Бојан Крижај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бојан Крижај
Лични податоци
Полно имеБојан Крижај
Роден(а)3 јануари 1957 (1957-01-03) (62 г.)
Крањ, СФРЈ, денес Словенија
Спорт
ЗемјаСФРЈ СФР Југославија
СпортАлпско скијање

Бојан Крижај (словенечки: Bojan Križaj) (3 јануари 1957, Крањ, Словенија) е бивш југословенски скијач. Бил изразен техничар и еден од најдобрите светски специјалисти за слалом и велеслалом во осумдесеттите години на минатиот век.

Крижај е роден во скијачко семејство. Веќе со три години научил да скија. Уште во декември 1976 година ги освоил првите поени во Светскиот куп. На почетокот на сезоната 1977/78, во слалом во Мадона ди Кампиљо по прв пат се пласирал меѓу првите три места, а две години подоцна, на 20 јануари 1980 година, во Венген ја остварил својата прва победа. Тоа воедно била прва победа на еден југословенски натпреварувач во натпреварите на Светскиот куп. До крајот на кариерата остварил уште седум победи. Со тоа Крижај станал најуспешен југословенски и воедно словенечки скијач на сите времиња.

На Олимписките игри 1980, во Лејк Плесид, Крижај го освоил четвртото место заостанувајќи само две стотинки зад третопласираниот.

Единствениот медал го освоил на Светското првенство 1982 во Шладминг, каде го освоил второто место во слалом, зад Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.

Ја заврши кариерата во март 1988 година, на финалната трка на Светскиот куп во Салбах-Хинтерглем, каде кратко пред целта ги извади скиите и пешки помина низ целта.

Неговиот син Андреј е член на словенечката скијачка репрезентација.

Бојан Крижај учествувал во организационот одбор на Шарпланинскиот куп како директор за натпревар во 2012[1] и 2013 година.[2]

Победи во Светскиот куп[уреди | уреди извор]

Датум Место Дисциплина
20 јануари 1980 Швајцарија Венген, Швајцарија Слалом
25 јануари 1981 Швајцарија Венген, Швајцарија Слалом
20 март 1982 Социјалистичка Федеративна Република Југославија Крањска Гора, СФРЈ Слалом
12 февруари 1983 Франција Маркстен, Франција Слалом
16 декември 1984 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
21 март 1986 Канада Бромон, Канада Слалом
20 декември 1986 Социјалистичка Федеративна Република Југославија Крањска Гора, СФРЈ Слалом
25 јануари 1987 Австрија Кицбил, Австрија Слалом


Наводи[уреди | уреди извор]