Прејди на содржината

Бил Медли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бил Медли
Бил Медли во 2012
Животописни податоци
Родено имеВилијам Томас Медли
Роден(а)19 септември 1940(1940-09-19)(83 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД[1]
ЖанровиBlue-eyed soul
Занимања
Инструменти
Период на активност1962–денес
ИздавачиUnited Artists, RCA Records, Reprise Records

Бил Медли (англ: Bill Medley; целосно име: Вилијам Томас Медли анг: William Thomas Medley; роден на 19 септември 1940 во Санта Ана, Калифорнија, САД) е американски пејач и текстописец, најпознат како дел од дуетот The Righteous Brothers. Познат е по неговиот бас-баритон глас, применет во неговите песни како на пример во „You've Lost That Lovin' Feelin'“. Медли продуцирал многу песни за дуото, како „Unchained Melody“ и „(You're My) Soul and Inspiration“.

Медли бил успешен и како соло пејач, а неговиот дует со Џенифер Ворнс „(I've Had) The Time of My Life“ се искачил на прво место на топ листите, бил продаден во преку милион примероци и освоил многу награди.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Медли е роден на 19 септември 1940 година во Санта Ана, Калифорнија. [1] [2] Завршил средно училиште во Санта Ана во 1958 година.[3] Бил воспитан како традиционален презвитеријанец, пеел во црковниот хор, [4] а неговите родители имале свинг бенд.[5] Се заинтересирал за R&B музика со слушање на радио станици ориентирани кон црната публика.[4] Навел дека во почетните години бил под влијание на Литл Ричард, а подоцна на Реј Чарлс, Боби „Блу“ Бленд и ББ Кинг. [6]

Медли со неговиот пријател Дон Фидучија формирал дуо наречено The Romancers.. Почнал да пишува песни и да снима песни во неговата дневна соба.[7] [8] На 19 години, имал две песни, „Womaling“ и „Chimes of My Heart“, снимени од вокалната група The Diamonds.[7] Медли и Фидучија во 1960 година формирале група наречена The Paramours, заедно со Сал Фасуло и Ник Тутуро, а подоцна им се придружиле Мајк Рајдер и Бери Рилера.[9] The Paramours потпишале со подружницата на Mercury Records Smash Records, и во 1961 година ги објавувале песните „That's the Way We Love“ и „Miss Social Climber“. [10]

The Righteous Brothers[уреди | уреди извор]

The Righteous Brothers на настап во Knott's Berry Farm, Медли е од десно

Медли, преку Бери Рилера се запознал со Боби Хетфилд.[11] Во 1962 година тие формирале нова група, но го задржале името The Paramours, а во групата го вклучиле и саксофонистот Џон Вимбер. Тие го издале синглот „There She Goes (She's Walking Away)“ во декември 1962 година преку независната издавачка куќа Moonglow. Сепак, бендот немал успех и набрзо се распаднал, а Хетфилд и Медли од 1963 година почнале да настапуваат како дуо. [12]

Медли и Хетфилд дуото го прекрстиле во The Righteous Brothers, а нивниот прв сингл бил „Little Latin Lupe Lu“ напишан од Медли. [13] Медли, истовремено пробал да се пробие како соло пејач, го објавил синглот „Gotta Tell You How I Feel“, кој не се нашол на топ листите.[14]

Во 1964 година, The Righteous Brothers заедно со други групи учествувале во The Cow Palace во Сан Франциско, каде присуствувал и Фил Спектор. [15] Спектор бил импресиониран од дуото и договорил да снимаат за неговата издавачка куќа Philles Records.[16]

Во 1965 година го имаа својот прв хит бр. 1, You've Lost That Lovin' Feelin', продуциран од Спектор. Според Broadcast Music, Inc., „You've Lost That Lovin' Feelin'“ е најслушана песна во историјата на американското радио.[17]

Со Philles Records снимиле и други песни како „Unchained Melody“.

Дуото во 1966 година го напуштило Спектор и потпишале со Verve Records, со кои го имале хитот „Sоul and Inspiration“, но го раскинале договорот во 1968 година, а Медли продолжил со соло кариера. Во 1974 година стапил во контакт со Хетфилд за да ја возобноват The Righteous Brothers.[18]

Потпишале со Haven Records, ја снимиле „Rock and Roll Heaven“, кој станала хит. Во 1976 година, Медли, по смртта на неговата прва сопруга одлучил да се повлече од музиката одредено време. Повторно се обединил со Хетфилд во 1981 година за специјалната 30-годишнина на American Bandstand.[19] Иако Медли во 1980-тите бил насочен претежно кон неговата соло кариера, дуото продолжило да се појавува заедно. [20]

По возобновената популарност во 1990-тите поради тоа што „Unchained Melody“ била во саунтракот во филмот Ghost, тие како дуо често патувале на турнеи, сѐ до смртта на Хетфилд во ноември 2003 година.[21] [22] The Righteous Brothers биле примени во Куќата на славните од рокенролот во март 2003 година од страна на Били Џоел.[23]

Соло кариера[уреди | уреди извор]

Медли имал релативно успешна соло кариера. Во 1968 година, Медли ја снимил „I Can't Make It Alone“, но песната немала успех. [24] Следните песни, „Brown Eyed Woman“ и „Peace, Brother, Peace“ имале подобар успех на Топ 40 поп хитови. Во 1969 година го освоил второто место на фестивалот Festival Internacional da Canção (FIC) во Рио де Жанеиро со песната „Evie“ од Џими Веб. [25] Медли на Греми наградите во 1969 година ја извел „Hey Jude“ , а потоа потпишал со A&M Records.[26] Една негова песна, „Freedom and Fear“ била номинирана за Греми во 1972 година.[27] [28]

Во 1987 година, неговиот дует со Џенифер Ворнс, „(I've Had) The Time of My Life“, бил вклучен во саундтракот на Dirty Dancing, а песната се искачила на прво место на Billboard Hot 100. За песната Медли и Ворнс во 1988 година освоиле Греми награда за најдобра поп изведба на дуо или група со вокал и Оскар за најдобра оригинална песна за композиторите. [29]

Негови други позначајни песни се „Most of All You“ од филмот Major League; „Friday Night's a Great Night for Football“ од филмот „Последниот извидник“; и тематската песна за ситкомот Зголемена болка. Медли направил видео запис за песна искористена во филмот Рамбо III.[30]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Година Албум Место на листата Издавач
Billboard 200 (САД)
[31]
Top Country Albums (САД)
[32]
1968 Bill Medley 100 % 188 MGM
1969 Soft and Soulful 152
1970 Gone A&M
1970 Someone Is Standing Outside
1971 A Song for You
1973 Smile
1978 Lay a Little Lovin' on Me United Artists
1980 Sweet Thunder
1982 Right Here and Now Planet
1984 I Still Do 58 RCA
1985 Still Hung Up on You
1988 The Best of Bill Medley MCA/Curb
1993 Going Home Essential
2007 Damn Near Righteous
Цртичката — означува дека албумот не се пласирал на листата

Синглови[уреди | уреди извор]

Година Песна Највисока позиција на листата Албум
US Country
[33][34]
US
[35][36]
US
AC

[37]
CAN Country
[38][39]
CAN
[40]
CAN AC
[41]
UK
[42]
1968 «I Can’t Make It Alone» 95 63 Bill Medley 100 %
«Brown Eyed Woman» 43 36
«Peace Brother Peace» 48 46 Soft and Soulful
1969 «This Is a Love Song» 112 сингл без албум
1979 «Statue of a Fool» 91 Lay a Little Lovin' on Me
1981 «Don’t Know Much» 88 29 Sweet Thunder
1982 «Right Here and Now» 58 31 Right Here and Now
1984 «Til Your Memory’s Gone» 28 20 I Still Do
«I Still Do» 17 25 22
«I’ve Always Got the Heart to Sing the Blues» 26 41
1985 «Is There Anything I Can Do» 47 46 Still Hung Up on You
«Women in Love» 55
1986 «Loving on Borrowed Time» (со Гледис Најт) 16 саундтрак за филмот «Кобра»
1987 «(I've Had) The Time of My Life» (дует со Џенифер Ворнс) 1 1 1 3 6 The Best of Bill Medley
1988 «He Ain’t Heavy, He’s My Brother» 49 25
Цртичката — означува дека албумот не се пласирал на листата


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Steve Sullivan (October 4, 2013). Encyclopedia of Great Popular Song Recordings, Volume 2. Scarecrow Press. стр. 101–103. ISBN 978-0810882959.
  2. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 2. ISBN 978-0306823169.
  3. „Local News in Brief : Santa Ana : Bill Medley to Perform Concert at Alma Mater“. Los Angeles Times. March 9, 1989.
  4. 4,0 4,1 „Interview with Bill Medley [Part 1 of 3]“. WGBH Open Vault.
  5. Scott Iwasaki (June 24, 2014). „Righteous Brother Bill Medley will share stories with Park City“. The Park Record.
  6. Jamie Blaine (March 31, 2014). „Monday Rock City: Interview with Bill Medley of the Righteous Brothers“. The Weeklings. Архивирано од изворникот на 2023-06-03. Посетено на 2023-03-26.
  7. 7,0 7,1 Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 8–9. ISBN 978-0306823169.
  8. „One Righteous Brother: Bill Medley set to perform at Hot August Nights“. RGJ.com.
  9. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 10–11. ISBN 978-0306823169.
  10. „The Paramours_There She Goes“. 20 October 2008.
  11. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 10–11. ISBN 978-0306823169.Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. pp. 10–11. ISBN 978-0306823169.
  12. Haunted Las Vegas: Famous Phantoms, Creepy Casinos, and Gambling Ghosts. Globe Pequot Press. 2012. стр. 64. ISBN 9780762789108.
  13. Steve Sullivan (October 4, 2013). Encyclopedia of Great Popular Song Recordings, Volume 2. Scarecrow Press. стр. 101–103. ISBN 978-0810882959.Steve Sullivan (October 4, 2013). Encyclopedia of Great Popular Song Recordings, Volume 2. Scarecrow Press. pp. 101–103. ISBN 978-0810882959.
  14. Bob Leszczak (December 11, 2014). Encyclopedia of Pop Music Aliases, 1950-2000. Rowman & Littlefield Publishers. стр. 283. ISBN 9781442240087.
  15. Steve Sullivan (October 4, 2013). Encyclopedia of Great Popular Song Recordings, Volume 2. Scarecrow Press. стр. 101–103. ISBN 978-0810882959.Steve Sullivan (October 4, 2013). Encyclopedia of Great Popular Song Recordings, Volume 2. Scarecrow Press. pp. 101–103. ISBN 978-0810882959.
  16. Mick Brown (April 7, 2008). Tearing Down The Wall of Sound: The Rise And Fall of Phil Spector. Bloomsbury Publishing. стр. 171. ISBN 978-0747572473.
  17. „BMI“. BMI. 1999-12-13. Посетено на 2013-03-27.
  18. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 101–102. ISBN 978-0306823169.
  19. Frank Hoffmann (2006). Rhythm and Blues, Rap, and Hip-hop. Facts on File. стр. 225. ISBN 9780816069804.
  20. „Pop Beat : Medley Earns Praise As 'New' Artist - latimes“. Articles.latimes.com. 1985-05-10. Посетено на 2015-10-21.
  21. „The Righteous Brothers“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на 2015-10-13. Посетено на 2015-12-16.
  22. "Lost That Lovin' Feelin'" 1964-1965“. The Pop History of Dig.
  23. „Billy Joel inducts The Righteous Brothers Rock and Roll Hall of Fame inductions 2003“. Rock & Roll Hall of Fame. Архивирано од изворникот на 2015-11-18.
  24. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 74. ISBN 978-0306823169.
  25. „Bill Medley - Evie“. Festivais da Canção. 2008.
  26. Bill Medley (April 24, 2014). The Time of My Life: A Righteous Brother's Memoir. Da Capo Press. стр. 81–83. ISBN 978-0306823169.
  27. „Grammy Awards 1972“. Awards & Shows.
  28. Richard S. Ginell. „Michel Colombier - Wings“. AllMusic.
  29. Frank Hoffmann (2005). Rhythm and Blues, Rap, and Hip-hop. Facts on File. стр. 225–226. ISBN 9780816069804.
  30. „RAMBO III - Giorgio Moroder“.
  31. „Bill Medley Chart History: Billboard 200“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  32. „Bill Medley Chart History: Top Country Albums“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  33. „Bill Medley Chart History: Hot Country Songs“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  34. . ISBN 0-89820-177-2. Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  35. „Bill Medley Chart History: Hot 100“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2018-12-31. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  36. . ISBN 0-89820-188-8. Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |страницы= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  37. „Bill Medley Chart History: Adult Contemporary“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  38. „Country 50 Singles“. RPM Magazine. Архивирано од изворникот на 2016-03-15. Посетено на 2016-01-03.
  39. „Country Singles - Volume 42, No. 5“. RPM Magazine. 1985-04-13. Архивирано од изворникот на 2021-09-08. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  40. „RPM100 Singles: December 12, 1987“ (PDF). RPM Magazine. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-12. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  41. „Adult Contemporary“. RPM Magazine.
  42. „Bill Medley: Singles“. The Official UK Charts Company. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2020-05-22. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]