Булка
| Булка | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Лутиковидни |
| Семејство: | Афиони |
| Род: | Афион |
| Вид: | Булка |
| Научен назив | |
| Papaver rhoeas L.[1] | |
| Синоними[2] | |
| |
Булка[3][4], божанка[5][6], божурига[7][8], божурика[9][10], див афион, пеперуга[б 1] тутенка[б 2] (науч. Papaver rhoeas) — едногодишно, поретко двегодишно зелјесто растение од семејството афиони Papaveraceae.
Опис
[уреди | уреди извор]
Стеблото е исправено, неразгрането или слабо разгрането, прекриено со влакна. Листовите се јајчести, сивозелени по боја. Цветовите се крупни, темноцрвени, светлоцрвени, а поретко со бела боја. Цветот има четири венечни ливчиња, кои се тенки, нежни, на основата потемни. Плодот е чушка исполнета со многубројни, ситни, плавосиви семиња.
Употреба
[уреди | уреди извор]За лек се користат исушени цветови, кои содржат слузи, шеќери, антоцијани и друго[15]. Во народната медицина се употребува како средство против кашлица при бронхит и голема кашлица, против крварење, го скратува протромбонското време, против цревни болести, дијареја и слично[15].
Булката како тема во уметноста и популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Булки без саксија“ — расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.[16]
- „Разговор со булките“ (српски: Разговор с булкама) - песна на српскиот поет Васко Попа.[17]
- „Булки крај шините“ - македонска телевизиска серија, снимена во 1981 година (со Петре Прличко и Рубенс Муратовски во главните улоги)
Галерија
[уреди | уреди извор]- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Булки во афионово поле кај Сирково, Македонија
- Цвет на афион помеѓу цветови на булки
Белешки
[уреди | уреди извор]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Linné, Carl von (1753). Species Plantarum. 1. Stockholm: Laurentius Salvius. стр. 507.
- ↑ „Papaver rhoeas (common poppy)“. kew.org. Посетено на 24 јануари 2017.
- ↑ „булка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „булка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „божанка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „божанка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „божурига“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „божурига“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „божурика“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „божурика“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пеперуга“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „пеперуга“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „тутенка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „тутенка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- 1 2 Најдовски, Живко. „БУЛКА – PAPAVER RHOEAS (БУЛА, ДИВ АФИОН, ТУТЕНКА)“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2020-09-21. Посетено на 8 јуни 2018.
- ↑ Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 70-72.
- ↑ Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 169.
|
|