Прејди на содржината

Антофала

Координати: 25°33′45″S 67°52′51″W / 25.56250° ЈГШ; 67.88083° ЗГД / -25.56250; -67.88083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Антофала
Антофала на зајдисонце
Највисока точка
Надм. вис.6409 м [1]
Истакнатост1957 м
Координати25°33′45″S 67°52′51″W / 25.56250° ЈГШ; 67.88083° ЗГД / -25.56250; -67.88083
Географија
Антофала на карта

Карта

МестоКатамарка, Аргентина
Матичен венецАнди
Геологија
ВидСтратовулкан
Последен избувПлеистоцен[2]
Искачување
Прво освојувањеИнки, Претколумбовски период (пред 1500 година)

Антофала е активен стратовулкан  во Аргентина[3]. Тој се наоѓа во провинција Катамарка, во округот Антофагаста де ла Сиера. Вулканот се наоѓа на североисточниот раб на Пуна де Атакама, висока пустинска висорамнина источно од пустината Атакама. Лежи само западно од Салар де Антофала, голема солена пустина од 140 километри. Урнатини од Инките можат да се најдат на врвот на вулканот[4], како доказ дека имало искачувања до вулканот уште во претколумбовскиот период.

Опис и местоположба

[уреди | уреди извор]

Со своите 6409 метри надморска височина, тој е третиот највисок активен вулкан во светот и шестиот највисок меѓу постоечките вулкани кои не се водат за исчезнати. Вулканот е моќен масив со три врвови наредени од запад кон исток на далечина од околу три километри. На западниот врв, повисок и изложен на влажните ветрови кои доаѓаат од Тихиот Океан постојано има снежна покривка. Овој врв се нарекува Навадо де Антофала и висок е 6 437 метри. Централниот врв се наоѓа на 6 329 метри а источниот е на 6 375 метри надморска височина.

Вулканот се издига долж Салар де Антофала, солена пустина која се протега на 163 километри во издолжен тесен процеп во правец југ-југозапад до север-североисток. Атмосферската вода на Антофала формирала голем конус во речиси совршен облик на ладало на работ на солената пустина.

Антофала е во центарот на една широка област покриена со високи вулкани. На североисток, на само десет километри се наоѓа Конито де Антофала на 5 583 метри надморска височина, чии стари лавини текови се протегаат во солената пустина. Во близина може да се види и конусот на вулканот Ла Агуада (5 780 метри) а на дванаесеттина километри југозападно се наоѓа активниот вулкан Кахерос (5 725 метри) кој е во хибернација. Во центарот на триаголникот формиран од вулканите Антофала, Ла Агуада и Кахерос, на помалку од осум километри од Антофала, се наоѓа конусот на Ботихуела, кој исто така е вулкан. На запад, на некои петнаесет километри оддалеченост, се наоѓа вулканот Лила (5 752 метри). Малку поодалечен, на околу дваесет и пет километри кон северозапад, се вулканите Охо де Антофала и Онас. Најпосле, во малку повеќе од 40 километри во правец запад-северозапад, се издигаат угасените вулкани Абра Гранде (5 391 метри) и Пахонал (5 143 метри)[5].

Географија

[уреди | уреди извор]

Антофала се наоѓа во сува климатска област. Минималните врнежи главно во пределот на врвот предизвикале минимална глацијација на главниот врв на Антофала од Плиоценот-Плеистоценот. Остатокот од комплексот е добро зачуван со малку ерозија освен онаа од пролетните топења на мразот. Некои клисури содржат докази за поплави кои веројатно се поврзани со топење на ледниците на крајот на ледените доба[5]. Денес снежната линија се наоѓа на надморска височина од 5.750 метри (18.860 стапки).[6] Стар језуитски рудник наречени (Ag-Pb-Zn) лежи на источниот дел од вулканот[5].

Геологија

[уреди | уреди извор]

Вулканскиот комплекс е изграден од риолитски куполи, дебели пирокластични слоеви и слоевити дацитски-андезитски лавини текови. Лавините текови покриваат некои конусите а широките области на североисток се покриени со истечена лава. За време на плеистоценот, долината на Квебрада де лас Куевас била полна а падинските ридови покриени со игнимбрит од отворот на вулканот Бајо. Помеѓу Лила и Кахерос и Лагуна де лос Патос, кватернерните андезити и базалтовите андезити со афирични оливински состав формирале мали конуси и текови. Од отворот на Контито де лас Лагунитас избувнале андезити. Антофала се формирала во три фази. Во првата фаза, базалтните андезити формирале конуси како Антофала, Касиер и Ла Агуада. Исто така избувнале и дацитни лавини куполи (вулканот Лила), дацитни риолитни игнимбрити (10,9-9,6 миа), андезитни-дацитни лави (Агуас Бланка) и базалтно-андезитните лави. Во втората фаза (вулканот Кахеро), базалти и базалтни андезити избувнале од падинските отвори. Третата фаза ја продолжила оваа ефузивна активност, како и риолитните куполи како Ботихуела и Лас Куевас. Скориа и придружни лавини текови избувнале за време на плеистоцен на маргините на солената пустина.[7][8]

Вулканот сè уште покажува активност преку неговите фумароли.[9] Постојат извештаи за вулканска активност во 1901 и 1911[10].

Антофала се наоѓа во речиси ненаселен предел со исклучок на малата локација Антофала, во која живеат четириесеттина жители. Ова е случај со целиот регион, кој несомнено е еден од најоддалечените и најизолираните региони на Аргентина. Затоа тука туризмот најчесто е вид на истражување.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. https://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=355867
  2. Richards J P, Ullrich T, Kerrich R, 2006. The Late Miocene-Quaternary Antofalla volcanic complex, southern Puna, Argentina: protracted history, diverse petrology, and economic potential. J. Volcanol. Geotherm. Res. 152: 197-239.
  3. „Global Volcanism Program: Antofalla“. volcano.si.edu (англиски). Посетено на 2017-12-17.
  4. Biggar, John (2005). The Andes: A Guide for Climbers (англиски). Andes. ISBN 9780953608720.
  5. 5,0 5,1 5,2 Richards, Jeremy P.; Ullrich, Thomas; Kerrich, Robert (2006). "The Late Miocene–Quaternary Antofalla volcanic complex, southern Puna, NW Argentina: Protracted history, diverse petrology, and economic potential". Journal of Volcanology and Geothermal Research152 (3-4): 197–239. doi:10.1016/j.jvolgeores.2005.10.006. ISSN 0377-0273.
  6. Haselton, Kirk; Hilley, George; Strecker, Manfred R. (March 2002). "Average Pleistocene Climatic Patterns in the Southern Central Andes: Controls on Mountain Glaciation and Paleoclimate Implications"The Journal of Geology110 (2): 211–226. doi:10.1086/338414
  7. Kay, Suzanne Mahlburg; Coira, Beatriz; Mpodozis, Constantino. Field trip guide: Neogene evolution of the central Andean Puna plateau and southern Central Volcanic Zone. стр. 117–181. doi:10.1130/2008.0013(05).
  8. Coira, B.; Kay, S. Mahlburg; Viramonte, J. (1993-08-01). „Upper Cenozoic Magmatic Evolution of the Argentine Puna—a Model for Changing Subduction Geometry“. International Geology Review. 35 (8): 677–720. doi:10.1080/00206819309465552. ISSN 0020-6814.
  9. Jay, J. A.; Welch, M.; Pritchard, M. E.; Mares, P. J.; Mnich, M. E.; Melkonian, A. K.; Aguilera, F.; Naranjo, J. A.; Sunagua, M. „Volcanic hotspots of the central and southern Andes as seen from space by ASTER and MODVOLC between the years 2000 and 2010“. Geological Society, London, Special Publications. 380 (1): 161–185. doi:10.1144/sp380.1.
  10. Haraldur, Sigurdsson; F., Houghton, B. Encyclopedia of volcanoes (Second. изд.). Amsterdam. ISBN 9780123859389. OCLC 904547525.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]