Елиезер Бен-Јехуда
Елиезер Бен-Јехуда (хебрејски: אליעזר בן־יהודה изговор: /ɛli'ʕɛzeʁ bɛn jɛhu'da/; 7 јануари 1858 – 16 декември 1922) — еврејски лексикограф и уредник од Белорусија. Тој е централната личност при оживувањето на хебрејскиот јазик во современата ера.
Животопис
[уреди | уреди извор]Елиезер Бен-Јехуда е роден како Елизер Итцхак Перлман (јидиш אליעזר יצחק פערלמאן), во Лужки (белоруски Лужкі, полски Łużki), Гувернат Вилна во Руската Империја (денес Витебска област, Белорусија). Од тригодишна возраст учел Библија и јидиш, што било обичај меѓу Евреите во Источна Европа. До 12 годишна возраст тој прочитал голем дел од Тората, Мишната и Талмудот. Неговите родители се надевале дека тој ќе стане рабин и до го пратат на јешива. Таму тој продолжил да учи старогрчки и се сретнал со јидиш од периодот на просветата.[1] Подоцна тој научил француски, германски и руски. Преку читањето на весникот Ха Шахар, тој се запознал со идеите на ционизмот и заклучил дека оживувањето на хебрејскиот јазик во Израел би можело да ги обедини сите Евреи во светот.
По завршувањето тој отишол во Париз и учел во Сорбона. Меѓу останатите предмети, тој учел и историја и политика на Блискиот Исток. Тој поминал 4 години во Париз.
Во 1881 година, Бен-Јехуда отишол во Палестина, тогаш дел од Отоманското Царство, поточно во Ерусалим. Тој предавал во едно училиште.[2] Поттикнал од идеите за обнова и отфрлување на животниот стил на дијаспората, Бен-Јехуда си дал задача да развие јазик кој ќе го заменел јидиш и останатите регионални дијалекти како средство за секојдневна комуникација меѓу Евреите. За хебрејскиот и за ционизмот, тој рекол: „хебрејскиот јазик може да живее само ако ја оживееме нацијата и се вратиме во татковината“.[2]
Смрт
[уреди | уреди извор]Во декември 1922 година Бен-Јехуда умрел на 64 годишна возраст поради туберкулоза. Тој е закопан во Маслиновата Гора во Ерусалим.[3] На неговиот погреб имало околу 30.000 луѓе.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Young Ben Yehuda“. Архивирано од изворникот на 2012-08-02. Посетено на 2014-04-18.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Balint, Benjamin. „Confessions of a polyglot“. Haaretz. Архивирано од изворникот на 2009-04-14. Посетено на 2014-04-18.
- ↑ „Mount of Olives - Jerusalem“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2014-04-18.
Литература
[уреди | уреди извор]- Blau, Joshua (1981). "The Renaissance of Modern Hebrew and Modern Standard Arabic". Berkeley, California: University of California Press.
- Fellman, Jack (1973). The revival of a classical tongue: Eliezer Ben Yehuda and the modern Hebrew language. The Hague, Netherlands: Mouton ISBN 90-279-2495-3
- Robert William St. John. Tongue of the Prophets, Doubleday & Company, Inc. Garden City, New York, 1952. ISBN 0-8371-2631-2
- Yosef Lang. The Life of Eliezer Ben Yehuda. Yad Yitzhak Ben Zvi, 2 volumes, (Hebrew)
- Ilan Stavans, Resurrecting Hebrew (2008)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Елиезер Бен-Јехуда“ на Ризницата ? |
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|