Рак на простата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



Рак на простата
Синоними Карцином на простата
Diagram showing the position of the prostate and rectum CRUK 358.svg
Положба на простатата
Специјалност Онкологија, урологија
Симптоми Нема, тешкотии при мокрење, крв во урина, болка во карлицата, грбот, или при мокрење[1][2]
Вообичаена појава Возраст > 50 години[3]
Ризик-фактори Возраста, семејната историја, расата[3]
Дијагностички метод Ткивна биопсија, медицинско снимање[2]
Слични состојби Бенигна хиперплазија на простатата[1]
Третман Активно следење, хирургија, радиотерапија, хормонска терапија, хемотерапија[2]
Прогноза Стапка на петгодишно преживување 99% (САД)[4]
Фреквенција 1.1 милион нови случаи (2014)[5]
Смртни случаи 307,000 (2014)[5]

Рак на простата (латински: Carcinoma prostatae) - малигно заболување на простатата, жлезда кај машкиот репродуктивен систем.[6] Повеќето канцери на простатата се спорорастечки; сепак, во некои случаи можат да растат релативно брзо.[1][3] Канцер-клетките може да се прошират од простатата во други делови од организмот, особено во коските и лимфните јазли.[7] Иницијално може да нема симптоми.[1] Во подоцните стадиуми, може да доведе до тешкотии во мокрењето, крв во урината или болка во карлицата, грбот, или при мокрење.[2] Слични симптоми покажува и бенигната хиперплазија на простатата.[1] Други симптоми во подоцните стадиуми се чувство на замор поради ниското ниво на црвени крвни клетки.[1]

Фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на рак на простатата се возраста, семејна историја на болеста, и расата.[3] Околу 99% од случаите се појавуваат кај мажи над 50 години.[3] Ако роднина од прво колено боледувал од рак на простатата ризикот за појава се зголемува за два до три пати.[3] Во САД, почеста е појавата кај афроамериканското население во споредба со белото население.[3] Други фактори за појава вклучуваат исхрана богата со процесирано месо, црвено месо или млечни производи или исхрана сиромашна со одредени видови на зеленчук.[3] Откриена е поврзаност на гонорејата со зголемен ризик за појава на рак на простатата, но причината за оваа поврзаност не е идентификувана.[8] Зголемен ризик е исто така поврзан со BRCA-мутациите.[9] Карциномот на простата се дијагностицира со биопсија.[2] Потоа може да се изведе медицинско снимање со цел да се утврди дали канцерот се проширил во други делови од организмот.[2]

Фактори на ризик[уреди | уреди извор]

Ракот на простатата е најчестото малигно заболување кај мажите во развиените земји и претставува најголем здравствен проблем кај мажите во втората и во третата животна доба. Оваа болест е најчеста кај мажите на возраст над 70 години, а многу ретко се јавува на возраст под 40 години.
Најчести фактори на ризик за појава на оваа болест се: начинот на исхрана, режимот на живот, пушење, стрес, пиење алкохол, како и наследните фактори. Ако роднина од прво колено (татко или брат) боледувал од рак на простатата, ризикот за појава на оваа болест кај останатите машки членови на семејството се зголемува за двапати.

Дијагностика и терапија[уреди | уреди извор]

За рано откривање на ракот на простатата се препорачуваат редовни годишни уролошки прегледи со ултразвук и анализа на присуството на специфичниот антиген во крвта - PSA (Prostate-specific antigen).
Лекувањето на ракот на простатата вклучува оперативен зафат, придружен со радиотерапија или хемотерапија, како и примена на одредени лекови.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NCI2014TxPro.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Prostate Cancer Treatment (PDQ) – Patient Version“. National Cancer Institute. 8 април 2014. архивирано од изворникот на 5 јули 2014 г.. https://web.archive.org/web/20140705121244/http://www.cancer.gov/cancertopics/pdq/treatment/prostate/Patient/page1/AllPages. посет. 1 јули 2014 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 World Cancer Report 2014. World Health Organization. 2014. стр. Chapter 5.11. ISBN 9283204298. 
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име SEER2014.
  5. 5,0 5,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име WCR2014Epi.
  6. „Prostate Cancer“. архивирано од изворникот на 12 октомври 2014 г.. https://web.archive.org/web/20141012175220/http://www.cancer.gov/cancertopics/types/prostate. посет. 12 октомври 2014 г. 
  7. Ruddon, Raymond W. (2007). Cancer biology (4th издание). Oxford: Oxford University Press. стр. 223. ISBN 9780195175431. https://books.google.com/books?id=PymZ1ORk0TcC&pg=PA223. 
  8. Caini, Saverio; Gandini, Sara; Dudas, Maria; Bremer, Viviane; Severi, Ettore; Gherasim, Alin. Sexually transmitted infections and prostate cancer risk: A systematic review and meta-analysis. „Cancer Epidemiology“ том  38 (4): 329–338. doi:10.1016/j.canep.2014.06.002. PMID 24986642. 
  9. Lee, MV; Katabathina, VS; Bowerson, ML; Mityul, MI; Shetty, AS; Elsayes, KM; Balachandran, A; Bhosale, PR; и др. (2016 г). BRCA-associated Cancers: Role of Imaging in Screening, Diagnosis, and Management.. „Radiographics: a review publication of the Radiological Society of North America, Inc“ том  37 (4): 1005–1023. doi:10.1148/rg.2017160144. PMID 28548905. 
  10. Ловорка Николовска - Лола, „Препаратот одговара на поставената дијагноза“, Здравје, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори