Фимоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Фимоза - деформација која се изразува како стеснување на кожата на пенисот.

Опис и симптоми[уреди | уреди извор]

Фимозата претставува стеснување на кожата на пенисот поради што таа не може да отиде преку главата на пенисот. Претесниот отвор на кожата влијае врз нормалното функционирање на пенисот. Се проценува дека околу 2% од машкото население има вродена фимоза. Како посебен вид деформација се јавува парафимозата кај која, исто така, постојат тешкотии поврзани со кожата на пенисот, меѓутоа, во овој случај, кожата е зад главата на пенисот при што не може да се растегне нанапред.[1]

Лекување[уреди | уреди извор]

Лекувањето на фимозата и парафимозата се спроведува со хируршка интервенција (обрежување), а се применуваат и стероидни кремови и техники за растегнување на кожата на пенисот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11.
  2. „И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11.