Прејди на содржината

Млада Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Млада Бугарија била бугарска емигранска политичка организација, основана во Букурешт, Романија во 1869 година од страна на Иван Касабов, Димитар Ценович, Кириак Цанков, Иван Кршовски по распадот на Бугарско општество.

Печатен орган на "Млада Бугарија" е весник "Тапани". Организацијата не успеала да ја обедини околу себе бугарската емиграцијата и не можела да ги координира активностите на бугарските револуционерните сили. Нејзини ограници биле формирани и во други дунавски градови дунавски како Браила и др.

Во "Млада Бугарија" се создале различни идејни теченија. Браилската организација го нападнала весникот "Народност" кој се објавил за официјален на организацијата. Дваесет души испратиле писмо до Иван Касабов во кое го повикале да не легитимира весник "Народност" како официјален орган на организацијата бидејќи "Народност" бил е во спротивност со донесената идеологија на "Млада Бугарија"-Браила "да служи за поврзување на духовното единство и братство меѓу Бугарите ".

Букурешката организација испратила делегација до италијанските и руските револуционерни движења чија цел е да бидат одобрени и поттикнати. На средбата во летото 1869 Михаил Бакунин им ветил помош на Бугарите во привлекувањето на Франција кон бугарската кауза, а Џузепе Мацини понудил совети и конкретни чекори за подготовка на сенародно востание. Советите не нашле практична примена. До крајот на својата дејност "Млада Бугарија" ги помагала активностите на Васил Левски во бугарската земја.