Бедфордшир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Инфокутија Англиска грофовија Бедфордшир (англиски: Bedfordshire, скрат. Beds.) — церемонијална грофовија од историско потекло во источна Англија. Се граничи со грофовиите Кембриџшир на североисток, Нортхемтоншир на север, Бакингемшир на запад и Хартфордшир на југоисток.

Највисока точка е на Данстабл Даунс (243 м) на венецот Чилтернски Ридови.

Во 2002 г. пчелоносната орхидеја (Ophrys apifera) е избрана за грофовиско цвеќе.[1]

Грофовијата е на 14-то место по густина на населеност во Англија. Над половина од населението живее во двете поголеми градски подрачја: Бедфорд (102.000) и Лутон (236.000).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Грофовијата по име прв пат се среќава во 1011 г. како „Беданфордскир“ (Bedanfordscir), што значи „крајот на Бедфорд“, кој пак има значење „Бродот на Беда“ (Beda's ford) — место каде се преминува реката.

Традиционално Бедфордшир се делел на стотини стотини (hundreds): Барфорд, Биглсвејд, Клифтон, Флит, Мансхед, Редборнстоук, Стоден, Вајли, Виксамтри, заедно со самиот град Бедфорд и неговото подрачје.

Границите на грофовијата претрпеле неколку измени, особено во последните сто години.

Географија[уреди | уреди извор]

На јужниот крај на грофовијата преовладува срт од креда познат како Чилтернски Ридови. Останатиот дел образува широк слив на реката Грејт Уз и нејзините притоки. Највеќето карпи се глинести и песочнички, и потекнуваат од периодите јура и креда, а има и варовник. Ледничките одрони од креда ги изложиле цврстите јазли од кремен во облик на чакал. Овој чакал во минатото се експлоатирал, а денес браздите се езера.

Клима[уреди | уреди извор]

Бидејќи се наоѓа во источниот дел од Англија, Бедфордшир има релативно сува клима. Просечните врнежи во Бедфорд изнесуваат 597,6 мм годишно.[3] Највлажен месец е октомври (62,5 мм), а најсув е февруари (36,7 мм).

Просечната ниска температура во февруари преку ноќта изнесува 0,8 °C,[3]додека пак дневната висока во јули изнесува 22,1 °C.[3] Највисоката забележана температура за последниве две децении е 35,9 °C.[4] Во декември 2010 г, температурата паднала под -15 °C во делови од земјата (на пр. во Воберн).

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Легенда

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Bedfordshire Magazine
  • Elstow Moot Hall leaflets on John Bunyan and 17th century subjects
  • Guide to the Bedfordshire Record Office 1957 with supplements.
  • History of Bedfordshire, Bedfordshire County Council, 1969

Надворешни врски[уреди | уреди извор]