Бушерон
Дејност | Q112165482 |
---|---|
Основано | 1858 |
Основач | Frédéric Boucheron |
Седиште | , |
Бушерон е француска луксузна куќа за накит и часовници која се наоѓа во Париз во сопственост на Керинг.
Историја
[уреди | уреди извор]На почетоците
[уреди | уреди извор]Куќата на Бушерон е француска семејна династија основана од Фредерик Бушерон со отворањето на неговиот прв дуќан во Галерија де Валоа, во Палатата Ројал.
Пол Легранд (1840-1910) работел како главен дизајнер за куќата на Бушерон од 1863-1867 година. Нему му се припишувала идејата за комбинирање на бисери со дијамантски рондели, кои за првпат биле видени во производите на Бушерон во 1889 година. Додека Легранд бил главен дизајнер, во 1879 година, Бушерон развил ѓердан без затворач, кој бил дел од неговото шоу кое освоило Гран-при за исклучителни иновации во колекција на накит на Светскиот саем во 1889 година . Легран имал влијание и во дизајнот ,,Пауново перо", кое се појавувало во колекциите на Бушерон.
Во 1893 година, Фредерик Бушерон станал првиот златар што се преселил на Плас Вандом.
Во 1893 година, Бушерон отворил продавница во Москва, подоцна префрлена во Санкт Петербург во 1911 година; во 1903 година продавница во Лондон и канцеларија во Њујорк. Следеле повеќе отворања на продавници во Јапонија во 1973 година, Шангај, Дубаи во 2005 година и конечно Хонгконг и Куала Лумпур во 2006 година.
Кралските години
[уреди | уреди извор]Во 1878 година, рускиот принц Феликс Јусупоф купил корсаж украсен со 6 дијамантски лакови за време на една од неговите посети во Париз.
Во 1921 година, Бушерон добил задача да направи дијадема за Лејди Гревил, која подоцна и била дадена на кралицата Елизабета, Мајката кралица. Нејзиниот внук принцот Чарлс ѝ ја предадал тијарата на неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол.
Кралицата Елизабета Втора имала колекција на накит од Бушерон.[1]
Колекции
[уреди | уреди извор]Една од првите создадени линии била симболичната змиска линија во 1970-тите.
Соланж Азагури-Партриџ била назначена за креативена директорка во 2001 година, таа била на функцијата три години.
Соработки
[уреди | уреди извор]Во 1996 година, Бушерон соработувал со Ватермен Парис за да го произведе ограниченото издание, Edson signe Boucheron. Врвот на пенкалото е изработен од 18К цврсто злато, а телото на пенкалото е од сина проѕирна смола. Малопродажната цена била 2000 евра / 2700 долари / 1700 фунти и била ограничена на само 3471 парчиња (оваа бројка претставувала збир од годините на основање на Ватерман, 1883 година и Бушерон, 1858 година). Пенкалото е едно од најбараните парчиња.
Во 2006 година, Бушерон соработувал со Александар Меквин при создавањето на чантата Новак во ограничено издание, која го вклучувала мотивот на змија од линијата Проблемот на Бушерон.
Почетокот на соработката помеѓу Бушерон и швајцарскиот производител на часовници Жирар-Перего започнала една година подоцна во 2007 година, меѓу кои се и LadyHawk Tourbillon и ограничениот часовник Бушерон.[2]
Бушерон денес
[уреди | уреди извор]Бушерон бил семеен бизнис; по смртта на нејзиниот основач Фредерик Бушерон во 1902 година, неговите потомци го презеле бизнисот. Во 1994 година, семејниот бизнис се префрлил на поглобален пристап со продажба на Швајцерхалl.
Куќата на Бушерон потоа била купена од поранешниот Гучи во 2000 година,[3] која била купена од ППР во 2004 година[4] Пјер Буасу бил назначен за извршен директор во април 2011 година [5] и бил заменет од Хелен Пулит-Дукесне во јули 2015 година[6] Има 34 бутици ширум светот и веб-страница за онлајн е-трговија започната во 2007 година. Клер Шусн била назначена за креативен директор во 2011 година[7] Проценетата продажба на компанијата (во 2010/2011) била 50 милиони евра во вкупната продажба и 5 милиони евра во часовници.[8]
Производи
[уреди | уреди извор]Бушерон изработува часовници и накит, а има и лиценцирана сопствена марка за парфеми. Сегментите за изработка на часовници и накит постојат повеќе од 150 години. Првиот мирис, "Бушерон", бил лансиран во 1988 година. Објавени се над 22 машки и женски мириси. Од 2011 година, мирисите на Бушерон се создавале, произведувале и дистрибуирале под лиценца од Интерпарфумс.[9]
Boucheron меѓународен рејтинг на дијаманти
[уреди | уреди извор]Бушерон составил систем за класификација со кој се одредува вредноста на дијамантот, развиен врз основа на меѓународната валута на дијамантот. Бушеронметодот е регистриран под името BIRD (Boucheron International Rating of Diamonds). Овој оригинален систем на класификација се заснова на евалуација на квалитетот на дијамантот и се потпира на комбинирана анализа на два критериуми: прво, степенот на јасност и второ, бојата на каменот. Точката во која се вкрстуваат овие две променливи, „јасност“ и „боја“ дава знак на вреднување помеѓу 90/100 и 99/100 за квалитетот на дијамантот. Ознаката од 100/100 би укажала дека каменот го поседува врвниот степен на совршенство, според критериумите на Бушерон.
Мобилен телефон Веру
[уреди | уреди извор]Во заедничко вложување со брендот за мобилни телефони Верту, Бушерон ги создал првите мобилни телефони од злато и скапоцени камења кои се со ограничено издание во светот.[10] Оваа соработка продолжила со нова линија од 7 мобилни телефони Верту за прославата на 150-годишнината. Има само осум парчиња од моделот Кобра во розово злато, комплет со рубини и дијамант исечен во круша и смарагдни очи. Испреплетена околу кутија од розово злато, моделот Пајтон, змија со разнобојни сафири, дијаманти и два сафири, ќе биде претставен во 26 парчиња, како референца на адресата на познатиот златар, Вандом број 26.
Малопродажба
[уреди | уреди извор]Бушерон работи со 34 продавници ширум светот, вклучувајќи ги Париз, Кан, Сен Тропе, Монако, Бејрут, Лондон, Сан Франциско, Токио, Саитама, Јокохама, Фукуока, Кјото, Осака, Хирошима, Окајама, Нагоја, Тајпеј, Хонг Конг, Куала Лумпур, Дубаи, Баку, Москва, Торонто, Алмати и Кувајт. Марката се продава и кај 100 сертифицирани трговци на мало.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Aston, Ross (2020-10-20). „A look at Queen Elizabeth II's most beautiful pieces of jewellery“. Vogue Australia (англиски). Посетено на 2021-03-26.
- ↑ „Girard-Perregaux Limited Edition Boucheron Tribute - Luxury News from“. Luxury Insider. 2010-10-15. Архивирано од изворникот на 2012-01-23. Посетено на 2012-08-07.
- ↑ „Gucci Buys Boucheron“. Professionaljeweler.com. 2000-05-24. Архивирано од изворникот на 2012-07-13. Посетено на 2012-08-07.
- ↑ Finance. „Confident Gucci holds attraction for PPR“. Telegraph. Посетено на 2012-08-07.
- ↑ Bishop, Kathryn (2011-05-26). „New president and CEO appointed at Boucheron“. ProfessionalJeweller.com. Архивирано од изворникот на 2012-08-22. Посетено на 2012-08-07.
- ↑ „Cartier Executive Named CEO Of Boucheron“. forbes.com. 2015-07-09.
- ↑ Brunel, Charlotte (30 August 2012). „Claire Choisne réenchante Boucheron“. www.lexpress.fr. Посетено на 3 October 2012.
- ↑ Chevalier, Michel (2012). Luxury Brand Management. Singapore: John Wiley & Sons. ISBN 978-1-118-17176-9.
- ↑ „Boucheron and Interparfums sign 15-year exclusive license agreement for fragrances“. FashionMag.com. 22 December 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 23 September 2012.
- ↑ Woollard, Deidre (2006-10-07). „Boucheron for Vertu Phones“. Luxist.com. Архивирано од изворникот на 2013-04-23. Посетено на 2012-08-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Boucheron – brand and company profile at Fashion Model Directory
- (на француски) Boucheron ou l'histoire du « bijoutier du temps »