Прејди на содржината

Дарја Домрачева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белорусија Дарја Домрачева
Лични податоци
Полно имеДарја Владимировна Домрачева
Прекар(и)Даша
Роден(а)3 август 1986(1986-08-03)(39 г.)
Минск, Белоруска ССР, СССР
Висина1.68 м
СопружникОле Ејнар Бјерндален (в. 2016)
Порталdaryadomracheva.by
Спорт
Земја Белорусија
СпортБиатлон
КлубДинамо Минск
Олимписки игри
Златен медал - прво место2014 Сочи15 км поединечно
Златен медал - прво место2014 Сочи10 км потера
Златен медал - прво место2014 Сочи12.5 км мас. старт
Златен медал - прво место2018 Пјонгчанг4 × 6 км штафета
Сребрен медал – второ место2018 Пјонгчанг12.5 км мас. старт
Бронзен медал – трето место2010 Ванкувер15 км поединечно
Светски првенства
Златен медал - прво место2012 Руполдинг10 км потера
Златен медал - прво место2013 Нове Мјесто12.5 км мас. старт
Сребрен медал – второ место2008 Естерсундмешана штафета
Сребрен медал – второ место2011 Ханти-мансиск12.5 км мас. старт
Сребрен медал – второ место2012 Руполдинг7.5 км спринт
Сребрен медал – второ место2017 Хохфилцен10 км потера
Бронзен медал – трето место2011 Ханти-Мансијск4 × 6 км штафета

Дарја Владимировна Домрачева (родена на 3 август 1986 г.) — белоруска биатлонка која се натпреварува во Светскиот куп во биатлон од 2006 година. Таа освоила златен медал на штафетната трка на 4×6 км и сребрен медал во дисциплината масовен старт на Зимските олимписки игри 2018, три златни медали во дисциплините потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014 и бронзен медал на поединечната трка на Зимските олимписки игри 2010.[1] Таа била севкупен победник во Светскиот куп во биатлон во сезоната 2014–15. Покрај олимписките медали, таа има освоено два златни, четири сребрени и еден бронзен медал на Светските првенства во биатлон.

Домрачева ја започнала својата кариера во скијачко трчање во 1992 година но се префрлила во биатлон во 1999 година. Таа првично настапувала за Русија на младинско ниво, но добила понуда да настапува за Белорусија во 2004 година.[2] Таа се приклучила на белоруската репрезентација во биатлон во 2006 година. Домрачева била победник во дисциплините потера и спринт на светското јуниорско првенство во 2005 година одржано во Контиолахти, Финска. Таа завршила на 40. место на поединечната трка (ѝ паднал диоптерот, и таа пет пати промашила на третото стрелиште).

Домрачева го освоила третото место во потера и четвртото место на поединечната трка на светското јуниорско првенство во 2006 година одржано во Преск Ајл, Мејн, САД. Во 2007 година, таа освоила два сребрени медали на светското јуниорско првенство одржано во Мартело, Италија.[3]

На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, таа освоила бронзен медал на трката 15 километри поединечно. Подоцна во истата сезона, на 13 март, таа ја забележала својата прва победа на трка од Светскиот куп, во спринт во Контиолахти, Финска. Следниот ден таа победила и во потера.

Домрачева била прогласена за белоруска спортистка на годината за 2010 година, и исто така ѝ била доделена титулата почесен масјтор за спорт истата година.[2] Во 2014 година, на Домрачева ѝ бил доделен медалот Херој на Белорусија, откако освоила три златни медали на трките потера, поединечно и масовен старт на Зимските олимписки игри 2014.

Во август 2015 година, Домрачева решила да ја прескокне целата натпреварувачка сезона 2015–16 во Светскиот куп, откако и била дијагностицирана мононуклеоза еден месец претходно.[4][5][6] По паузата поради мононуклеозата и бременоста, Домрачева се вратила на трките од Светскиот куп во јануари 2017 година.

На Зимските олимписки игри 2018, таа освоила сребрен медал во масовен старт, и бронзен медал во екипната штафета.

Нејзин тренер бил поранешниот светски и олимписки медалист, Клаус Зиберт.[7]

Светски куп

[уреди | уреди извор]

Домрачева била севкупен победник во дисциплините потера и масовен старт во сезоната 2011–12 во Светскиот куп. Истата сезона, таа завршила на второто место во севкупниот пласман, заостанувајќи 28 бодови зад Магдалена Нојнер.

Во сезоната 2010–11, Домрачева била севкуен победник во масовен старт..[8]

Најголем успех во Светскиот куп, Домрачева остварила во сезоната 2014–15, кога ја освоила титулата во светскиот куп со 1092 бодови, 48 бодови повеќе од второпласираната и двократна победничка Кајса Мекерејнен. Истата сезона, таа била севкупен победник во спринт.

Сезона Вкупно Спринт Потера Поединечно Масовен старт
Трки Бодови Место Трки Бодови Место Трки Бодови Место Трки Бодови Место Трки Бодови Место
2006–0716/2729722. место9/1016415. место6/812515. место0/41/5842. место
2007–0818/2622626. место10/1012418. место6/87622. место0/32/52634. место
2008–0923/267767. место10/103295. место6/72148. место3/48714. место4/51467. место
2009–1022/257706. место9/102836. место5/61994. место3/41214. место5/51408. место
2010–1126/268626. место10/103237. место7/72525. место4/45129. место5/52361. место
2011–1226/2611882. место10/104712. место8/83921. место3/31163. место5/52501. место
2012–1326/269242. место10/103512. место8/82516. место3/31223. место5/52002. место
2013–1420/227933. место8/92543. место7/82963. место2/2922. место3/31511. место
2014–1525/2510921. место10/104161. место7/73472. место3/31392. место5/52063. место
2015–16Не се натпреварувала поради мононуклеоза[6]
2016–1716/2639424. место6/913521. место6/916119. место2/34226. место2/55629. место

Резултати

[уреди | уреди извор]

Олимписки медали

[уреди | уреди извор]

6 медали (4 златни, 1 сребрен, 1 бронзен)

Игри Поединечно Спринт Потера Масовен старт Штафета Мешана штафета
Канада 2010 Ванкувер Бронза 8. место 15. место 6. место 7. место Н/П
Русија 2014 Сочи Злато 9. место Злато Злато 5th
Јужна Кореја 2018 Пјонгчанг 27. место 9. место 37. место Сребро Злато 5. место

Светски првенства

[уреди | уреди извор]
Првенство Поединечно Спринт Потера Масовен старт Штафета Мешана штафета
Италија 2007 Разун Антерзелва 13. место 22. место НЗ 5. место 13. место
Шведска 2008 Естерсунд 46. место 25. место 5. место Сребро
Јужна Кореја 2009 Пјонгчанг 11. место 53. место 5. место 6. место 4. место 9. место
Русија 2010 Ханти-мансиск Не се одржува во олимписка сезона 9. место
Русија 2011 Ханти-мансиск 19. место 26. место 35. место Сребро Бронза 10. место
Германија 2012 Руполдинг 25. место Сребро Злато 5. место 4. место 6. место
Чешка 2013 Нове Мјесто 33. место 43. место 25. место Злато 7. место 11. место
Финска 2015 Контиолахти 16. место 25. место 7. место 4. место 7. место 4. место
Норвешка 2016 Осло
Австрија 2017 Хохфилцен 13. место 27. место Сребро 19. место 9. место
  1. Darya Domracheva Архивирано на 4 август 2014 г.. sports-reference.com
  2. 1 2 „Athletes: Darya Domracheva“. sochi2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 11 February 2014.
  3. Darya Domracheva Архивирано на 9 октомври 2017 г.. Official Website of the Republic of Belarus. Belarus.by. Посетено на 19 July 2014.
  4. „Olympic champion Darya Domracheva to miss biathlon season“. Zee News. 5 August 2015. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 8 August 2015.
  5. Mononucleosis Hits Darya Domracheva Архивирано на 4 март 2016 г.
  6. 1 2 Darya Domracheva to Skip 2015–16 Biathlon Season Архивирано на 4 март 2016 г.
  7. „Klaus Siebert: Biathlon is My Life“. International Biathlon Union. 7 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 27 февруари 2014. Посетено на 20 март 2014.
  8. IBU official result page Архивирано на 1 март 2011 г.. biathlonresults.com

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]