ЕХФ Лига на шампиони 2013/14 — 54-то издание на европското најсилно клупско ракометно натпреварување, а 21-то под името ЕХФ Лига на шампиони. Оваа сезона РК Хамбург бил бранител на титулата. Финалните четири екипи ќе ги одиграат натпреварите на 31 мај-1 јуни во арената Ланксес, Келн, Германија.[1]
Четиринаесет екипи земале учество во квалификациските турнири. Дванаесет биле поделени во три групи од четири тимови, каде што одигрувале полуфинале, финале и натпревар за трето место, додека останатите две екипи одигрувале плеј-оф двомеч. Победниците од квалификациските турнири и од плеј-офот се квалификувале во групната фаза додека елиминираните екипи се натпреварувале во ЕХФ Купот. Ждрепката се одржала на 27 јуни 2013 година, во Виена, Австрија.[3][4] Matches were played on 31 август and 1 септември 2013.
Грешка во Lua во Модул:Location_map/multi, ред 27: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Europe" does not exist
Ждрепката за групната фаза се одржала во Виена на 28 јуни 2013 година. Имало четири групи во кои се натпреварувале шест екипи. Екипите биле поделени во шест шешири, според ЕХФ коефициентите. Клубовите од ист шешир или асоцијација не смееле да бидат извлечени во иста група, освен победникот на вајлд кард турнирот.[3][5]
Ждрепката била одржана на 25 февруари во Виена, Австрија. Првите натпревари биле одржувани од 20 до 23 март, а реванш натпреварите од 29 до 31 март 2014.[6][7]
Ждрепката се одржала на 1 април 2014 во Виена, Австрија. Првите натпревари биле одиграни на 19 и 21 април, а реванш натпреварите на 26 и 27 април 2014.[8][9]