Прејди на содржината

Градско мандолинско друштво „Свети Никола“ - Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Градско мандолинско друштво „Свети Никола“ - Свети Николе
Основана2004; пред 20 години (2004)
Видздружение
Целкултурно-уметничка организација
МестоСвети Николе, Македонија
Мреж. местоgmdmandolina.webs.com

Градско мандолинско друштво „Свети Никола“ ― културно-уметничко друштво од Свети Николе. Здружението постои од 2004 година и работи со цел развивање на културата и музиката кај младите во градот и пошироко, преку одржување на редовни оркестарски проби и јавни настапи и концерти во градот, државата и надвор од неа.

Историја

[уреди | уреди извор]

Создадено е од членови ентузијасти во септември 2004 година, кои уште од најрана возраст се сретнале со мандолината и гитарата, музицирајќи во училишни оркестри под диригентската палка на музичкиот педагог г-дин Кирил Трајковски. Здружението е заведено во судскиот регистар во Свети Николе како Градско мандолинско друштво „Свети Никола“ - Свети Николе.

Претседатели на ГМД „Свети Никола“ - Свети Николе

[уреди | уреди извор]

Во осумнаесет годишното дејствување на ГМД „Свети Никола“ од Свети Николе на функцијата претседател ја извршувале:

  1. Професор по одделенска настава- Слаѓана Маџова 13 години: 2004–2018
  2. Д-р Билјана Ефтимова: 2018-2022

Аранжмани низ историјата

[уреди | уреди извор]
  • маестро проф.Кирил Трајковски
  • проф. Љупче Златев
  • проф. Баже Стефановски

Членови кои моментално свират во Мандолинскиот Оркестар:

  1. Прва мандолина: Баже Стефановски, Билјана Ефтимова, Илинка Десподовска, Славица Иванова, Надица Арсова, Марјан Кировски
  1. Втора мандолина: Валентина Ташева, Слаѓана Маџова
  1. Трета мандолина: Катерина Коцева, Весна Гонева, Михаела Јорданоска
  1. Мандоли: Јанко Вукадинов, Дејан Стојановски, Киро Јорданоски, Зоран Солтировски
  1. Ритам секција: бас: Благојче Томевски, Љупче Златев; гитара: Антонио Миланов, Стефанија Владева, Бојана Коцева, Никола Митев, Томислав Арсовски, тапани: Филип Арсовски
  1. Вокален солист: Ненад Јованов (тенор).

Настапи и гостувања на ГМД „Свети Никола“

[уреди | уреди извор]

Секоја година од своето постоење мандолинското друштво ГМД „Свети Никола“ одржува „Новогодишен концерт“ во Свети Николе.

Освоени награди:

  • Второ место во категоријата „Нова композиција“ на фестивалот „Mandolina Imota“, Имотски, 2005 година;
  • 14 Септемвриска награда, Свети Николе, 2005 година;
  • Благодарница за даден придонес за одржување на Меморијален турнир во чест на Александар Серафимов, 2007 година;
  • Награда за најдобар оркестар на фестивалот „Mandolina Imota“, Имотски, Хрватска, 2008 година;
  • Благодарница за учество на отворањето на Музичката школа, Змијавци, Хрватска, 2008 година;
  • Благодарници и пофалници од фестивалот „Viva Tremolo“ во Пазарџик, Бугарија;
  • Признание за најдоброто од областа на културата според ЗНМ - Регионален центар на новинари - Исток Штип, Македонија;

Настапи и гостувања:

  • Новогодишен концерт во Битола, 2004 година
  • Новогодишен концерт во Свети Николе, 2005-2022 година
  • Учество во културна програма по повод 14 Септември - ден на ослободување на град Свети Николе, 2005, 2006, 2008-2012, 2014, 2022 година
  • Концерт по повод празникот Свети Никола во Свети Николе, 2005, 2006, 2008-2011, 2013, 2015, 2017 година
  • Настап на промоција на книга на д-р Борис Стојковски, 2005 година
  • Гостување на МРТ во емисијата „Програма на градовите“ со градоначалникот Слободан Даневски, 2006 година
  • Настап на изложба на слики на г-дин Павле Кузмановски, 2007 година
  • Новогодишни концерти во Штип и Охрид, 2008 година
  • Гостување во збратимениот град Ќиќевац, Србија, 2007 година
  • Успешно реализиран Проектот од национален интерес, од областа на музичката и музичко-сценската дејност, 2009 година
  • Настап на Меѓународен мандолински фестивал „Viva Tremolo“, Пазарџик, Бугарија, 2009-2011, 2014 година
  • Настап на фестивалот „Охридски староградски средби“, Охрид, 2014 година
  • Самостоен концерт во Дом на Култура „Крсте Петков Мисирков“, јуни 2014 година
  • „Топол културен бран“ - меѓународен оркестар од Свети Николе-Петрич-Пазарџик, 2014 година
  • Учество на Пирински звуци, Благоевград 2014 година
  • Учество на Скопско културно лето, Концерт по повод 30 годишна дејност на музичарот Зоран Митев - фагот од Словенија, 2015 година
  • Концерт со г-дин Зоран Митев, Свети Николе и Кавадарци, 2015
  • Учество на доделување награди за писатели на Меѓународен Славјански униветзитет „Гаврило Романович Державин“, 2015 година
  • Промоција на книга за „Била Зора“ од д-р Драги Митревски, 2016 година
  • Заеднички настап со оркестри од Петрич и Сандански, Дојран 2016
  • Награда од новинари од источна Македонија за долгогодишна дејност, 2017 година
  • Јубилеен концерт „50 години музицирање- маестро Кирил Трајковски“- со делата „Под Источно небо“, 2018 година со учество на мандолински оркестар „Елена Генова“, Пазарџик, г-дин Васил Атанасов - обоа, г-дин Александар Гошев - хорна, ноември 2018 година
  • Меморијален концерт „Елена Генова“, Пазарџик, Бугарија, мај 2019 година
  • Учество на концерт 100 години читалиште „Отец Пајсиј“, Сандански, Бугарија, 2019 година
  • Божиќен концерт, Петрич, декември 2019 година
  • Меморијален концерт „Ненад Арсов“, Јуни 2021 година
  • Концерт за ослободување на градот 14 Септември, 2022 година

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]