Википедија:Геоекспедиции 2024

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроект
„Геоекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2024 година е организирана една геоекспедиција, со која биле опфатени следните природни знаменитости:

  1. Станечки Водопади и Плоче Литотелми — еднодневна експедиција (18 февруари).

Станечки Водопади и Плоче Литотелми[уреди извор]

Иако експедицијата е насловена како „Станечки Водопади и Плоче Литотелми“, нашата првенствена замисла беше посета на Длабочичкиот Водопад, кај кумановското село Длабочица. За да се дојде до Длабочица, најпрвин е потребно да се помине покрај опсерваторијата Кокино, од каде направивме воздушна снимка, бидејќи опсерваторијата ја имаме посетено за време на нашата астроекспедиција во 2015 година. После Кокино, поминавме покрај селото Арбанашко и дојдовме до атарот на селото Дејловце, каде и заврши асфалтниот пат. Нашата првична замисла беше најпрвин да се упатиме кон селото Длабочица, но спуштајќи се само половина километар сфативме дека патот е во многу каллива состојба, поради што се откажавме од целосното спуштање до селото, до кое беа потребни околу 3 километри. Подоцна, мислејќи дека шумскиот пат помеѓу Дејловце и П’клиште е во подобра состојба и за да не се враќаме преку Младо Нагоричане се упативме по него, но во шумата над селото моравме да се вратиме назад, поради извршена шумска сеча и оставени длабоки траги од камиони, поради кои постоеше реална шанса да се заглавиме.

Поради сето ова, ние ја променивме и нашата маршрута и така отидовме кон селото Страцин, каде покрај природниот резерват Плоче Литотелми се запознавме и со преостанатите општествени објекти на селото, како и селската црква „Св. Димитриј“, покрај која и води самата патека за да се дојде до природниот резерват. Резерватот доколку не знаете дека е обележан на картите, во реалноста нема да го препознаете, ниту да сфатите дека сте во такво подрачје, бидејќи самиот е целосно обраснат со трње, грмушки и дрвја, поради што да се најдат камените блокови, поради кои резерватот е посебен, е вистински предизвик. Овие блокови ги забележавме дури откако го подигнавме нашиот дрон и направивме воздушна фотографија.

Како наше последно задоволство во Страцин, влеговме во еден од напуштените бункери/скривници на поранешната армија ЈНА, кој се наоѓа веднаш до самото село.

Од Страцин, на кратко влеговме во селото Ранковце за да може да ја фотографираме селската црква, од која немавме фотографии, иако општината Ранковце ја имаме посетено во склоп на нашите експедиции.

На крај завршивме со посета на Станечки Водопад, до кој води патека од самото село Станци, кое исто така го имаме посетено за време на нашите експедиции. Патеката започнува веднаш од самото село следејќи го текот на Козја Река и е во времетраење од половина час умерено темпо. Пристапот до водопадот е олеснет со изградбата на повеќе мовчиња на реката, а на крајот ве дочекува платформа на која има клупи на кои може да одморите. Во близина на големиот водопад, се наоѓаат и други помали водопади на помалите потоци, кои се влеваат во самата Козја Река.

Статии[уреди извор]

Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. [[Податотека:|200п|]] wikidata:

Фотографии[уреди извор]

Сите фотографии направени за време на геоекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано[уреди извор]