Вероника Кристијансен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вероника Кристиансен)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вероника Кристијансен
Veronica Kristiansen 20150319.jpg
Лични податоци
Роден(а) 10 јули 1990 (1990-07-10) (29 г.)
Ставангер, Норвешка
Националност Норвешка Норвешка
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција лев Бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Број 21
Сениорски клубови
2009–2011
2011–2015
2015–2018
2018-
Вајперс Кристиансанд Вајперс Кристиансанд
Гласверкет Гласверкет
Мидтјиланд Мидтјиланд
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
Репрезентација
  Норвешка Норвешка 111 (363)

Вероника Кристијансен (родена на 10 јули 1990 г., во Ставангер) е норвешка ракометарка, лев бек на Ѓер Ауди ЕТО и на норвешката репрезентација.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Вероника е постара сестра на Жанет Кристиансен која е исто така ракометарка и во моментов настапува за Вајперс Кристиансанд.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Вероника Кристијансен започнала да игра ракомет во екипата на Мјондален, а потоа продолжила во Реистад. Нејзината следна станица била Вајперс Кристиансанд, со која во сезоната 2009-2010 за првпат настапила во Постлигата, највисоката норвешка женска ракометна лига.[2] Во 2011 година, Кристиансен му се приклучила на норвешкиот второлигаш Гласверкет.[3] Следната сезона Кристиансен постигнала 203 гола и му помогнала на Гласверкет да избори промоција во првата лига.[4] Во сезоната 2013-2014, таа завршила со 140 погодоци заземајќи го второто место на листата на стрелците во Постлигата.[5]

Во летото 2015 година, таа потпишала договор со данскиот прволигаш Мидтјиланд.[6] Со Мидтјланд, Кристиансен го освоила Купот на Данска 2015 со победа во финалето над Виборг по продолженија со 28-26.[7] Кристиансен постигнала 7 голови во финалето и била најефикасна во својата екипа.[8]

На 12 февруари 2018, Вероника потпишала за европскиот шампион Ѓер Ауди ЕТО придружувајќи им се на својте сонароднички од репрезентацијата на Норвешка Кари Олвик Гримсбо, Кари Братсет, Нора Морк и Стине Бредал Офтедал.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Вероника Кристијансен првично ја претставувала Норвешка во младинските репрезентации играјќи 14 натпревари за репрезентацијата на Норвешка под 18 години и 30 натпревари за репрезентацијата под 20 години. Во 2010 година го освоила Светското првенство за играчи под 20 години.[10]

Во 20 март 2013 година, таа го одиграла својот прв натпревар за сениорската репрезентација на Норвешка.[11] Со Норвешка, учествувала на Светското првенство 2013, каде што постигнала шест гола во седум натпревари.[12] Во 2014 година, Кристиансен со својата репрезентација го освоила Европското првенство во Унгарија и Хрватска.[13] Една година подоцна таа го освои и Светското првенство. На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро со својата репрезентација го освоила бронзениот медал, но истата година ја освоила Европската титула по втор пат во својата кариера. Во 2017 година го освоила сребрениот медал на Светското првенство во ракомет за жени во Германија.[14]

Титули[уреди | уреди извор]

Данска Мидтјиланд[уреди | уреди извор]

Норвешка Норвешка[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. EHF profile
  2. www.handball.no: Topscore Postenligaen Kvinner Vipers Kristiansand (Våg HK) Sesongen 2009/2010, пристапено на 20 декември 2014 година
  3. www.dt.no: Fikk pangstart i seriedebut, пристапено на 20 декември 2014 година
  4. www.handball.no: Topscore 1. divisjon Kvinner Sesongen 2011/2012, пристапено на 20 декември 2014 година
  5. www.handball.no: Topscore Postenligaen kvinner Sesongen 2013/2014, пристапено на 20 декември 2014 година
  6. fcm-haandbold.dk: FCM henter norsk back-profil, пристапено на 30 март 2015 година
  7. FCM vinder kvindernes håndboldpokal i dramatisk finale dr.dk
  8. Santander Cup Dame - KAMPRAPPORT Dansk Håndbold Forbund
  9. Kristiansen til Györ i sommer sammen med Brattset“, NTB, 16 август 2018 (посет. 10 август 2018 г). (на norwegian)
  10. www.vg.no: Verdensmestere i junior-VM i håndball, пристапено на 20 декември 2014 година
  11. „Landslagsprofiler – Veronica Egebakken Kristiansen“ (Norwegian). Norwegian Handball Federation. конс. 5 December 2013. 
  12. Cumulative Statistics, пристапено на 20 декември 2014 година
  13. www.handball.no: Norsk EM-gull, пристапено на 21 декември 2014 година
  14. ihf.info: 23rd Women's World Championship 2017, пристапено на 24 декември 2017

Надворешни врски[уреди | уреди извор]