Пејрониева болест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пејрониева болест
СпецијалностУрологија Уреди на Википодатоците

Пејрониева болест - видлива закривеност на пенисот.

Опис и симптоми[уреди | уреди извор]

Пејрониевата болест се јавува кај приближно 2% од машкото население. Болеста е видлива при ерекција. Притоа, малата закривеност на пенисот е нормална појава, додека болната ерекција може да биде знак за ова заболување. Освен закривеноста може да се јави и потеченост, која понекогаш сама од себе исчезнува. Закривеноста најчесто се појавува како последица од оштетување на пенисот при ерекција.[1]

Последици[уреди | уреди извор]

Пејрониевата болест е една од најчестите причини за болни полови односи кај мажите и тешкотии при пенетрацијата, а во одреднеи случаи може да доведе и до импотенција.[1]

Лекување[уреди | уреди извор]

Пејрониевата болест се лекува со хируршко и нехируршко отстранување на состојбата на пенисот. Најчесто се лекува со инјекции, бидејќи болеста, всушност, претставува артритис на пенисот при што може да се применуваат вообичаените лекови при третирање на артритисот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „И габите се причина за болен полов однос“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 11.