Билјана Беличанец-Алексиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 22:09, 9 април 2019; направена од Ehrlich91 (разговор | придонеси) (Отстрането уредувањето на 79.125.198.14 (разговор), вратено на последната верзија на Raso mk)
Билјана Беличанец-Алексиќ
Роден 25 јули 1973
Скопје
Починал 6 април 2019(2019-04-06) (возр. 45)[1]
Скопје
самоубиство
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Од денес за утре
Мајки
Занимање глумица
градоначалник на Општина Кисела Вода

Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3]

Биографија

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“. На 6 април 2019 година била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата се работело за самоубиство.

Наводи

Надворешни врски