Прејди на содржината

Бугарски револуционерен централен комитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бугарски револуционерен централен комитет
Устав на БРЦК, 1870 г.
Устав на БРЦК, 1870 г.
Функционира 18701876
Водач Љубен Каравелов (1870-1875)
Христо Ботев (1875-1876)
Цели Балканска федерација (1870-1873)
Заеднички српски-бугарски сојуз (1873-1876)
Подрачја Отоманска Бугарија и Кралство Романија
Идеологија Панславизам, русофилија и србофилија
Поголеми напади Старозагорско востание
Статус укинат

Бугарски револуционерен централен комитет (стар правопис: Бѫлгарски революционни централенъ комитетъ) — организација основана од Љубен Каравелов и Васил Левски во Букурешт, Кралство Романија. БРЦК соработувала со Внатрешната револуционерна организација во Отоманска Бугарија.

Централниот комитет бил основан со различни цели меѓу членовите. Каравелов, првиот претседател на организацијата, отпрвин сметал во приклучувањето на Бугарија како дел од општа Балканска федерација против туѓо влијание. Но во 1873 година, после смртта на Васил Левски, се обидол да го премести БРЦК во Србија, како дел од иден сојуз со државата. Во 1875 година Каравелов се откажал од револуционерното движење и го наследил Христо Ботев, кој ги злоупотребил парите на организацијата.[1] После неуспехот на Старозагорското востание, централниот комитет пропаднал и го наследил Ѓурѓевскиот револуционерен комитет.[2][3]

По распуштањето на Втората бугарска Легија во Белград во 1868 година и поразот на четата на Хаџи Димитар и Стефан Караџа во јули истата година, се појавила идејата за основање на револуционерен комитет. Дел од претставниците на поранешниот Таен централен бугарски комитет заедно со приврзаниците на револуционерните идеи на Георги Сава Раковски ја основале групата Млада Бугарија. Со поддршка на оваа група во 1868-1869 година Васил Левски ги презел првите две обиколки низ Бугарија и изградбата на револуционерни комитети во нив.

Васил Левски

Во 1870 година била основан БРЦК во Букурешт. Љубен Каравелов бил задолжен да ја создаде првата програма на Комитетот. Програмата на БРЦК најпрво била објавена во руското емигранско списанието „Народно дело“ (август, 1870), а потоа и на весникот „Слобода" (октомври, истата година). Целосната програма на Комитетот била објавена во брошурата „Бугарски глас" (1870).

Стефан Стамболов

Во 1870 година биле создадени две центри: едно за дијаспората во Букурешт, под раководство на Љубен Каравелов и едно во Бугарија, познато како Привремената влада, под раководство на Васил Левски. Меѓу 29 април и 4 мај 1872 година е оддржан првиот конгрес на БРЦК каде се дискутира програмата, статутот и судбината на Внатрешната револуционерна организација. Одлучиле да превземат револуционерни акции.[4]

Љубен Каравелов предложил БРЦК да се бори за идното приклучувањето на Бугарија во општа Балканска федерација. Откако ги открил неговите цели, Левски планирал да отиде во Букурешт и да ги брани неговите ставови. По патот бил откриен од Отоманското Царство и бил осуден со смрт.[2]

По смрта на Васил Левски настапил нов период во комитетот. Биле преземени неколку неуспешни обиди за возобнова на Внатрешната организација. Во есента, 1873 година, функциите на Централен комитет за внатрешноста ги презел Трновскиот револуционерен комитет. Преку соработка со Панајот Хитов, Каравелов се обидол да ја премести БРЦК во Србија. Наместо идна Балканска федерација, организацијата почнала да се бори за сојуз меѓу Отоманска Бугарија и Кнежевство Србија.[3]

Во август 1874 година, во Букурешт се одржало ново општо собрание, каде Стефан Стамболов бил избран за наследник на Левски во Бугарија. Во раководството на самиот комитет во Букурешт Љубен Каравелов бил заменет со Христо Ботев кој станал централна фигура. На крајот на декември 1874 година помеѓу членовите на БРЦК настапило сериозно несогласување по прашањето за насоките на идната револуционерна активност. Револуционерната пропаганда му била доделува на Христо Ботев. Тој стана и уредник на неговиот печатен орган, весникот „Знаме".

Укинување

[уреди | уреди извор]

Во 1875 година, најсилно влијание врз дејноста на БРЦК во тоа време имале радикално-револуционерните ставови на Христо Ботев. Во летото истата година избувнува востание во Босна и Херцеговина, кое ги поттикнало раководителите на БРЦК кон идејата за организирање на востание во Бугарија.

Била развиена силна дејност за негова подготовка. Од различни причини, тоа избувнало предвреме во есента 1875 година и било ограничено на територијата на Стара Загора, Шумен и Трново, познато како Старозагорско востание. Неговиот неуспех довел до нова криза во Бугарскиот револуционерен централен комитет. Откако било откриено дека Ботев ги злоупотребил паричните средства на БРЦК, комитетот пропаднал околу 1876 година. Брзо наследен од Ѓурѓевскиот револуционерен комитет.[1]

  1. 1 2 Stavrianos, Leften (2000). The Balkans Since 1453. Hurst. стр. 379. ISBN 9781850655510.
  2. 1 2 Wenshuang 2014, стр. 46-47.
  3. 1 2 Wenshuang 2014, стр. 49-50.
  4. История на българите в осем тома, том 5, Димитър Зафиров, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2007, ISBN 9546212350, стр. 287.

Библиографија

[уреди | уреди извор]