Антоан Вато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антоан Вато

Антоан Вато
Родено име Жан-Антоан Вато
Роден октомври 10, 1684(1684-10-10)
Валенсиен, Франција
Починал јули 18, 1721(1721-07-18) (на 36 год.)
Ножен-сур-Марн, Франција
Националност Француз
Поле Сликарство и архитектура
Правец Рококо

Жан Антоан Вато (француски: Antoine Jean Watteau; Валенсиен 1684Ножен-сир-Марн 1721) бил француски сликар, основач на уметността рококо во Франција. Во периодот од 1704 до 1708 година учек кај К. Жило во Париз. На уметнички колекции на палати во Луксембург и неговиот патрон Пјер Krozaa стапиле во контакт со Венецијанското и фламанското сликарство од 16 век (особено делата на Тицијан, Рубенс и Ван Дајк) кои влијаеле на стилот на неговите рани дела. Во 1717 година станал член на Академијата. Во својот престој во Англија (1719/20) тој заболел од тешка болест и не се опоравил. Ватовиот стил, кој се вовел во епохата на рококото, карактеризира јак ама сепак нежен колорит, мирисна атмосфера како и лесни елегантни фигури. Негови главни теми биле интимните свечености на дворското друштво (Fêtes galantes) во слободен простор како и сцени од Commedia dell'arte (на пример Жил, 1718/19).

Иако од француските сликари на рококо кај него учел само Ж. Б. Патер, Ватовиот начин на сликање и неговите теми имале многу следбеници (како што се Н. Ланкре, Ф. Буше или Ж. О. Фрагонар). Сочувана е отприлика една третина од неговите дела, но големиот број на цртежи и гравури сведочат за обемот на неговата работа.