Борка Павиќевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борка Павиќевиќ

Борка Павиќевиќ (Котор, 5 јуни 1947[1]Белград, 30 јуни 2019)[2]српска драмска писателка, театарска режисерка, новинарка и активистка.

Биографија[уреди | уреди извор]

Борка Павиќевиќ била родена во Котор во 1947 година. Како дете се преселила во Белград и таму ги завршила основното образование, гимназијата, а подоцна и Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Дипломирала во 1971 година, а во 1976 година, на истиот факултет ги завршила и магистерските студии.

Основоположник е на театарот „Нови сензибилности“, во старата белградска пивара, во 1981 год; подржувач е на либерализмот и пацифизмот.[3]

Од 1984 до 1991 година учествувала во уметничкото движење "КПГТ". Во почетокот на 1990-тите години, била уметнички директор на Белградскиот драмски театар, кое место го напуштила поради политички недоразбирања.[4]

Павиќевиќ била драматург во Атеље 212, БИТЕФ,[5] а од 1994 година го водела Центарот за културна деконтаминација, Павиљон Вељковиќ, и била ко-основоположник на невладината организација Белградски круг.[6][7]

Павиќевиќ се занимавала и со публицистика. Пишувала колумни во повеќе весници: Сусрет, НИН, Књижевне новине, а сега пишува за весникот Данас.

Центарот за културна деконтаминација, кој таа го основала, има организирано повеќе од 5000 настани, изложби, протести и предавања. Била потпишувач на декларацијата Движење за граѓански отпор, во 2012 год., и е коавтор на книгата „Белград мој Белград“.[8]

Се појавила и во два документарни филма „The Weight of Chains 2“ и „Лауш“.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Павиќевиќ има освоено бројни награди: [9][10][11]

  • Наградата Ото Рене Кастиљо за политички театар, Њујорк (2000)
  • Наградата Хирошима фондација за мир и култура (2004)
  • Наградата Освајување на слободата  на Фондацијата Маја Маршиќевиќ Тесиќ, за дела кои ги потврдуваат принципите на човечките права, владеење на правото, демократија и толеранција (2005)
  • Награда Роутес, Амстердам (2009/2010)
  • Национален орден Легија на честа од Владата на Република Франција (2001)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://www.womeninpeace.org/p-names/2017/7/11/borka-pavicevic
  2. http://www.rts.rs/page/stories/sr/story/125/drustvo/3574292/preminula-borka-pavicevic.html
  3. Slpašak, Svetlana (1997) (на en). The war started at Maksimir: hate speech in the media : content analyses of Politika and Borba newspapers, 1987-1991. Media Center. https://books.google.mk/books?id=E_xkAAAAMAAJ&redir_esc=y. 
  4. Kratka istorija kulturnog trovanja“, „Nedeljnik Vreme“.
  5. „DRAMAQUEEN-SYMPOSIUM 06.05.2010 - 08.05.2010 BERLIN“. www.dramaqueen-symposium.com (German). конс. 2018-05-11. 
  6. (на en) Yale Theatre. Yale School of Drama. 2002. https://books.google.mk/books?id=eNMKAQAAMAAJ&redir_esc=y. 
  7. „Participants | Cross Border Experience“. www.crossborderexperience.org (en-US). конс. 2018-05-11. 
  8. Borka Pavićević | CZKD“, „CZKD“, 8 октомври 2017. (на sr-RS)
  9. „014 Hiroshima Prizes to be presented to Senator Roméo Dallaire and Kettly Noël, dancer and choreographer“. Hiroshima Foundation. 24. 03. 2014. Архивирано од изворникот на 27. 05. 2014. конс. 27. 05. 2014.. 
  10. „Interview with 2nd ECF Princess Margriet Award laureate Borka Pavićević“. European Cultural Foundation. конс. 27. 05. 2014.. 
  11. „Borka Pavićević - Večiti sam buntovnik“. Блиц. конс. 21. 10. 2007.