од втора класа. Повеќето роботи се самосвесни и имаат дозвола за слобода и сопствена волја. Сепак, за време на криза, може да им се отстрани слободната волја кога нивниот “патроитски систем” е активиран, терајќи ги да им служат на луѓето или да служат во војската за време на војна.[11] Мутантите од канализацијата се мутирани луѓе кои мораат да живеат во каналицациите според закон. Тие имаат статус како урбани легенди и се сметаат за фиктивни од страна на некои луѓе.

Религијата е сè уште важен дел во општеството, иако главните религии се развиле. Здружување помеѓу главните религиозни групи од 20 век произлегле во Првата амалгамирана [црква], додека пак Вуду е мејнстрим. Во нови религии спаѓаат Орфанизам, Роботологија и отфрлената религија од Стар трек фантом. Темата [религија] се појавува во епизодите Father Changstein-El-Gamal, Robot Devil, Reverend Preacherbot и праќаат пораки до Папата на вселената. Додека пак неколку епизоди се фокусираат на религиозниот аспект кои покриваат низа на теми како што се предестинација, молитва, спасение и религиозни разговори.[12]

Земјата има обединета влада на чело со Претседателот на Земјата – главата на Ричард Никсон (која се појавува од 2 сезона па сè до денес). Главниот град на Земјата е Вашингтон, а знамето е слично со дезенот на знамето од Америка со западната полутопка (опишано како “најдобрата полутопка” од професор Фарнсворт) од Земјата наместо местото на педесетте ѕвезди. Иако е обидинета со едиствена влада, приврзаници на патроитизмот сѐ уште постојат во некои поранешни земји као што е Јамајка. Сцените на Футурама се фокусирани на Американска земја, а други места во светот се ретко покажани. Англиски јазик е основен јазик во универзумот.

Демократскиот ред на планетите (ДРП) е фиктивна организација во универзумот на Футурама која е слична на Обединетите нации и Обединетите федерации на планетите од универзимот на Стар Трек. Други галаксии биле колонизирани или склучиле договор до 3000 година. Планетата Марс била претворена да личи на земја и таму се наоѓа Универзитетот Марс, како и племиња слични на Индијанците.

Постојат три разллични азбуки кои често се појавуваат во позадината во серијата, најчесто во форма на графити, реклами или натписи за опомена. Речиси сите пораки кои употребуваат различна азбука се преведуваат буквално на англиски јазик. Првата азбука со апстрактни букви е позната како азбука на вонземјаните, заменска шифра од латинската азбука.[16] Втората азбука користи посложен модуларен код, каде што “следната буква е збир на сите претходни букви плус таа буква”.[13] Кодовите обезбедуваат шеги за гледачите кои сакаат да ги дешифрираат пораките. Третиот јазик е Хебрејски. Покрај овие азбуки, повеќето зборови се со латинска азбука.

Неколку англиски изрази се користат денеска. На пример, зборот Christmas (Божиќ) е сменет со Xmas (се изговара Ексмас) и зборот ask (прашува-еск) со aks (се изговара екс). Според Дејвид Х. Коен, францускиот јазик е постојана шега во серијата (која преку серијата сè уште останува жива) е слично како латинскиот јазик што е денеска.[14] Додека пак германскиот јазик е мртов јазик.

Иако во серијата има многу различни видови на хумор како што се: самоомаложување, црн хумор, безобразен хумор и нереален хумор, неговиот главен извор на хумор беше неговиот комичен опис на секојдневниот живот на луѓето во иднината и неговата пародична споредба со сегашноста. Мет Гренинг кажува дека од концепцијата на серијата, неговата цел беше да прикаже што се случува на земјата. Серијата се разликува со комедија на “лоша култура” и “добра култура”, на пример, навредувањето на Бендер е "Bite my shiny metal ass".

Серијата добила многу обожаватели поради големиот број на шеги, повеќето биле наменети за “бубалици”. Во образложението за долгометражните филмови, Дејвид Х. Коен истакнува и понекогаш ги објаснува неговите “шеги за бубалиците”.[15] Овие шеги вклучуваат математички шеги, на пример "Loew's -plex" (aleph-null-plex, во математиката како теорија за множества), како и многу различен научен хумор. Серијата честопати прикажува суптилни препораки па сè до класични научно фантастични. Најчести се од Стар Трек – многу крати фрази во серијата се употребени со почит - но исти така и други, на пример сличноста со потеклото на зборот робот добиен од постоењето на планета Чапек 9,[16] или црниот монолитен правоаголен знак со натпис “Не работи” во орбидата околу Јупитер (се однесува на серијалот вселенска одисеја на Артур Чарлс Кларк). Бендер и Фрај понекогаш ја гледаат серијата Страшната Врата (The Scary Door) пародија на Зона на самракот (The Twilight Zone).[17]

Најавна шпица

[уреди | уреди извор]

Слично како најавната шпица на Симпсонови со училишната табла, саксофон и смешки, Футурама има карактеристична најавна шпица со многу ситни смешки. Како што почнува серијата, зборот "Футурама” е напишан на средина а под него смешен натпис на пример, “Со големи маки нацртано пред публика во живо”, "Снимено на локација”, “Наскоро ќе биде голема религија”, или „Вселенски компири кои играат? Секако! Бидете сигурни!“[18] Потоа Бродот на Планет експрес лета низ центарот на Нов Њујорк и поминува низ различни периодични ликови и на крај бродот се урнува во голем телевизор кој покажува кратки класичнии цртани. Видеа од Looney Tunes, цртани направени од Макс Фличер, мал дел од серијата Симпсонови епизода од Трејси Улман[19] и делови од своја епизода "The Devil's Hands Are Idle Playthings". Во Bender's Big Score, најавната шпица е од првата епизода на Футурама, кога Фрај се смрзнува.

Во повеќето епизоди, бродот се урива во телевизорот, кршејќи го стаклото и се заглавува. Во The Beast with a Billion Backs, бродот поминува низ телевизорот и моментално станува дел од околината опишана како терон (цртан филм Футурама нацртана во стил на Steamboat Willie од Дизни). Бродот излегува од оваа околина и на враќање се удира во телевизорот. Најавната шпица на Bender's Game е слична, но со имитација на Yellow Submarine, наместо Steamboat Willie. Во Into the Wild Green Yonder, најавната шпица е со возење низ футуристична верзија на Лас Вегас која се наоѓа на Марс и возења низ многу футуристички згради, на пример, хотелот Мираж (илузија) кој е навистина холограмска илузија. Песната ја пее Сет Макфарлејн и е различна од нормалните песни.

Песната од Футурама ја композирал Кристофер Тајнг. Заснована е врз композицијата "Psyché Rock" од Пјер Хенри и Мајкл Коломбиер во 1967.[20] Тјанг исто така бил инспириран од ремикс албумот на "Psyché Rock" од британски ди џеј Фетбој Слим во 1997.[21] Песната се свири на цилиндрични ѕвона, но повремено се прави ремикс за употреба на одредена епизода вклучуваќи верзија на Бисти Бојс за еписодата "Hell Is Other Robots" каде што гостуваа.

Футурама е составена од 88 епизоди т.е. 5 сезони. Првобитно биле 72 епизоди, 4 сезони емитувани од 1999-2003 година. Последните 16 епизоди, петта сезона биле емитувани како 4 долгометражни филмови од 2007-2009 година.

Продукција

[уреди | уреди извор]

Мет Гренинг започнал да мисли на Футурама во средината на 1990 година. Во 1997 година, побарал помош од Дејвид Х. Коен, писател и продуцент на Симпсонови, да му помогне во развивање на серијата. Оттогаш тие читале научно фантастични книги, телевизиски емисии и стари филмови. Сè до времето кога серијата ја презентирале на телевизија Fox во април 1998 година, Гренинг и Коен измислиле многу ликови и реплики. За време на првиот состанок, телевизија Fox нарачала тринаесет епизоди. Набрзо, секако, Гренинг и директорите на телевизија Fox расправале дали мрежата би имала некаква креативен придонес во серијата.[22] Со Симпсонови мрежата немала никаков придонес.[23] Гренинг образложува, “Кога тие пробаа да ми дадат забелешки за Футурама, јас им кажав:” Не, ние ќе соработуваме на истиот начин како со Симпсонови." А тие одговориле, "Ние веќе не соработуваме на тој начин." "Па, тоа е единствениот начин на којшто јас соработувам", рекол тој.[24] По преговорите, тој ја постигнал истата независност за Футурама.

Напредок на продукцијата

[уреди | уреди извор]

Потребни биле шест до девет месеци за да се направи сезона од Футурама.[25][26] Оваа спора продукција значеше дека многу епизоди биле правени во исто време.[27] Секоја епизода започнува со разговор на авторите во група за приказната. Потоа еден автор работи на скицата па на сценариото. Откако првиот нацрт е завршен, авторите и главните продуценти се собираат со глумците за внимателно читање на сценариото. По читањето на сценариото, авторите го препишуваат истото во група пред да почне да се анимира.[28] Во овој момент е започнато снимањето на гласови и сценариото е одземено од авторите.

Rough Draft Studios го анимира Футурама, предложено од Гренинг. Раф Драфт ја добиваат целосното сценарио од епизодата и скицирање над 100 нацрти. Потоа цртаат со молив анимации со 1000 кадри. Оттука, збратименото студио на Раф Драфт од Кореја ги составува 30.000 кадри од завршената епизода.

Покрај традиционалното цртање на цртаните, Раф Драфт Студуо често користи и КГС (компјутерск генерирана слика) за побрзи или комплексни снимки, за време на движење на вселенските бродови, експлозии, магла итн. Повеќето најавни шпици се направени преку рендерирање во КГС. КГС се рендерира на 24 кадри/секунда (наспроти цртање на рака кое се прави со 12 кадри/сек) и со помалку вештачки грешки анимацијата излага многу јасна и лесна. Ликовите преку КГС изгледаат многу малку различни поради специјалната “измамничка” рака-цртач на ликови која ги црта малку непропорционално или не преспективни слики за да ги истакне цртите на лицето или телото, а повеќе на нивниот израз. Пауераниматор се користи за цртање на комедии како КГС.[29]

Емитување

[уреди | уреди извор]

Кога дојде до одлучување кога да се емитува серијата, Гренинг и Коен сакале Футурама да се емитува во Недела навечер во 8:30 часот после Симпсонови. Мрежата не се согласи со ова, решава наместо две епизоди една по друга во Недела навечер да го емитува во Вторник.[30] За време на емитувањето на втората сезона Футурама повторно е преместена во неделниот термин во 8:30,[31] но за време на средината на серијата повторно била вратена во стариот термин. Тогаш Футурама ја емитувале во навечер 7:00. Терминот во Недела е ногова трета позиција во годината.[32] Во 7:00 навечер. Серијата била заменета со спорт во терминот во недела и имала закаснета премиера. Тоа им помогнало на авторите и аниматорите да бидат еден чекор понапред од закажаното емитување, така што епизодите од една сезона не биле емитувани сè до следната сезона. Со почетокот на четвртата сезона сите епизоди требало да се емитуваат таа сезона биле завршени и авторите работеле најмалку една година однапред.

Гледаност

[уреди | уреди извор]

Кога Футурама започнала да се емитува на телевизија Fox во недела навечер во 8:30 помеѓу Симпсонови и Досие Икс на 28 март 1999 година, имало 19 милиони гледачи и достигнала до 11 место таа недела во Списокот на Нилсен.[33] Следната недела, емитувана во исто време, Футурама имала 14,2 милиони гледачи. Потоа серијата била преместена во вторник навечер во 8:30 кога достигнала 8.85 милиони гледачи.[34] Гледаноста на Футурама била маклу помала од Симпсонови, првата сезона на Футурама достигнала повеќе гледаност отколку другите конкурентски серии: King of the Hill, Family Guy, Dilbert, South Park и The PJs [35]

Кога било прекинато емитувањето на Футурама во 2003 имаше во просек 6.4 милиони гледачи за првата половина од четвртата сезона.

Откажување

[уреди | уреди извор]

Дури до четвртата сезона Футурама се прикажувала непостојано.[36] Ова било исмејувано во најавната шпица од последната епизода на четврта сезона со слика на Фрај, Лила и Бендер и натпис “Се гледаме на некој друг канал”. Поради постојаното заменување со спортски настани, било тешко за да се предвиди кога нова епизода ќе се емитува. Поради ваквиот променлив распоред неколку епизоди од трета и четврта сезона не биле емитувани, па затоа ги ставиле во петта сезона. Директорите на телевизија Fox исто така не биле застапници на оваа серија.[37] И покрај тоа што Футурама никогаш не била официјално откажана, на средината од продукција на четвртата сезона, телевизија Fox решила да прекине со продукција. Одлуката на телевизија Fox била да престане да купува епизоди до Футурама,[38] така што Футурама не била вклучена во програмата на телевизија Fox за есента 2003.[39]

Продажба на права за емитување

[уреди | уреди извор]

На крајот на 2002 година, Cartoon Network побарал права за емитување на Футурама за 10 милиони долари.[40] Во јануари 2003, телевизијата почна да ја емитува Футурама во термините за цртани за возрасни.[41] Во октомври 2005, Comedy Central го презела правото за емитување на 72 епизоди од Футурама на почетокот од 2008 година, по завршување на договорот со Cartoon Network. Ова било назначено како најголема и наскапа добивка во историјата на телевизијата. Моментално се емитува секоја вечер по South Park.[42] Comedy Central го најави враќањето на Футурама на 23 март 2008 година [43] со филмот Bender's Big Score кој бил поделен на четири епизоди а после и другите три филма. Серијата исто така се емитувала со права за емитување во Австралија, Велика Британија, Канада, Мексико, Чешка,[44] Германија, Италија, Малазија, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словенија, Шпанија, Украина, Колумбија, Естонија и Белгија.

  • Серијата прво се емитувала во Велика Британија на 21 септември 1999 година.

ДВД филмови

[уреди | уреди извор]

Кога Comedy Central преговарала за правата за емитување на репризи од Футурама, телевизија Fox предложила дека постои можност за создавање на нови епизоди. Преговорите биле остварени со можност да се снимат два или три долгометражни филмови. Кога Comedy Central се договорила за шеснаесет нови епизоди, било решено дека четири дилгометражни филмови ќе се снимат.[45] На 26 април 2006 година, Гренинг соопшти на едно интервју дека заедно со Дејвид Х. Коен и други автори што ја пишувале серијата, ќе работат на филмовите.[46] Сите позајмени гласови ќе бидат од истите глумци. Во февруари 2007, Грениг ја објаснува содржината на новите приказни. “Екипата прави филмови а потоа ќе се поделат и рекофигурираат со нов материјал за да се добијат посебни епизоди”.[47]

  • Bender's Big Score
  • The Beast with a Billion Backs
  • Bender's Game
  • Into the Wild Green Yonder

Првиот филм на Футурама: Bender's Big Score е напишан од Кен Келер и Коен во кој се појавуваат Ниблонијанците, Симор, Барбадос Слим, Робот Санта, вселенското суштество "Господ", Ал Гор и Зап Браниген.[48] Бил анимиран за на широк екран и издаден во стандардни ДВД-ја на 27 ноември 2007 година, а подоцна со можна блу-реј диск снимка.[49] Вториот филм, The Beast with a Billion Backs, бил издаден на 24 јуни 2008 година. Третиот филм, Bender's Game бил издаден на ДВД и Блу-реј диск[50] на 3 ноември 2008 година во Велика Британија, на 4 ноември 2008 година во Америка и 10 декември 2008 во Австралија. Четвртиот филм, Into the Wild Green Yonder, бил издаден на ДВД и Блу-реј диск на 23 февруари 2009 година.[51]

Откако новите проекти на Футурама моментално се во продукција, филмот Into the Wild Green Yonder се смета за последен од серијата Футурама. Меѓутоа, Гренинг има желба да продолжи со лиценцата на Футурама, вкллучувајќи го како театрски филм.[52] За време на интервјуто за CNN, Гренинг рекол “ние имаме одлична врска со Comedy Central и би сакале да направиме други епизоди за нив, но не знам.... Имаме дискусии и постои некој ентузијазам но не можам да кажам дали само јас го чувствувам.”[53] Коен исто така дал изјава за Wired magazine дека е оптимистист “Нема да отфрли никакви можни начини за оживување на серијата, дали преку филмови, клипови или епизоди.... Јас сум оптимист”.[54] Според Гренинг и Коен, продажбата на ДВД може да ја зголеми можноста за Футурама да ја оживеат.[55] Во интервју за Anime SuperCon, Били Вест тврдел дека продажба на други наслови во Футурама во ДВД биле доволни за Fox да објавува гласни за можна шеста сезона.[56][57]

Влијание

[уреди | уреди извор]
Добиени награди Номинации Номинации
Ени Награди (Annie Awards):
  • Истакнато поединечно достигнување за создавање на анимирана серија
  • 2000- Брајан Шесли за епизодата "Why Must I Be a Crustacean in Love?"
  • Истакнато поединечно достигнување за позајмени гласови за машки глас во анимирана серија
  • 2001- Џон Димаџио како Бендер за епизодата "Bendless Love"
  • Истакнато поединечно достигнување за пишување на анимирана серија
  • 2001- Рон Вејнер за епизодата "Luck of the Fryrish"[58]
  • Извонредно создавање на анимирана серија
  • 2003- Рич Мор за епизодата "Roswell That Ends Well"
  • Најдобр анимиран филм
  • 2008- Bender's Big Score
  • 2009- The Beast with a Billion Backs

Еми награди (Emmy Awards):

  • Истакнато поединечно достигнување во анимација
  • 2000- Бери Куман (стилист за боја) за епизодата "A Bicyclops Built for Two"
  • 2001- Родни Клоден (план за серија) за епизодата "Parasites Lost"
  • Истакната анимирана програма
  • 2002- "Roswell That Ends Well"

Еколошки медиумски награди (Environmental Media Awards):

  • Комедија- телевизиска епизода
  • 2000- "The Problem with Popplers"

Награди од здружение на писатели во Америка (Writers Guild of America Award):

  • Анимација
  • 2003- Кен Келер за епизода "Godfellas".
Ени Награди (Annie Awards)
  • Истакнато поединечно достигнување за план на анимирана серија
  • 1999- Футурама. The Curiosity Companyсо соработка на 20th Century Fox Television
  • Истакнато поединечно достигнување за пишување на анимирана серија
  • 1999-Кен Келер за епизодата "The Series Has Landed"
  • Истакнато достигнување за програма во ударно време или касно навечер
  • 2000- Футурама. The Curiosity Company во соработка со 20th Century Fox Television
  • Истакнато поединечно достигнување за создавање на анимирана серија
  • 2000- Сузи Дитер за епизодата "A Bicyclops Built for Two".
  • Истакнато достигнување за продукција во ударно време или касно навечер
  • 2001-Футурама. The Curiosity Company во соработка со 20th Century Fox Television
  • Истакнато достигнување за продукција на анимирана серија
  • 2003-Футурама. The Curiosity Company во соработка со with 20th Century Fox Television
  • Истакната музика во продукцијата на анимирана серија
  • 2004- Кен КЕлер за епизодата "The Devil's Hands are Idle Playthings"
  • Истакнатао пишуавње за продукција на анимирана серија
  • 2004- патрик Верон за епизодата "The Sting".
Еми Награди (Emmy Awards):
  • Истакната анимирана програма
  • 1999 - "A Big Piece of Garbage"
  • 2001- "Amazon Women in the Mood"
  • 2003 - "Jurassic Bark"
  • 2004 - "The Sting"
  • Истакната музика и текст
  • 2004 – песната "I Want My Hands Back" за епизодата "The Devil's Hands are Idle Playthings"

Нибула Награди (Nebula Award):

  • Најдобро сценарио
  • 2004 – Дејвид Гудман за епизодата "Where No Fan Has Gone Before"

Награди од здружение на писатели во Америка (Writers Guild of America Award):

  • Анимација
  • 2004 – патрик Верон за епизодата "The Sting"

Издавање на ДВД

[уреди | уреди извор]

Издавање на целосна сезона

[уреди | уреди извор]

20th Century Fox Home Entertainment ги издаде сите 4 сезони на Футурама на ДВД-ја:

Име на ДВД-то Епизода Дата на издавање Забелешки
Регион 1 Регион 2 Регион 4
Том 1 13 25 Март, 2003 28 Јануари, 2002 27 ноември, 2002 Во овие три дела се вклучени 13 епизоди од прва сезона. Во додатокот се вклучени коментари за секоја епизода, анимирани реклами за "Space Pilot 3000", избишани сцени, сценарио/нацрти за "Space Pilot 3000" итн.
Том 2 19 12 август, 2003 11 ноември, 2002 13 мај, 2003 Во овие четири дела се вклучени 19 епизоди од втора сезона. Во додатокот се вклучени коментари за секоја епизода, избришани сцени, азбука на вонземјаните итн.
Том 3 22 9 март, 2004 2 јуни, 2003 24 септември, 2003 Во овие четири дела се вклучени 22 епизоди од третата сезона. Во додатокот се вклучени коментари за секоја епизода, избришани сцени, 3D модели итн.
Том 4 18 24 август, 2004 24 ноември, 2003 24 ноември, 2003 Во овие четири дела се вклучени 18 епизоди од четвртата сезона. Во додатокот се вклучени коментари за секоја епизода, избришани сцени од 16 епизоди, Како да црташ, 3D модели итн.
Забелешка: Деловите од регион 2 и 4 се обележани како “Сезони” туку "Том".
Забелешка: Секој дел претставува една од четирите сезони од епизодите. Сепак, Fox ги расореди епизодите во 5 сезони и не ги емитуваше според оригиналниот распоред. Of note: По откажувањето на Футурама, Fox емитувал 16 претходни неемитувани епизоди, сите од трета и четврта сезона, како “петта сезона”, емитувани повремено помеѓу ноември 2002 и август 2003 година. подоцна биле одново групирани по вистинскиот ред.

Други ДВД-ја

[уреди | уреди извор]
Име на ДВД-то Епизода Дата на издавање Забелешки
Регион 1 Регион 2 Регион 4
Футурама: Целосна колекција 72 22 март, 2005 25 октомври, 2004 22 ноември, 2005 Колекција од 15 делови биле во состав на првите четири сезони од Футурама. Сите додатоци се вкучени Верзијата на регион 4 е малку помал него останатите.
Monster Robot Maniac Fun Collection 4 23 август, 2005 30 мај, 2005 22 август, 2005 Составена е од четири епизоди, една од секоја претходна издадена сезона: "Hell Is Other Robots", "Anthology of Interest I", "Roswell That Ends Well" и "The Sting". Нов додаток е вклучен за "Hell Is Other Robots" со коментар, специјални предговори итн.
Име на ДВД-то Дата на издавање Забелешки
Регион 1 Регион 2 Region 4
Futurama: Bender's Big Score 27 ноември, 2007 7 април, 2008 5 март, 2008 Во додатокот се вклучени коментари, целосна епизода од Everybody Loves Hypno-Toad, Футурама математички задачи и видеоклип за An Inconvenient Truth со Бендер и Ал Гор.[59]
Futurama: The Beast with a Billion Backs 24 јуни, 2008 30 јуни, 2008 6 август, 2008 Во додатокот се вклучени коментари, избришани сцени, грешки, “изгубената епизода” земена од видеоиграта, 3D модели кои испуштаат звук ликови од главните ликови Дејвид Крос, Бендер, видеоклип за Bender's Game[60] итн.
Futurama: Bender's Game 4 ноември, 2008 3 ноември, 2008 10 декември, 2008 Во додатокот се вклучени коментари, Како да црташ, 3D модели кои испуштаат звук, избричени сцени, и видеоклип за Into the Wild Green Yonder.[61]
Futurama: Into the Wild Green Yonder 24 февруари, 2009 23 февруари, 2009 4 март, 2009 Во додатокот се вклучени коментари, избришани сцени, Мет Гренинг и дејвид екс Коен во вселена, како да црташ, 3D модели, и водич Зап Брениген-како да водиш љубов со жена.

Стрипови

[уреди | уреди извор]

Во ноември 2000 започнала изработката на Футурама Комикс. Тоа е стрип кој се заснова врз Футурама кој е објавен од Бонго Комикс. Најпрво биле обајавени во САД, а исто така верзија од серијата била достапна и за Велика Британија, Германија и Австралија.[62] Освен различниот редослед, приказните се исти во сите верзии. Додека пак стриповите се фокусираат врз итсите ликовиво Футурама, стриповите не се стандардни како настаните прикажани во нив немаат ефект врз континуитетот на серијата.Исто како и на серијата, секој стрип (освен САД стрип број 20) има татпис на корицата. На пример: “Направен во САД! (Печатен во Канада)”. Некои стрипови од Велика Британија и Канада имаат различни натписи (на пример, на австралијанската верзија од број 20 е напишано “Стрип од 21 век”, додека пак на американската верзија нема натпис на таа тема).

Играчки, игри и Статуетки

[уреди | уреди извор]

Статуетки од различни ликови и предмети од серијата биле направени и продадени од различни интернет продавници. Кога серијата склучи договор со Рокет САД да произведува смешни играчки, статуетки од Бендер и Ниблер како се движат со илустрирана амбалажа направена од сликарот на серијата.[63] Во играчките на Бендер биле вклучени пури и шише од “Стар фортран сладок алкохол” очи кој се движат, антена и врата за складирање. Достигна на прво место според Sci Fi Weekly.[64] Лименка од Слурм содржи шпил карти на кој се слики од екипажот на Планет Експрес. Исто така излезе и два шпила карти.

I-Men издаде два шпила од 64 мм: Фрај и Калкулон, Зојдберг и Морбо, Професор Франсворт и URL, Робот Девил и Бендер, Лила и Роберто. Можат да се најде колекција од играчка која витка, Киф Крокер, Туранга Лила и Бендер. Колекција од Moore Action Collectibles кој се вклучени Фрај. Туранга Лила, Бендер и бродот на Планет Експрес. Во крајот на 2006, Rocket USA издаде ограничено издание “супер” Bender. Друго специјално издание на играчката БЕндер била издадена од San Diego Comic Con (SDCC) во 2006, назначена како “Славниот златен Бендер”.

Новите Футурама играчки се произведуваат во Toynami.[65] Првите серии од играчките на Toynami биле поделени на 3 дела. Првиот дел издаден во септември 2007, со Фрај и Зоидберг, вториот дел кој бил издаден во јануари 2008 содржел играчки од Лила и Зап (заедно со главата во тегла на Ричард Никсон). Третиот дел бил издаден во јуни 2008 со Бендер и Киф. Во секоја играчка има парчиња за составување на робот Девил. Во втората серија на играчките од Toynami ќе бидат вклучени Капетан Вчера (варијантата на Фрај од "Less Than Hero" ) и Нудар во првиот дел. Во вториот дел ќе биде вклучен Супер-Кинг (Бендер од "Less Than Hero") и ејми Вонг. Во секоја играчка од втората серија вклучува парчиња за составување на Робот Санта.

Видеоигри

[уреди | уреди извор]

На 10 септември 2000, Unique Development Studios побара лиценца за да направи видеоогра Футурама. Fox склучи договор за издавање на видеоигра.[66] Подоцна Sierra Entertainment стана издавач на видеоиграта и била издадена на 14 август 2003. Достапни се верзии за PlayStation 2 и Xbox, кои користат cel-shading технологија, меѓутоа играта подоцна била откажана за Nintendo GameCube и Game Boy Advance во Северна Америка и Европа.[67]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • The Simpsons
  • Life in Hell
  • Tripping the Rift
  1. ^ Taylor, Timothy Dean. Strange Sounds: Music, Technology & Culture. pp. 104–105. ISBN 0-415-93684-5.
  2. ^ a b c d e f g Cook, Lucius (2004-04-26). "Hey Sexy Mama, Wanna Kill All Humans?: Looking Backwards at Futurama, The Greatest SF Show You've Never Seen". Locus Online. Посетено на 2008-07-29.
  3. Gates, Anita (1999-01-24). "Groening's New World, 1,000 Years From Springfield". The New York Times. Посетено на 2008-06-13.
  4. ^ a b "Leela's Homeworld". Futurama. Fox Network. 2002-02-17. No. 12, season 4.
  5. ^ "A Clone of My Own". Futurama. Fox Network. 2000-04-09. No. 10, season 2. 3 minutes in.
  6. ^ a b "Mother's Day". Futurama. Fox Network. 2000-05-14. No. 14, season 2.
  7. ^ Verrone, Patric M (2003), DVD commentary for "The Sting", Futurama. Original airdate 1 јуни, 2003. No. 12, Season 4. 20th Century Fox.
  8. ^ "When Aliens Attack". Futurama. Fox Network. 1999-11-07. No. 12, season 1.
  9. ^ a b Pinsky, Mark. The Gospel According to the Simpsons. Bigger and possibly even Better! edition. pp. 229–235. ISBN 978-0-664-23265-8.
  10. ^ "Love's Labours Lost in Space". Futurama. Fox Network. 1999-04-13. No. 4, season 1.
  11. ^ "The Day the Earth Stood Stupid". Futurama. Audio Commentary 11 minutes in.
  12. ^ "Space Pilot 3000". Futurama. Fox Network. 1999-03-28. No. 01, season 1. Audio commentary 20 minutes in.
  13. ^ "The Luck of the Fryish". Futurama. Fox Network. 2001-03-11. No. 4, season 3.
  14. ^ "The 30% Iron Chef". Futurama. Fox Network. 2002-04-14. No. 22, season 3.
  15. ^ "Teenage Mutant Leela's Hurdles". Futurama. Fox Network. 2003-03-30. No. 9, season 4.
  16. ^ "'Flickr Slideshow'". Посетено на 2007.
  17. "Discogs.com". Посетено на 2008-11-03.
  18. ^ a b c Needham, Alex (October 1999). "Nice Planet...We'll Take It!". Посетено на 2008-06-03.
  19. ^ Snierson, Dan (1999-03-26). "Space Case". Entertainment Weekly. Посетено на 2008-06-03.
  20. ^ "Groening Bites the Hand that Feeds". Mr. Showbiz. 1999-04-08. Посетено на 2008-06-03.
  21. ^ Saunders, Dusty (1999-03-25). "Fox's far-out Futurama looks like a hit". Denver Rocky Mountain News. Посетено на 2008-06-03.
  22. ^ a b c ""David X. Cohen boards the Planet Express to find meaning in Futurama"". Sci Fi Weekly. 17 декември, 2001. Посетено на 2008-06-03.
  23. ^ "Online Chat with Matt Groening". TV Guide. 1999-04-06. Посетено на 2008-06-03.
  24. ^ "David X Cohen interview with GotFuturama.com". Посетено на 2008-06-03.
  25. ^ Duncan, Andrew (1999-09-24). "Matt Groening Interview with Radio Times". Radio Times. Посетено на 2008-06-03.
  26. ^ Villanueva, Annabelle (September-October 1999). "Fall TV Preview: Tricks and Treats". Cinescape. Посетено на 2008-06-03.
  27. ^ Winer, Adam (1999-12-09). "Futurama Shock". Entertainment Weekly. Посетено на 2008-06-03.
  28. ^ Bauder, David (1999-04-01). "New animated show `Futurama' may be a score for Fox". The Milwaukee Journal Sentinel. Посетено на 2008-06-03.
  29. ^ "Groening's Gripe". April 1999. Посетено на 2008-06-03.
  30. ^ Sterngold, James (1999-07-22). "Futurama: Bringing an Alien and a Robot to TV Life". New York Times. Посетено на 2008-06-03.
  31. ^ "Fox puts 'Futurama' order on hold". 2002-02-14. Посетено на 2008-06-03.
  32. ^ "UPDATE UPDATED!! FUTURAMA Thing of the Past?? Or What??". Ain't It Cool News. 12 февруари, 2002. Посетено на 2006-06-14.
  33. ^ "'Out of their minds': Groening savages TV execs". Chortle. 2003-03-19. Посетено на 2009-04-09.
  34. ^ "Fox Says 'No' to 'Futurama'". Zap2it. 12 февруари, 2002. Archived from the original on 2003-10-14. Посетено на 2008-06-03.
  35. ^ a b "Toon Net Gets 'Futurama'". Daily Variety. 9 септември, 2002. Посетено на 2008-05-28.
  36. ^ "Adult Swim". Cartoon Network Pressroom. Archived from the original on 2008-01-02. Посетено на 2008-06-03.
  37. ^ Dempsey, John (27 октомври, 2005). ""Futurama" in Comedy Central's future via big deal". Variety. Посетено на 2005-10-27.
  38. ^ "Silver screen Simpsons, Futurama facing finish?". BBC News. 2001-01-19. Archived
  39. ^ "MTG: Launch of New Channel in Czech Republic". Business Wire. Stockholm. 2009-03-05. Посетено на 2009-03-05.
  40. ^ Katz, Claudia. Interview with Evan Jacobs. EXCLUSIVE INTERVIEW: Claudia Katz on Futurama the Movie: Bender's Big Score. 2007-11-16. Посетено на 2008-06-03.
  41. ^ Rabin, Nathan (2006-04-26). "Matt Groening". The A.V. Club. Посетено на 2008-06-03.
  42. ^ Staff Writer (26 февруари, 2007). "Rhymes with Raining". Crave Online. Посетено на 2007-03-25.
  43. ^ "Ain't It Cool News: "Ben Sinister Has Read The New FUTURAMA 'Movie'!!"". Посетено на 2008-06-03.
  44. ^ (5 април, 2008). Tales of Interest: The Simpsons and Futurama in high-definition. HDTVTotal.com
  45. ^ "“Futurama” Feature Length Movie DVD Specs". 2007-11-14. Посетено на 2008-06-03.
  46. ^ Hornig, Andreas (2008-07-28). "Futurama's third direct-to-disc movie "Bender's Game" on Blu-ray". HDTVTotal.com. Посетено на 2008-08-10.
  47. ^ "Into the Wild Green Yonder at Blu-ray.com". Blu-ray.com. Посетено на 2009-02-23.
  48. ^ Wortham, Jenna (2008-11-04). "Futurama Animators Roll 20-Sided Die With Bender's Game". Wired.com. Посетено на 2009-02-28.
  49. ^ a b Leopold, Todd (2009-02-26). "Matt Groening looks to the future". CNN.com. Посетено на 2009-03-17.
  50. ^ White, James (2009-02-20). "Film features: 9 Odd Things We Now Know About Futurama". Totalfilm.com. Посетено на 2009-02-28.
  51. ^ Riley, Duncan (2009-02-18). "Futurama might return to Fox". The Inquisitr. Посетено на 2009-02-28.
  52. ^ McEwan, Cameron (2009-02-19). "More Futurama On The Way?". Den of Geek. Посетено на 2009-03-08.
  53. ^ "Fraudcast News". The Simpsons. Fox Network. 2004-05-23. No. 22, season 15.
  54. ^ Robert Levine (2004-05-23). "TELEVISION: THE EPISODE; The Season Finale That Isn't a Season Finale". Посетено на 2008-06-03.
  55. ^ "Missionary: Impossible". The Simpsons. Fox Network. 2000-02-20. No. 15, season 11.
  56. ^ "Bart vs. Lisa vs. The Third Grade". The Simpsons. Fox Network. 2002-11-17. No. 4, season 14.
  57. ^ "Future-Drama". The Simpsons. Fox Network. 2005-04-17. No. 15, season 16.
  58. ^ Young Avengers Special #1
  59. ^ Nevins, Jess (2001-10-29). "Notes to Top Ten #11". Посетено на 2007-07-12.
  60. ^ Allakhazam, Star Wars: Galaxies (2006-06-13). "Probulator". Посетено на 2008-03-02.
  61. ^ Family Guy Present Blue Harvest
  62. ^ a b "Awards for "Futurama" (1999)". Посетено на 2006-06-12.
  63. ^ "29th Annual Annie Award Nominees and Winners". Archived from the original on 2005-03-12.
  64. ^ Futurama: Bender's Big Score. FoxStore.com. Посетено на 6 август, 2007.
  65. ^ Futurama DVD news: Retail information for Futurama - The Beast with a Billion Backs | TVShowsOnDVD.com
  66. ^ Futurama - Bender's Game DVD information | TVShowsOnDVD.com
  67. ^ "Groening lanches 'Futurama Comics'". 2000-11-19. Посетено на 2007-07-16.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.