Прејди на содржината

Таен централен бугарски комитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Таен централен бугарски комитет
КратенкаТЦБК/ТБЦК
Основана27 мај, 1866
Укината1868
ВидЕмигратска организација
Правен статусУкината
ЦелАвтономија за христијаните во Отоманското Царство
СедиштеБукурешт, Романија
РегионОтоманска Бугарија
Службени јазициромски и руски
РаководителИван Касабов
Клучни лицаГеорги Раковски, Иван Аџенов, Стефан Репов и Васил Левски
Матична организацијаРоманија

Таен централен бугарски комитет или Таен бугарски централен комитет — организација формирана по иницијатива од Романската власт со личности по потекло од Бугарија. Организацијата дејствувала меѓу 1866 и 1868 година. Бугарската историографија ја толкува организацијата како еден од најстарите здруженија формирани надвор од Бугарија. Покрај нејзиното кратко дејствување ТЦБК редовно ги променувала нејзините цели. Комитетот отпрвин се борел за автономија на христијаните во Отоманското Царство, подоцна почнала да подржува сојуз меѓу Бугарија и Романија.

Покрај големото историско значење на бугарскиот народ, организацијата била неправилно организирана и необмислена. Околу крајот на 1868 година поради внатрешни несогласувања централниот комитет бил укинат заедно со организацијата. Сепак движењето продолжило, под водство на Васил Левски во 1870 година се формирало Бугарскиот револуционерен централен комитет кој соработувал со Внатрешната револуционерна организација.

Податоци

[уреди | уреди извор]

Ноќта, помеѓу 10 и 11 јуни 1866 година во Букурешт бил извршен државен удар и кнез Јован Александар Куза бил соборен од престолот. Со тоа бил прекршен договорот со Османлиското Царство која го признала обединување на Влашка и Молдавија во 1858 година. Османлиското Царство инсистирала на резделување на двете кнежевство и почнала да собира сили на Дунав.[1]

Новата романската влада побарала поддршка од бугарската емиграција. Како резултат на преговорите помеѓу двете страни, бил постигнат договор за заеднички активности против Османлиското Царство, бил потпишан и „Закон за света коалиција меѓу Романија и Бугарија", а во декември 1866 е основан Тајниот централен бугарски комитет. За раководител на комитетот бил избран Иван Касабов.[1] Комитетот имал за цел формирање на бугарска држава, а притоа се дозволувало да биде зависна од Високата порта или дел од една поширока конфедерација со соседните народи. За постигнување на целта не се исклучувало и вооружено востание. Во статутот и програмата на Комитетот, било предвидено изградба на организациона мрежа на територијата на Романија, Србија, Јужна Русија и Бугарија. ТБЦК сметал на финансиска помош од романската влада.

По надминувањето на противречностите помеѓу Романија и Османлиското Царство, романските претставници се повлекле од соработка со Комитетот, а ТЦБК ги продолжил своите активности, како самостојна организација. Во Комитетот се оформиле две крила - умерено (Пандели Кисимов, Иван Грудов, Иван Аџенов) и радикално (Иван Касабов, Киријак Цанков).[2]

Комитетот извршил неколку пропагандни акции, со цел промоција на Бугарското политичко прашање. Во декември 1866 година била издена брошурата "Бугарија во Европа", во март 1867 бил подготвен и доставен еден мемоар до султанот Абдул Азис. Во мемоарот било побарно создавање на бугарско-турска држава, по примерот на неодамна создадената Австроунгарија. Со неколку дополнувања, мемоарот бил испратен и до рускиот император Александар II, францускиот император Наполеон III, прускиот крал Вилхелм I, прускиот канцелар Ото фон Бизмарк и до редакциите на влијателни европски весници со барање за помош за разрешување на бугарското прашање.[3] Комитетот издавал и свој весник „Народност" (1867-1869).

ТЦБК е создаден без знаење и одобрение на Георги Раковски, кој има потценувачки однос кон него.[1] Во 1868 година, Комитетот ја прекинал својата работа.

  1. 1,0 1,1 1,2 „Записки на Христо Н. Македонски (1852-1877)“. Архивирано од изворникот на 2012-04-25. Посетено на 2012-05-11.
  2. „Начало на организирано националноосвободително движение“. Архивирано од изворникот на 2010-08-24. Посетено на 2012-05-11.
  3. [http://liternet.bg/publish4/bgyrdev/istoria/dualizam.htm Борислав Гърдев - Несполучилият дуализъм