Бенигна хиперплазија на простатата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бенигна хиперплазија на простатата
Benign Prostatic Hyperplasia nci-vol-7137-300.jpg
Дијаграм на нормална простата (лево) и бенигна хиперплазија на простатата (десно)
Специјалност Урологија
Симптоми Често уринирање, тешкотии во иницирање мокрење, слаб млаз на урина, уринарна ретенција, уринарна инконтиненција[1]
Компликации Инфекции на уринарниот тракт, камења во мочниот меур, хронични проблеми со бубрезите[2]
Вообичаена појава Над 40 години[1]
Причинители Нејасни[1]
Ризик-фактори Фамилијарна историја, гојазност, дијабетес тип 2, недоволна физичка активност, еректилна дисфункција[1]
Дијагностички метод Врз основа на симптомите и направениот преглед по отфрлање на други можни причинители[2]
Диференцијална дијагноза Срцева слабост, дијабетес, рак на простата[2]
Третман Промени во животниот стил, лекови, голем број на процедури, хирургија[1][2]
Лекови Алфа блокатори како теразосин, 5α-редуктаза инхибитори како финастерид[1]
Фреквенција 105 милиони на глобално ниво (2015)[3]

Бенигна хиперплазија на простатата (БХП) е неканцерозно зголемување на простатата.[1] Симптомите може да вклучуваат често уринирање, тешкотии во иницирање мокрење, слаб млаз на урина, уринарна ретенција, или уринарна инконтиненција.[1] Компликации кои можат да настанат се инфекции на уринарниот тракт, камења во мочниот меур и хронични проблеми со бубрезите.[2]

Причината за појава на БХП не е позната.[1] Ризик факторите вклучуваат фамилијарната историја, гојазност, дијабетес тип 2, недоволна физичка активност, и еректилна дисфункција.[1] Лекови како псеудоефедрин, антихолинергици, и блокатори на калциумовите канали може да ги влошат симптомите.[2] Основниот механизам вклучува притискање на уретрата од страна на простатата со што се отежнува протокот на урина од мочниот меур.[1]

Опциите за лекување вклучуваат промени во животниот стил, лекови, голем број на процедури, и хирургија.[1][2] Кај оние со поблаги симптоми се препорачува намалување на телесната тежина, вежбање, и намалување на внесот на кофеин.[2] Кај оние со посериозни симптоми лековите може да вклучуваат алфа блокатори како теразосин или 5α-редуктаза инхибитори како финастерид.[1] Хируршко отстранување на дел од простатата може да се изведе кај оние кај кои нема подобрување на симптомите со останатите мерки.[2]

Околу 105 милиони луѓе во светот имаат БХП.[3] БХП обично започнува по 40-та година.[1] Половина од мажите над 50 години се афектирани.[2] После 80-та година околу 90% од мажите се погодени.[1] Иако нивоата на простата-специфичен антиген можат да бидат покачени кај мажи со БХП, состојбата не го зголемува ризикот за појава на рак на простатата.[4]

Менаџмент[уреди | уреди извор]

Лекови[уреди | уреди извор]

Две главни класи на лекови кои се користат во третманот на БХП се алфа блокаторите и 5α-редуктаза инхибиторите.[5]

Алфа блокатори[уреди | уреди извор]

Селективните α1-блокатори се најчестиот избор за иницијална терапија.[6][7][8] Тука спаѓаат алфузосин,[9][10] доксазосин,[11] силодосин, тамсулозин и теразосин. Користа од нивната употреба е мала до умерена.[12] Сите пет се подеднакво ефикасни но имаат различни профили на несакани ефекти.[13] Алфа блокаторите вршат релаксација на мазните мускули во простатата и вратот на мочниот меур, со што ја намалуваат блокадата на протокот на урина. Чести несакани ефекти на алфа блокаторите вклучуваат ортостатска хипотензија (појава на вртоглавица при станување или истегнување), промени во ејакулацијата, еректилна дисфункција,[14] главоболка, назална конгестија, и слабост.

5α-Редуктаза инхибитори[уреди | уреди извор]

5α-редуктаза инхибиторите, како финастерид и дутастерид се користат во третман на БХП.[15] Овие лекови вршат инхибиција на ензимот 5α-редуктаза, со што се инхибира продукцијата на DHT, хормон одговорен за зголемувањето на простатата. За појава на ефектите потребно е подолго време во споредба со алфа блокаторите, но нивното времетраење може да биде и до повеќе години.[16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 „Prostate Enlargement (Benign Prostatic Hyperplasia)“. септември 2014. архивирано од изворникот на 4 октомври 2017 г.. https://web.archive.org/web/20171004190055/https://www.niddk.nih.gov/health-information/urologic-diseases/prostate-problems/prostate-enlargement-benign-prostatic-hyperplasia. посет. 19 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 2,9 Kim, EH; Larson, JA; Andriole, GL (2016 г). Management of Benign Prostatic Hyperplasia. „Annual Review of Medicine“ том  67: 137–51. doi:10.1146/annurev-med-063014-123902. PMID 26331999. 
  3. 3,0 3,1 GBD 2015 Disease and Injury Incidence and Prevalence, Collaborators. (8 октомври 2016 г). Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015.. „Lancet“ том  388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMID 27733282. 
  4. Chang, RT; Kirby, R; Challacombe, BJ (април 2012 г). Is there a link between BPH and prostate cancer?. „Practitioner“ том  256: 13–6, 2. PMID 22792684. 
  5. Silva, J; Silva, CM; Cruz, F (јануари 2014 г). Current medical treatment of lower urinary tract symptoms/BPH: do we have a standard?. „Current Opinion in Urology“ том  24 (1): 21–8. doi:10.1097/mou.0000000000000007. PMID 24231531. 
  6. Roehrborn, Claus G.; Nuckolls, James G.; Wei, John T.; Steers, William; BPH Registry and Patient Survey Steering Committee. The Benign Prostatic Hyperplasia Registry and Patient Survey: study design, methods and patient baseline characteristics. „BJU International“ том  100 (4): 813–9. doi:10.1111/j.1464-410X.2007.07061.x. PMID 17822462. 
  7. Black, L; Naslund, MJ; Gilbert Jr, TD; Davis, EA; Ollendorf, DA. An examination of treatment patterns and costs of care among patients with benign prostatic hyperplasia. „The American journal of managed care“ том  12 (4 Suppl): S99–S110. PMID 16551208. http://www.ajmc.com/pubMed.php?pii=3096. 
  8. Hutchison, A; Farmer, R; Verhamme, K; Berges, R; Navarrete, R. The Efficacy of Drugs for the Treatment of LUTS/BPH, A Study in 6 European Countries. „European Urology“ том  51 (1): 207–15 discussion 215–6. doi:10.1016/j.eururo.2006.06.012. PMID 16846678. 
  9. MacDonald, Roderick; Wilt, Timothy J.. Alfuzosin for treatment of lower urinary tract symptoms compatible with benign prostatic hyperplasia: A systematic review of efficacy and adverse effects. „Urology“ том  66 (4): 780–8. doi:10.1016/j.urology.2005.05.001. PMID 16230138. 
  10. Roehrborn, Claus G. Efficacy and safety of once-daily alfuzosin in the treatment of lower urinary tract symptoms and clinical benign prostatic hyperplasia: a randomized, placebo-controlled trial. „Urology“ том  58 (6): 953–9. doi:10.1016/S0090-4295(01)01448-0. PMID 11744466. 
  11. MacDonald, Roderick; Wilt, Timothy J.; Howe, R. William. Doxazosin for treating lower urinary tract symptoms compatible with benign prostatic obstruction: a systematic review of efficacy and adverse effects. „BJU International“ том  94 (9): 1263–70. doi:10.1111/j.1464-410X.2004.05154.x. PMID 15610102. 
  12. Wilt, TJ; Mac Donald, R; Rutks, I (2003 г). Tamsulosin for benign prostatic hyperplasia.. „The Cochrane Database of Systematic Reviews“ (1): CD002081. doi:10.1002/14651858.CD002081. PMID 12535426. 
  13. Djavan, Bob; Marberger, Michael. A Meta-Analysis on the Efficacy and Tolerability of α1-Adrenoceptor Antagonists in Patients with Lower Urinary Tract Symptoms Suggestive of Benign Prostatic Obstruction. „European Urology“ том  36 (1): 1–13. doi:10.1159/000019919. PMID 10364649. 
  14. Santillo, VM; Lowe FC. Treatment of benign prostatic hyperplasia in patients with cardiovascular disease. „Drugs and Aging“ том  23: 795–805. doi:10.2165/00002512-200623100-00003. PMID 17067183. 
  15. Blankstein, U; Van Asseldonk, B; Elterman, DS (февруари 2016 г). BPH update: medical versus interventional management. „The Canadian Journal of Urology“ том  23 (Supplement 1): 10–15. PMID 26924590. http://www.canjurol.com/html/free-articles/V23I1S1F-07_DrElterman.pdf. 
  16. Roehrborn, C; Bruskewitz, R; Nickel, J; McConnell, J; Saltzman, B; Gittelman, M; Malek, G; Gottesman, J; и др.. Sustained Decrease in Incidence of Acute Urinary Retention and Surgery With Finasteride for 6 Years in Men With Benign Prostatic Hyperplasia. „The Journal of Urology“ том  171 (3): 1194–8. doi:10.1097/01.ju.0000112918.74410.94. PMID 14767299. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори