Душан Недељковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Душан Недељковиќ (с. Исаково, 18 мај 1899 - Белград, 29 јуни 1984) бил српски филозоф и етнолог.

Студирал во Франција, каде и докторирал на Сорбона во 1922 година. Од 1922 до 1941 година предава филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1939 година учествува во формирањето на Етнолошкото друштво во Скопје.[1]

Соработува со прогресивни луѓе од Македонија, меѓу кои и со Кочо Рацин. Во зимата 1939 година е исклучен од КПЈ поради неправилни ставови во однос на македонското национално прашање.[2] На 12 јануари 1940 година, заедно со тројца студенти од Филозофскиот факултет (Блажо Орландиќ, Антун Колендиќ и Борис Чушкаров), е испратен во концентрациониот логор во Билеќа.[3]

Во 1941 година повторно станува член на КПЈ и се приклучува на партизанското движење. По војната станува претседател на Државната комисија за утврдување на злочините на окупаторите и нивните помагачи.

Во 1946 година е избран за член на Српската академија на науките и уметностите. Станува професор на Филозофскиот факултет во Белград и во периодот од 1947 до 1949 година ја извршува функцијата декан. Во првите години по ослободувањето предава и на Филозофскиот факултет во Скопје.[4] Во 1974 година е избран за надворешен член на МАНУ.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Етнолошко друштво
  2. Страхил Гигов „Сеќавања“, „Наша книга“, Скопје, 1975, 149 стр.
  3. „Скопје во НОВ 1941“, Скопје, 1973, 209 стр.
  4. „Филозофскиот факултет во Скопје како прва високошколска институција“
  5. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1041 стр.