Прејди на содржината

Дарлин Лав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дарлин Лав
Дарлин Лав во 2013 на Филмскиот фестивал во Монтклер
Животописни податоци
Родено имеДарлин Рајт
Роден(а)26 јули 1941(1941-07-26)(82 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
ЖанровиСоул, R&B, џез, поп, рок
ЗанимањаПејачка, глумица
Период на активност1959–денес
ИздавачиPhilles, OKeh, Warner/Spector

Дарлин Рајт (англиски: Darlene Wright; родена на 26 јули 1941)[1] позната по нејзиното уметничко име Дарлин Лав (англиски: Darlene Love) ― американска ар-ен-би и соул-пејачка и глумица. Таа била пејачка на женската група Blossoms,[2] а подоцна имала и соло-кариера.

Уште како дете пеела во месниот црковен хор. Во 1962 година, таа работела како сесиска пејачка за продуцентот Фил Спектор кој ја преименувал во Дарлин Лав.[3] Таа ги отпеала песните „He's a Rebel и „He's Sure the Boy I Love“, кои станале песни од женската група The Crystals.“[3] Наскоро станала многу барана пејачка и соработувала со многу рок и соул-легенди од 1960-тите, како: Сем Кук, Дион Ворвик, Бил Медли, Бич Бојс, Елвис Присли, Том Џонс и Сони и Шер. Како глумица, Лав настапувала во многу претстави на Бродвеј. Таа имала улога и во серискиот филм Смртоносно оружје.

Секоја година непосредно пред божиќните празници Дејвид Летерман ја канел Дарлин Лав во неговото телевизиско ток-шоу за да ја отпее песната „Christmas (Baby Please Come Home)“. Ваквите настапи започнале во 1986 година и продолжиле до 2014 година.[4] Летерман ја нарекол Лав „Божиќна кралица“. Во 2015 година таа почнала годишно да ја пее песната во The View.

Според Ролинг Стоун Лав е меѓу 100-те најдобри пејачи на сите времиња,[5] а во 2011 година таа била примена во Куќата на славата на рокенролот.[6] Лав учествува во документарниот филм награден со Оскар Дваесет стапки од славата (англиски: 20 Feet from Stardom) (2013), за кој таа добила Греми награда.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Love, Darlene; Hoerburger, Rob (1998). My Name is Love: The Darlene Love Story (1st. изд.). New York, NY: William Morrow and Co. ISBN 9780688156572. OCLC 39189821.
  2. „Darlene Love spreads Christmas cheer“. CBS News. December 25, 2011. Посетено на March 24, 2012.
  3. 3,0 3,1 Browne, David (2013-06-20). „Darlene Love: Let Love Rule“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2020-12-18.
  4. Itzkoff, Dave (December 20, 2014). „Darlene Love's Last 'Letterman' Christmas“. The New York Times.
  5. „100 Greatest Singers of All Time“. Rolling Stone. December 3, 2010. Архивирано од изворникот на April 29, 2012. Посетено на June 10, 2015.
  6. „Darlene Love: A Prominent Star, Born In The Background“. NPR. February 16, 2011. Посетено на April 14, 2012.
  7. „Darlene Love“. Recording Academy Grammy Awards (англиски). November 23, 2020. Посетено на 2020-12-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]