Згрутчување на крвта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Патиштата на коагулација на крвта ин виво при што е прикажана клучната улога на тромбинот

Една од функциите на крвта е коагулацијата т.е. згрутчување на крвта. Таа е една од етапите на хемостазата. Се отстварува со учество на тромбоцитите на крвта кои имаат примарно значење при крвавење. Мошне сложен каскаден процес на реакции. Учествуваат 12 фактори на коагулација кои се активираат ензимски од претходниот фактор. Кога како резултат на повреди крвта ќе биде во контакт со некое друго ткиво, или пак во допир со воздухот, тромбоцитите пукаат. Тогаш под дејство на ензимот тромбин се создаваат белковински материи во форма на тенки нишки кои како мрежа се испреплетуваат. На оваа мрежа се залепуваат црвени и бели клетки при што се создава засирок или тромб кој како чеп го затвора оштетениот крвен сад. При создавањето на засирокот се одделува бистра жолтеникава течност - крвен серум. Коагулацијата е многу значаен механизам на заштита на организмот од неконтролирано губење крв при повреда на крвните садови.

Историја[уреди | уреди извор]

Теории за коагулацијата на крвта постоеле уште од античко време. Физиологот Јоханес Милер (1801–1858) го опишал фибринот, главната компнента на тромбот. Неговиот растворлив прекурсор, фибриногенот, бил именуван од Рудолф Вирхов (1821–1902), и хемиски изолиран од Проспер Силвен Денис (1799–1863). Александар Шмит претпоставил дека конверзијата на фибриноген во фибрин е резултат на ензимски процес, и го означил хипотетичкиот ензим „тромбин“, а неговиот прекурсор „протромбин“.[1][2] Артус во 1890 открил дека калциумот е од суштинско значење во процесот на коагулација.[3][4] Тромбоцитите биле идентификувани во 1865, а нивната функција ја разјаснил Џулио Бизозеро во 1882.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Schmidt A (1872). „Neue Untersuchungen über die Faserstoffgerinnung“. Pflügers Archiv für die gesamte Physiologie. 6: 413–538. doi:10.1007/BF01612263. S2CID 37273997.
  2. Schmidt A. Zur Blutlehre. Leipzig: Vogel, 1892.
  3. Arthus M, Pagès C (1890). „Nouvelle theorie chimique de la coagulation du sang“. Arch Physiol Norm Pathol. 5: 739–46.
  4. Shapiro SS (October 2003). „Treating thrombosis in the 21st century“. The New England Journal of Medicine. 349 (18): 1762–4. doi:10.1056/NEJMe038152. PMID 14585945.
  5. Brewer DB (May 2006). „Max Schultze (1865), G. Bizzozero (1882) and the discovery of the platelet“. British Journal of Haematology. 133 (3): 251–8. doi:10.1111/j.1365-2141.2006.06036.x. PMID 16643426.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]