Дурмитор
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | природно: vii, viii, x |
Навод | 100 |
Запис | 1980 (4-то заседание) |
Дополнувања | 2005 |
Дурмитор — планински масив и национален парк во северозападна Црна Гора. Највисок врв е Боботов Кук (2.522 м).
Масивот се граничи со кањонот на Тара на север, кањонот на Пива на запад и кањонот на Комарница на југ. На исток се протега висорамнината Језерска Површ, на надморска височина од 1.500 м. Источно од висорамнината се наоѓа планината Сињаевина. Речиси сиот Дурмитор влегува во состав на Општина Жабљак.
Има 48 врва над 2.000 м. Највисок е Боботов Кук, со 2.522 м. По масивот и висорамнината Језерска Површ се расположени 18 леднички езера наречени „горски очи“. Најголемо од нив е Црното Езеро, поделено на Големо и Мало Црно Езеро.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Името „Дурмитор“ веројатно е од источнороманско (можеби влашко) потекло, и значи „заспан“.[1]
Национален парк
[уреди | уреди извор]Националниот парк Дурмитор е создаден во 1952 г. и зафаќа површина од 390 км2. Го опфаќа Дурмитор заедно со кањоните на Тара, Сушица и Драга, како и повисоките делови од Комарница. Во 1980 г. е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Со должина од 80 км и длабочина од 1.300 м, кањонот на реката Тара во НП Дурмитор е еден од најголемите во светот.
Туризам
[уреди | уреди извор]Дурмитор е центар на планинскиот туризам во земјата, а главните капацитети се наоѓаат во гратчето Жабљак.
Во зима, најзастапени активности се скијање и скијање на даска, а на лето тоа се планинарството, алпинизмот. Особено популарно е Црното Езеро.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Room Adrian (2004) "Placenames of the World: Origins and Meanings of the Names for Over 5000 Natural Features" ISBN 0-7864-1814-1 стр. 112
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дурмитор на Ризницата ?
- Национален парк Дурмитор Архивирано на 5 мај 2013 г. (македонски)
- НП Дурмитор Архивирано на 5 јули 2017 г. — „Национални паркови на Црна Гора“ (црногорски)
- Профил на Дурмитор — УНЕСКО (англиски)
|
|