Антигона (драма од Брехт)
„Антигона“, позната и како „Антигона од Софокле“, ― приспособување на германскиот драматург Бертолт Брехт за преводот на Софоклевата трагедија од Хелдерлин. За прв пат била изведена во Градскиот театар „Хур“ во Швајцарија во 1948 година, со втората сопруга на Брехт, Хелене Вајгел, во главната улога.[1] Ова била прва режисерска соработка на Брехт со Каспар Неер.
Продукции
[уреди | уреди извор]Ратан Тијам ја режирал претставата на мејтески јазик во 1986 година.[2]
Продукцијата на „Антигона“ во Гриз од 1951 година покажала нов пролог напишан од Брехт во кој на сцената се појавуваат Антигона, Тирезијас и Креон, а Тиресијас дава експликација на претставата. Тој ја упатува публиката да ја анализира претставата и да набљудува како човештвото се крена против варварството.
Разлики од првичната „Антигона“
[уреди | уреди извор]Претставата започнува со современа сцена од Втората светска војна во која две сестри откриваат дека нивниот брат, војник, се вратил од фронтот. Го хранат но испаѓа дека е дезертер и тој е тргнат од местото. Оваа прва сцена има за цел да ја повлече паралелата помеѓу смртта на Полиникес, што го означува првиот и драматично клучен настан во „Антигона“ на Софокле, со оној на дезертираниот војник во Втората светска војна.
Креон е игран како диктатор во нацистички стил, а глумечкиот состав во повеќето продукции носи современ или германски костим од Втората светска војна за да ја направи паралелата поочигледна.
Културни влијанија
[уреди | уреди извор]- Антигона од Софокле приспособена за сцената од преводот на Холдерлин од Брехт во 1948 година. (1992), филм од Строб и Уије.
- „Антигона“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Squiers, Anthony (2014). An Introduction to the Social and Political Philosophy of Bertolt Brecht: Revolution and Aesthetics. Amsterdam: Rodopi. стр. 189. ISBN 9789042038998.
- ↑ Cody, p. 1348
- ↑ Анте Поповски, Поезија. Скопје: Наша книга, 1990, стр. 34.
- Gabrielle H. Cody; Evert Sprinchorn (2007). The Columbia Encyclopedia of Modern Drama, Volume 2. Columbia University Press. ISBN 978-0-231-14424-7.
- Educational Theatre Journal, кн. 24, бр. 1 (март., 1972), стр. 47–68
- The Tulane Drama Review, кн. 2, бр. 1 (ноември, 1957), стр. 39–45