Осудата на Лукул
Осудата на Лукул (германски: Die Verurteilung des Lukullus) ― опера од Паул Десау во либрето на германскиот драматург Бертолт Брехт.
Драмскиот текст на Брехт за операта е повеќе или помалку идентичен со оној на радиодрамата Судењето на Лукул, напишана во 1938–99 година.
Историја на изведбата
[уреди | уреди извор]Операта за првпат била изведена под насловот на второто во Берлинскатата државна опера на 17 март 1951 година, под диригентство на Херман Шерхен, со сценски дизајн на Каспар Неер. Таа била повлечена, ревидирана и вратена со сегашниот наслов на 12 октомври 1951 година.[1]
Операта била емитувана на радио во превод на англиски јазик од Третата програма на BBC на 20 март 1953 година.[1]
Во ноември 2021 година, Штутгартската државна опера поставила нова продукција на операта, во режија на Франциска Кронфот и Јулија Лвовски и поставена од музичко-театарскиот собирок „Хауен и Штехен“. Претставите биле под диригентство на специјалистот за современа музика Бернхард Контарски, а биле вклучени тенорот Герхард Зигел како Лукул и сопранот/мецосопранот Шерил Штудер како Тертулија.[2]
Улоги
[уреди | уреди извор]- Рибарката (контраалт)
- Сточарот (бас)
- Пекарот (тенор)
- Носачот на црешната (баритон)
- Кралот (бас)
- Наставникот (тенор)
- Мртвиот судија (бас)
- Куртизаната (мецосопран)
- Кралицата (сопран)
- Лас (тенор)
- Лукул (тенор)
- Тертулија (мецосопран)
Снимање
[уреди | уреди извор]Снимена 1964 година, Лајпциг, Херберт Кегел
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Willett, John. 1959. The Theatre of Bertolt Brecht: A Study from Eight Aspects. London: Methuen. ISBN 0-413-34360-X. pp. 49–50.
- ↑ „Staatsoper Stuttgart“. Посетено на 7 декември 2021.