Антикоагулантни средства

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Процесот на коагулацијата е сложен процес, во кој учествуваат голем број фактори, но заради полесно разбирање на механизмот на кој дејствуваат антикоагулантните средства, овде ќе биде прикажана една упростена шема. ПРОТРОМБИН → ТРОМБОПЛАСТИН → Ca → ТРОМБИН ТРОМБИН → ФИБРИНОГЕН → ФИБРИН Зависно од местото каде што дејствуваат, антикоагулантните средства се поделени во две групи:
Антикоагулантни средства кои дејствуваат ин витро,
Антикоагулантни средства кои дејствуваат ин виво.

Ин витро[уреди | уреди извор]

Натриум оксалат[уреди | уреди извор]

Механизмот на неговото антикоагулантно дејство се состои во тоа што со калциумовите јони создава нерастворливи соединенија. Лекот за спречување на коагулацијата на крвта која е земена за разни хематолошки анализи, меѓутоа бидејќи е токсичен за човекот, не се користи за конзервирање на крвта.

Натриум цитрат[уреди | уреди извор]

Механизмот на неговото антикоагулантно дејство се состои во тоа што врши инхибиција на дисоцијацијата на калциумовите јони. Се користи за конзервирање на крв, вклучувајќи ја и крвта која служи за трансфузија.

Ин виво[уреди | уреди извор]

Хепарин Полисахарид[уреди | уреди извор]

Полисахарид кој се наоѓа во мастоцитите.

Механизам на антикоагулантното дејство[уреди | уреди извор]

Најверојатно е дека антикоагулантното дејство на овој лек е резултат на киселиот карактер на лекот (односно на неговиот негативен електричен набој). Со други зборови, тој е од физичка, а не од хемиска природа, и тоа преку инхибиција на тромбопластинот поради што е спречено претворањето на протормбинот во тромбин, а веројатно дејствува инхибиторно и врз тромбинот. Лекот не е ефикасен ако се дава преку уста, па затоа се дава и.м. или и.в. Дејството на хепаринот настанува веднаш по навлегувањето во крвта, трае 1-2 часа, а по и.м. давање малку подолго.

Кумарински деривати[уреди | уреди извор]

Во оваа група спаѓаат следниве три лека: Дикумарол, Тромексан и Варфарин.

Дикумарол[уреди | уреди извор]

Првобитно е добиен од канадска детелина загадена со некои видови габички. Денеска се добива синтетички. Лекот даден преку уста е ефикасен, бидејќи неговата ресорпција преку дигестивниот тракт е добра.

Тримексан и Варфарин[уреди | уреди извор]

Имаат ист механизам на дејство како и дикумаролот, освем што дејството им настапува малку побрзо, а трае покусо од она на дикумаролот.
Несакани дејства: крварења, се антагонизираат со витамин К.