Ѓурѓевски револуционерен комитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стефан Стамболов

Ѓурѓевскиот револуционерен комитет билa бугарска организација, основана во есента 1875 година во Ѓурѓево. Во Комитетот влегувале: Никола Обретенов, Панајот Волов, Стојан Заимов, Стефан Стамболов, Иларион Драгостинов, Георги Икономов, Ѓорѓи Апостолов, Христо Караминков, Сава Пенев, Никола Славков, Георги Измирлиев, Георги Обретенов, Јанко Ангелов, Никола П. Мартинов, Тодор Петков - чорбаџијата, Иван Стојанов, Христо Иванов - Големиот. За претседател на Комитетот е избран Стефан Стамболов, а за секретар - Стојан Заимов [1][2].

Неуспехот на Старозагорското востание предизвикал разочарување меѓу дел од бугарската емиграција, но ситуацијата на Балканот продолжила да биде погодна за вооружени акции против Високата порта. Имајќи ги предвид сериозните политички проблеми на Османлиската империја и продлабочувањето на Источната криза, некои од членовите на самораспуштениот Бугарски револуционерен централен комитет одлучиле да пристапат кон подготовка на ново востание во Бугарија. За таа цел тие ја изградиле во Ѓурѓевската политичка организација, во бугарската историографија позната како Ѓурѓевски револуционерен комитет.

Состаноците на Ѓурѓевскиот револуционерен комитет почнале околу 11-12 ноември 1875 година и продолжиле до 25 декември. Меѓу неговите учесници се издвојувале Стефан Стамболов, Панајот Волов, Стојан Заимов, Никола Обретенов, Георги Бенковски, Иларион Драгостинов. Раководството било во рацете на Стамболов, а Заимов ја извршувал функцијата секретар. Новоформираната политичка партија се состоела од млади, енергични и решителни луѓе. Повеќето од членовите на Комитетот имале богато револуционерен искуство. Некои од нив се истакнале како апостоли во неуспешното Старозагорско востание. Други служеле во руската армија и имале добри познавања во военото дело. Сите тие биле разочарани од неплодните спорови и взаемни обвинувања меѓу бугарската емиграција.

Сите ѓурѓевски дејци биле едногласни по прашањето дека во пролетта 1876 година требало да се организира ново востание. Затоа вниманието на Комитетот било насочено кон оние прашања од кои зависела успешната подготовка на идното востанието. Користејќи го искуството од летото 1875 година, Ѓурѓевскиот револуционерен комитет ја разделил земјата на пет области:

Првиот трновски револуционерен округ му бил доверен на Стефан Стамболов, а негови помошници станале Христо Караминков - Бунито и Георги Измирлиев - Македончето.
Втори сливенски револуционерен округот на Иларион Драгостинов со помошници Георги Обретенов и Георги Икономов.
Третиот врачански револуционерен округ бил раководен од Стојан Заимов, со помошници Георги Апостолов и Иваница Данчов.
Четвртиот пловдивски револуционерен округ бил предводен од Панајот Волов со помошници Георги Бенковски и Тодор Каблешков.
Петиот софиски револуционерен округ на Никола Обретенов, а негов помошник бил Никола Славков.

Според плановите на Ѓурѓевскиот револуционерен комитет на територијата на Бугарија треба да се изградат 24 збега, во кои при опасност требало жените, децата и возрасните лица да се засолнат. Востаничките силе требало да го преземат обезбедувањето на старопланинските премини. Било предвидено уривање на железничката линија Едрене - Белово и палењето на Одрин, Пловдив, Пазарџик, Софија и неколку муслимански села. Целта на овие диверзански акции биле да се предизвика паника меѓу муслиманското население и да се парализира работата на локалните турски власти.

За да се охрабрат Бугарите, требало да се пушти глас дека Србија и Русија го чекаат објавувањето на востанието, за да ја нападнат Османлиската империја. Посебно внимание било посветено на кохерентноста помеѓу окрузи, на револуционерното агитирање, на активностите на емиграцијата во решавачкиот час, на доброто вооружување на населението. До сите Бугари во руската, романската и српската армија биле упатени повици да се вклучат во подготовката на востанието. Бил изготвен и текстот на востаничката заклетва. Ѓурѓевскиот револуционерен комитет предвидувал по прогласувањето на востанието да се создаде слободна територија, управувана од привремена влада.

Ѓурѓевските дејци не ја одредиле точната дата за кревање на востанието во Бугарија. За време на своите седници тие ја назначиле потребата од поголема флексибилност и понудиле три датуми: 18 април, 1 мај или 11 мај. Во текот на подготовките секој округ требало да го процени степенот на подготвеност и да одреди кога населението да се крене на востание. Конечната дата требало да се усогласи помеѓу раководителите на петте области. Планот на идното востание бил конечно завршен околу 25 декември 1875 година, по што Комитетот се самораспуштил, а одредените раководители се префрлиле преку Дунав и ја започнале напорна работа за подготовка на востанието.

Види исто така[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]