Анксиозно растројство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Aнксиозно нарушување
The Scream.jpg
Врисок , слика од норвешкиот уметник Едвард Мунк[1]
СпецијалностПсихијатрија, Клиничка психологија
СимптомиПреголема загриженост, срцебиење, тресење[2]
КомпликацииДепресија, Нарушување на сонот, лош квалитет на живот, Самоубиство[3]
Вообичаена појава15-35 години[4]
Времетраење> 6 месеци[2][4]
ПричинителиГенетика, надворешни фактори и психолошки фактори[5]
Ризик-факториЗлоупотреба во детството, фамилијарна историја, сиромаштија[4]
Дијагностички методПсихолошко тестирање
ТретманПромени во начинот на живот, психолошко советување, лекови[4]
ЛековиАнтидепресиви, анксилиотици[5]
Фреквенција12% годишно[4][6]

Анксиозните растројства се кластер на ментални нарушувања кои се карактеризираат со значајни и неконтролирани чувства на анксиозност и страв [2] при што социјалното, професионалното и личното функционирање на личноста се значително нарушени.[2] Анксиозноста може да предизвика физички и когнитивни симптоми, како што се немир, раздразливост, лесен замор, тешкотии со концентрирање, зголемен пулс, болка во градите, абдоминална болка и различни други симптоми кои може да варираат во зависност од личноста [2]

Во секојдневен говор, зборовите анксиозност и страв често се користат наизменично. Во клиничката употреба, тие имаат различни значења: анксиозноста е дефинирана како непријатна емоционална состојба за која причината или не е лесно идентификувана или се смета дека е неконтролирана, додека стравот е емоционален и физиолошки одговор на препознаена надворешна закана.[7] Терминот анксиозно растројство се однесува на голем број специфични нарушувања кои вклучуваат стравови (фобии) или симптоми на анксиозност.[2]

Постојат неколку видови на анксиозни нарушувања, вклучувајќи гигенерализирано анксиозно растројство, специфична фобија, социјално анксиозно растројство, растројство на анксиозност на одвојување, агорафобија, панично растројство и селективен мутизам .[2] Ако на некое лице му е дијагностицирано анксиозно растројство, психијатарот или психологот мора прво добро да го процени лицето за да се осигура дека анксиозноста не може да се припише на друга медицинска болест или ментално растројство.[2] Можно е поединецот да има повеќе од едно анксиозно растројство во текот на својот живот или во исто време.[2] За лицата со анксиозност, постојат бројни третмани кои можат да го подобрат нивното расположение, однесување и способност да функционираат во секојдневниот живот.

Под-типови[уреди | уреди извор]

Израз на лице на личност која страда од хронична анксиозност

Генерализирано анксиозно растројство[уреди | уреди извор]

Генерализирано анксиозно растројство (ГАР) е најчесто анксиозно нарушување, кое се карактеризира со долготрајна анксиозност која не е фокусирана на ниту еден предмет или ситуација. Лицата кои страдаат од генерализирано анксиозно растројство доживуваат постојан страв и загриженост и стануваат претерано загрижени за секојдневните работи. Генерализираното анксиозно растројство „се карактеризира со хронична прекумерна грижа придружена со три или повеќе од следниве симптоми: немир, замор, проблеми со концентрацијата, раздразливост, мускулна напнатост и нарушување на спиењето“.[8] Генерализираното анксиозно растројство е и најчестото анксиозно растројство кое ги погодува постарите возрасни лица.[9] Дијагнозата на ГАР се поставува кога ќе се утврди дека лицето е претерано загрижено за некој настан,личност или проблем шест месеци или повеќе.[10] Оваа загриженост може да се однесува на семејниот живот, работата, социјалниот живот или за сопственото здравје.Симптомите може да бидат напнатост, со зголемено потење од рацете, стапалата и пазувите,[11] а често може личност и да биде тажна и нерасположена, што може да сугерира дека личноста страда и од депресија.[12] Овие две дијагнози депресија и анксиозност многу често се појавуваат заедно и се испреплетуваат, и на тој начин се добива една дијагноза анксиозно- депресивно нарушување.Пред да се постави дијагнозата на анксиозно растројство, лекарите мора да ја исклучат анксиозноста предизвикана од лекови и други медицински причини.[13]

Кај децата, симптоми на ГАР најчесто се главоболки, немир, абдоминална болка и срцеви палпитации.[14] Обично се појавува на возраст од 8 до 9 години.[14]

Специфични фобии[уреди | уреди извор]

Најголема категорија на анксиозни нарушувања е онаа на специфичните фобии, која ги вклучува сите случаи во кои стравот и анксиозноста се предизвикани од специфичен предмет или ситуација. Помеѓу 5% и 12% од населението ширум светот имаат специфични фобии.[10] Според Националниот институт за ментално здравје, фобија е интензивен страв или аверзија кон одредени предмети или ситуации.[15] Поединците со фобија обично имаат преголем страв од средбата со предметот на нивниот страв, што може да биде што било од животно до локација, до одредена ситуација. Вообичаени фобии се летање, крв, вода, возење по автопат и тунели. Кога луѓето се изложени на нивната фобија, тие може да доживеат треперење, отежнато дишење или забрзано чукање на срцето.[16] Така, луѓето со специфични фобии често се трудат да избегнат да се сретнат со нивната фобија. Луѓето разбираат дека нивниот страв не е пропорционален на реалната потенцијална опасност, но сепак се обземени од него.[17]

Панично растројство[уреди | уреди извор]

Лилноста која страда од панично растројство, има кратки напади на интензивен ужас и страв, често проследени со треперење, тресење, конфузија, вртоглавица, гадење и/или отежнато дишење. Овие напади на паника, дефинирани како страв или непријатност што нагло се појавуваат и достигнуваат врв за помалку од десет минути, може да траат неколку часа.[18] Нападите можат да бидат поттикнати од стрес, ирационални мисли, општ страв или страв од непознатото. Сепак, понекогаш зошто се појавува овој напад е нејасно и настанува без никакво предупредување. За една личност да спречи повторно да има паничен напад може да избегнува одредени места, луѓе, типови на однесувања или одредени ситуации.

Покрај повторливите неочекувани напади на паника, дијагнозата на панично растројство бара споменатите напади да имаат хронични последици: или грижа за потенцијалните импликации на нападите, постојан страв од идни напади или значителни промени во однесувањето поврзани со нападите. Како такви, оние со панично растројство доживуваат симптоми дури и надвор од специфичните епизоди на паника. Често, овие личности забележуваат нормални промени во отчукувањата на срцето, што ги наведува да мислат дека нешто не е во ред со нивното срце или дека ќе добијат нов напад на паника. Во некои случаи, зголемена свест ( хипервнимателност ) за функционирањето на телото се јавува за време на напади на паника, каде што секоја согледана физиолошка промена се толкува како можна опасна по живот болест (т.е. екстремна хипохондријаза ).

Агорафобија[уреди | уреди извор]

Агорафобијата е специфична вознемиреност дека личноста се наоѓа на одредено место или се случува ситуација каде што бегството е тешко или срамно или каде што помошта може да биде недостапна.[19] Агорафобијата е силно поврзана со паничното растројство и често е предизвикана од стравот од напад на паника. Вообичаена манифестација вклучува потреба постојано да се гледа на врата или друг начин за бегство. Покрај самите стравови, терминот агорафобија често се користи за одредено избегнување кое поединците често го развиваат.[20] На пример, по напад на паника додека вози автомобил, личноста со агорафобија може да развие анксиозност од самиот чин на возење и затоа во иднина да избегнува да вози и да влегува во автомобил. Во тежок случај на агорафобија, личноста може да се плаши да го напушти својот дом.

Социјално анксиозно растројство[уреди | уреди извор]

Социјалното анксиозно растројство (САР исто така познато како социјална фобија) претставува интензивен страв од јавен срам или понижување при социјална интеракција. Овој страв може да биде специфичен за одредени социјални ситуации (како што е јавно говорење) или, потипично, се доживува во повеќето (или сите) социјални интеракции. Приближно 7% од возрасните Американци имаат социјално анксиозно растројство, а повеќе од 75% од луѓето ги доживуваат своите први симптоми во детството или раните тинејџерски години.[21] Социјалната анксиозност често манифестира специфични физички симптоми, вклучувајќи црвенило, потење, забрзан пулс и тешкотии во говорот.[22] Како и со сите фобични нарушувања, оние со социјална анксиозност често ќе се обидат да го избегнат изворот на нивната анксиозност; во случај на социјална анксиозност ова е особено проблематично, а во тешки случаи може да доведе до целосна социјална изолација.

Посттрауматско стресно нарушување[уреди | уреди извор]

Посттрауматско стресно растројство (ПТСР) во минатото се сметаше за анксиозно растројство (сега е преместено во нарушувања поврзани со траума и стрес во DSM-V) што произлегува од трауматско искуство. Со ПТСР се соочуваат приближно 3,5% од возрасните во САД секоја година, а се проценува дека на еден од единаесет луѓе ќе му биде дијагностициран ПТСР во текот на нивниот живот.[23] Посттрауматскиот стрес може да произлезе од екстремна ситуација, како што е војна, природна катастрофа, силување, заложништво, злоупотреба на деца, малтретирање или дури и сериозна несреќа. Тоа може да произлезе и од долготрајна (хронична) изложеност на силен стрес- [24] на пример, војници кои биле во војна и биле изложени на постојани убиства и стресни ситуации. Вообичаени симптоми се хипервнимателност, анксиозност, лутина и депресија. Покрај тоа, најчесто е проследено и со нарушувања на спиењето.[25] Луѓето кои имаат ПТСР често се одвојуваат од своите пријатели и семејството и имаат потешкотии да ги одржуваат и зачуваат овие блиски односи. Постојат голем број третмани кои ја формираат основата на планот за лекување за лицата кои страдаат од ПТСР. Таквите третмани вклучуваат когнитивна бихејвиорална терапија (КБТ), терапија со продолжена изложеност, терапија за инокулација на стрес, лекови и психотерапија и поддршка од семејството и пријателите.[10]

Истражувањата за посттрауматско стресно нарушување (ПТСР) започнале со ветерани од војната во Виетнам, како и жртви од природни и неприродни катастрофи. Студиите откриле дека степенот на изложеност на катастрофа е најдобар предиктор за ПТСР.[26]

Анксиозно растројство на одвојување[уреди | уреди извор]

Пореметување на анксиозност на одвојување (SepAD) е чувство на прекумерно и несоодветно ниво на анксиозност поради одвојувањето од личност или место. Анксиозноста од разделување е нормален дел од развојот кај бебињата или децата, и само кога ова чувство е преголемо или несоодветно може да се смета за нарушување.[27] Нарушувањето на анксиозноста на одвојување погодува приближно 7% од возрасните и 4% од децата, но случаите кај децата имаат тенденција да бидат потешки; во некои случаи, дури и краткото разделување може да предизвика паника.[28][29]

Опсесивно компулсивно нарушување[уреди | уреди извор]

Опсесивно-компулсивно растројство (OCD) не е класифицирано како анксиозно растројство од DSM-5, но е според ICD-10 . Претходно било класифицирано како анксиозно растројство во DSM-IV. Тоа е состојба кога личноста има опсесии (вознемирувачки, упорни и наметливи мисли или слики) и компулсии (нагон за постојано извршување на одредени дејствија или ритуали), кои не се предизвикани од дрога или физичко нарушување и кои предизвикуваат вознемиреност или социјална дисфункција .[30][31] Компулсивните ритуали се лични правила кои ги следи личноста за да се ослободи од чувството на непријатност.[31] OКР влијае на околу 1-⁠2% од возрасните (нешто повеќе жени отколку мажи) и под 3% од децата и адолесцентите.[30][31]

Лицето кое страда од OКР знае дека ритуалите кои ги прави се неразумни и се бори постојано против своите мисли и своето однесување.[30][32]

Не е јасно зошто се појавува OКР, но може да бидат вклучени бихејвиорални, когнитивни, генетски и невробиолошки фактори.[31] Фактори на ризик вклучуваат семејна историја, немањето партнер (иако тоа може да биде резултат на нарушувањето) и припаѓањето на повисока социоекономска класа или вршењето на неплатена работа.[31] Од оние кои страдаат од OКР, околу 20% ќе го надминат, а симптомите барем ќе се намалат со текот на времето кај повеќето (дополнителни 50%).[30]

Селективен мутизам[уреди | уреди извор]

Селективниот мутизам (СМ) е нарушување во кое личноста која вообичаено е способна за говор не зборува во конкретни ситуации или со одредени луѓе. Селективниот мутизам обично коегзистира со срамежливоста или социјалната анксиозност .[33] Луѓето со селективен мутизам молчат дури и кога последиците од нивното молчење се срам, социјален острацизам или дури и казна. Селективниот мутизам влијае на околу 0,8% од луѓето во одреден период од нивниот живот.[4]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Дијагнозата на анксиозните нарушувања се поставува според симптомите, тригерите и личната и семејната историја на една личност. Не постојат објективни биомаркери или лабораториски тестови кои можат да дијагностицираат анксиозност.[34] Важно е медицинскиот професионалец да процени дали едно лице има други медицински и ментални причини за анксиозност бидејќи третманот значително ќе се разликува.[2]

Симптомите може да се разликуваат помеѓу секој подтип на генерализирано анксиозно растројство. Општо земено, симптомите мора да бидат присутни најмалку шест месеци, да траат повеќе денови и значително да ја нарушуваат способноста на лицето да функционира во секојдневниот живот. Симптомите може да вклучуваат: чувство на нервоза, вознемиреност; претерана загриженост; тешкотии со концентрација; немир; раздразливост.[2][4]

Диференцијална дијагноза[уреди | уреди извор]

За да се дијагнозира анксиозно растројство мора прво да се исклучат медицински причини предизвикани од друга болест.[35][7] Болести кои може да се манифестираат слично на анксиозно растројство, вклучувајќи одредени ендокрини заболувања ( хипо- и хипертироидизам, хиперпролактинемија ),[4][35][36] метаболички нарушувања ( дијабетес ),[35][37] дефицитни состојби (ниски нивоа на витамин Д, Б2, Б12, фолна киселина ),[35] гастроинтестинални заболувања ( целијачна болест, нецелијачна чувствителност на глутен, воспалителна болест на цревата ),[38][39][40] срцеви заболувања,[4][35] болести на крвта ( анемија ),[35] и мозочни дегенеративни заболувања ( Паркинсонова болест, деменција, мултиплекс склероза, Хантингтонова болест ).[35][41][42][43]

Некои лекови, исто така, може да ја предизвикат или да ја влошат анксиозноста, без разлика дали се во интоксикација, повлекување или во хронична употреба. Тие вклучуваат алкохол, тутун, канабис, седативи (вклучувајќи бензодиазепини на рецепт), опиоиди (вклучувајќи лекови против болки на рецепт и недозволени дроги како хероин), стимуланси (како што се кофеин, кокаин и амфетамини), халуциногени и инхаланти .[4][2]

Превенција[уреди | уреди извор]

Во последните години постојано се зголемува фокусот за превенција од анксиозни нарушувања.[44] Употребата на когнитивна бихејвиорална терапија [44] значително помага при ова нарушување .[45][46] Сепак сите истражувања досега не нашле ефективни мерки за спречување на ГАР кај возрасните.[47] Истражувања од 2017 година покажале дека психолошките и едукативните интервенции имаат мала придобивка за спречување на анксиозноста.[48][49]

Перцепција и дискриминација[уреди | уреди извор]

Стигма[уреди | уреди извор]

Луѓето со анксиозно растројство може да бидат осудувани поради предрасудите и стереотипите што општеството ги има создадено како резултат на заблуда околу анксиозноста и анксиозните нарушувања.[50] Најчести заблуди се:: (1) повеќето луѓе веруваат дека анксиозноста не е вистинска медицинска болест; и (2) повеќето луѓе веруваат дека луѓето со анксиозност би можеле да престанат да бидат анксиозни ако тоа го сакаат.[51] За луѓето кои ги искусуваат физичките и менталните симптоми на анксиозно растројство, стигмата и негативната социјална перцепција може да ги спречат да побараат помош и третман.[51]

Постојат два распространети типа на стигми кои ги опкружуваат анксиозните нарушувања: Јавна и Самостигма. Јавната стигма во овој контекст е реакцијата што ја има општата популација за луѓето со анксиозно растројство. Самостигмата се опишува како предрасуда што луѓето со ментална болест ја свртуваат против самите себе.[50]

Третман[уреди | уреди извор]

Третманот за анксиозност вклучува промени во животниот стил, психолошка терапија и лекови. Нема јасен доказ за тоа која терапијата или кој лек се најефективни; Одлуката за кој лек да биде препишан останува само на лекарот земајќи ги предвид специфичните околности и симптоми на пациентот.[52] Ако додека е на третман со избраниот лек, анксиозноста на лицето не се подобри, може да се замени со друг лек.[52] Специфичните третмани исто така ќе се разликуваат според подтипот на анксиозно растројство и другите медицински состојби на лицето.

Начин на живот и исхрана[уреди | уреди извор]

Промените во животниот стил вклучуваат вежбање, за кое има докази дека значително помага,поставување на одреден режим на спиење( пр. легнување и станување во исто време), намалување на внесувањето на кофеин и прекинување на пушењето на цигари.[52] Прекинувањето со пушење има придобивки во анксиозноста еднаква или поголема од оние на лековите.[53] Омега-3 полинезаситените масни киселини, како што е рибиното масло, може да ја намалат анксиозноста, особено кај оние со поголеми симптоми.[54]

Психотерапија[уреди | уреди извор]

Когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ) е ефикасна за анксиозни нарушувања и е најчест третман.[52][55][56][57][58]  Истражувањата покажуваат дека КБТ е подеднакво ефикасна кога се спроведува преку Интернет, преку онлајн платформите и со сесии во живо, лице в лице.[58][59]

Лекови[уреди | уреди извор]

Најчести лекови кои се користат за генерализирано анксиозно растројство се антидепресивите како ССРИ или SНРИ.[52][60] Не постојат докази кои ќе кажат кој специфичен лек од класата ССРИ или СНРИ е најдобар за лекување на анксиозност, така што цената често е причина за изборот на лекот.[52][60] Доколку се ефективни, се препорачува да се продолжи најмалку една година.[61] Наглото прекинувањето на овие лекови резултира со преголем ризик од враќање на анскиозноста.[62]

Буспирон и прегабалин се користат за оние пациенти кои не реагираат на ССРИ или СНРИ; Исто така, постојат докази дека бензодиазепините, вклучувајќи ги диазепам и клоназепам, се ефикасни.[52]

Канабис[уреди | уреди извор]

Истражувањата до сега не покажале дека канабисот може да биде ефикасен во лекувањето на аксиозните нарушувања.[63]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

На глобално ниво, во 2010 година, приближно 273 милиони (4,5% од населението) имале анксиозно растројство.[64] Почеста е кај жените (5,2%) отколку кај мажите (2,8%).[64]

Во Европа, Африка и Азија, стапките на анксиозни нарушувања во текот на животот се меѓу 9 и 16%, а годишните стапки се меѓу 4 и 7%.[65] Во Соединетите Американски Држави, доживотната преваленца на анксиозни нарушувања е околу 29% [66] и помеѓу 11 и 18% од возрасните ја имаат оваа состојба во одредена година.[65] Оваа разлика е поради начинот на кои различни култури ги толкуваат симптомите на анксиозност и она што тие го сметаат за нормативно однесување.[67][68] Општо земено, анксиозните нарушувања претставуваат најзастапена психијатриска состојба во Соединетите Држави, покрај нарушувањето на употребата на супстанции .[69]

Како и возрасните, и децата можат да доживеат анксиозни нарушувања; помеѓу 10 и 20 проценти од сите деца ќе развијат целосно анксиозно растројство пред 18-годишна возраст,[70] што ја прави анксиозноста најчести проблем со менталното здравје кај младите луѓе. Анксиозните растројства кај децата често е потешко да се откријат отколку кај возрасните, поради тоа што родителите не можат да ги разликуваат од нормалните детски стравови. Слично на тоа, анксиозноста кај децата понекогаш погрешно се дијагностицира како нарушување на хиперактивноста со дефицит на внимание или, поради тенденцијата на децата физички да ги толкуваат своите емоции (како стомачни, главоболки итн.), анксиозните нарушувања често може да се помешаат со физички заболувања.[71]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П


Поддршка за лица кои страдаат од анксиозност

Предлошка:Mental and behavioral disorders

  1. Peter Aspden (21 April 2012). „So, what does 'The Scream' mean?“. Financial Times. Архивирано од изворникот 14 October 2013.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Diagnostic and statistical manual of mental disorders 5th edition: DSM-5. Arlington, VA Washington, D.C: American Psychiatric Association,American Psychiatric Association. 2013. стр. 189–195. ISBN 978-0-89042-555-8. OCLC 830807378. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „DSM5“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „DSM5“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „DSM5“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. „Anxiety disorders – Symptoms and causes“. Mayo Clinic (англиски). Посетено на 23 May 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 4,9 Craske, MG; Stein, MB (24 June 2016). „Anxiety“. Lancet. 388 (10063): 3048–3059. doi:10.1016/S0140-6736(16)30381-6. PMID 27349358. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Lancet2016“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Lancet2016“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Lancet2016“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. 5,0 5,1 „Anxiety Disorders“. NIMH. March 2016. Архивирано од изворникот 27 July 2016. Посетено на 14 August 2016.
  6. Kessler; и др. (2007). „Lifetime prevalence and age-of-onset distributions of mental disorders in the World Health Organization's World Mental Health Survey Initiative“. World Psychiatry. 6 (3): 168–76. PMC 2174588. PMID 18188442.
  7. 7,0 7,1 World Health Organization (2009). Pharmacological Treatment of Mental Disorders in Primary Health Care (PDF). Geneva. ISBN 978-92-4-154769-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 November 2016. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „WHO2009“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  8. Schacter, D. L., Gilbert, D. T., & Wegner, D.M. (2011).
  9. „Anxiety Disorders in Later Life: Differentiated Diagnosis and Treatment Strategies“. Psychiatric Times. 26 (8). 2008. Архивирано од изворникот на 4 September 2009.
  10. 10,0 10,1 10,2 Phil Barker (7 October 2003). Psychiatric and mental health nursing: the craft of caring. London: Arnold. ISBN 978-0-340-81026-2. Архивирано од изворникот на 27 May 2013. Посетено на 17 December 2010.
  11. „All About Anxiety Disorders: From Causes to Treatment and Prevention“. Архивирано од изворникот на 17 February 2016. Посетено на 2016-02-18.
  12. Psychiatry, Michael Gelder, Richard Mayou, John Geddes 3rd ed.
  13. Varcarolis.
  14. 14,0 14,1 Keeton, CP; Kolos, AC; Walkup, JT (2009). „Pediatric generalized anxiety disorder: epidemiology, diagnosis, and management“. Paediatric Drugs. 11 (3): 171–83. doi:10.2165/00148581-200911030-00003. PMID 19445546.
  15. „NIMH » Anxiety Disorders“. www.nimh.nih.gov. Посетено на 2020-11-16.
  16. U.S. Department of Health & Human Services (2017). „Phobias“. www.mentalhealth.gov (англиски). Архивирано од изворникот на 13 May 2017. Посетено на 2017-12-01.
  17. Psychology.
  18. „Panic Disorder“. Center for the Treatment and Study of Anxiety, University of Pennsylvania. Архивирано од изворникот на 27 May 2015.
  19. Craske, Michelle G. (2003). Origins of phobias and anxiety disorders : why more women than men?. Amsterdam: Elsevier. ISBN 978-0080440323.
  20. Jane E. Fisher; William T. O'Donohue (27 July 2006). Practitioner's Guide to Evidence-Based Psychotherapy. Springer. стр. 754. ISBN 978-0387283692.
  21. „Social Anxiety Disorder“. Mental Health America (англиски). Посетено на 2020-11-16.
  22. „NIMH » Social Anxiety Disorder: More Than Just Shyness“. www.nimh.nih.gov. Посетено на 2020-12-01.
  23. „What Is PTSD?“. www.psychiatry.org. Посетено на 2020-11-16.
  24. Post-Traumatic Stress Disorder and the Family. Veterans Affairs Canada. 2006. ISBN 978-0-662-42627-1. Архивирано од изворникот на 14 February 2009. Посетено на 8 September 2017.
  25. Shalev, Arieh; Liberzon, Israel; Marmar, Charles (2017). „Post-Traumatic Stress Disorder“. New England Journal of Medicine. 376 (25): 2459–2469. doi:10.1056/nejmra1612499. PMID 28636846.
  26. Fullerton, Carol (1997). Posttraumatic Stress Disorder. Washington, D.C.: American Psychiatric Press Inc. стр. 8–9. ISBN 978-0-88048-751-1.
  27. Siegler, Robert (2006).
  28. Arehart-Treichel, Joan (2006). „Adult Separation Anxiety Often Overlooked Diagnosis – Arehart-Treichel 41 (13): 30 – Psychiatr News“. Psychiatric News. 41 (13): 30. doi:10.1176/pn.41.13.0030.
  29. Shear, K.; Jin, R.; Ruscio, AM.; Walters, EE.; Kessler, RC. (June 2006). „Prevalence and correlates of estimated DSM-IV child and adult separation anxiety disorder in the National Comorbidity Survey Replication“. Am J Psychiatry. 163 (6): 1074–1083. doi:10.1176/appi.ajp.163.6.1074. PMC 1924723. PMID 16741209.
  30. 30,0 30,1 30,2 30,3 National Collaborating Centre for Mental Health, (UK) (2006). Obsessive-Compulsive Disorder: Core Interventions in the Treatment of Obsessive-Compulsive Disorder and Body Dysmorphic Disorder. NICE Clinical Guidelines. ISBN 9781854334305. PMID 21834191. Архивирано од изворникот на 29 May 2013. Посетено на 21 November 2015.
  31. 31,0 31,1 31,2 31,3 31,4 Soomro, GM (18 January 2012). „Obsessive compulsive disorder“. BMJ Clinical Evidence. 2012. PMC 3285220. PMID 22305974.
  32. Institute for Quality and Efficiency in Health Care (IQWiG). „Obsessive-compulsive disorder: overview“. PubMed Health. Institute for Quality and Efficiency in Health Care (IQWiG). Посетено на 21 November 2015.
  33. Viana, A. G.; Beidel, D. C.; Rabian, B. (2009). „Selective mutism: A review and integration of the last 15 years“. Clinical Psychology Review. 29 (1): 57–67. doi:10.1016/j.cpr.2008.09.009. PMID 18986742.
  34. „Assessment of patient-reported symptoms of anxiety“. Dialogues Clin Neurosci (Review). 16 (2): 197–211 (Table 1). 2014. doi:10.31887/DCNS.2014.16.2/mrose. PMC 4140513. PMID 25152658.отворен пристап — бесплатно за читање
  35. 35,0 35,1 35,2 35,3 35,4 35,5 35,6 „Psychiatric emergencies (part III): psychiatric symptoms resulting from organic diseases“ (PDF). European Review for Medical and Pharmacological Sciences (Review). 17 (s1): 86–99. 2013. PMID 23436670. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 March 2016. отворен пристап — бесплатно за читање
  36. Samuels MH (2008). „Cognitive function in untreated hypothyroidism and hyperthyroidism“. Current Opinion in Endocrinology, Diabetes and Obesity (Review). 15 (5): 429–33. doi:10.1097/MED.0b013e32830eb84c. PMID 18769215.
  37. „Prevalence of anxiety in adults with diabetes: a systematic review“. Journal of Psychosomatic Research (Systematic Review). 53 (6): 1053–60. 2002. doi:10.1016/S0022-3999(02)00417-8. PMID 12479986.
  38. „Psychological morbidity of celiac disease: A review of the literature“. United European Gastroenterology Journal (Review). 3 (2): 136–45. April 2015. doi:10.1177/2050640614560786. PMC 4406898. PMID 25922673.
  39. „Systematic review: noncoeliac gluten sensitivity“. Alimentary Pharmacology & Therapeutics (Systematic Review). 41 (9): 807–20. May 2015. doi:10.1111/apt.13155. PMID 25753138.
  40. „Depression and anxiety in patients with Inflammatory Bowel Disease: A systematic review“. Journal of Psychosomatic Research (Systematic Review). 87: 70–80. 2016. doi:10.1016/j.jpsychores.2016.06.001. PMID 27411754.
  41. „The prevalence of neuropsychiatric symptoms in Alzheimer's disease: Systematic review and meta-analysis“. Journal of Affective Disorders (Systematic Review). 190: 264–71. 2016. doi:10.1016/j.jad.2015.09.069. PMID 26540080.
  42. „Depression, anxiety, and apathy in Parkinson's disease: insights from neuroimaging studies“. European Journal of Neurology (Review). 23 (6): 1001–19. 2016. doi:10.1111/ene.13002. PMC 5084819. PMID 27141858.
  43. „The incidence and prevalence of psychiatric disorders in multiple sclerosis: a systematic review“. Multiple Sclerosis Journal (Systematic Review). 21 (3): 305–17. 2015. doi:10.1177/1352458514564487. PMC 4429164. PMID 25583845.
  44. 44,0 44,1 Bienvenu, OJ; Ginsburg, GS (December 2007). „Prevention of anxiety disorders“. International Review of Psychiatry. Abingdon, England. 19 (6): 647–54. doi:10.1080/09540260701797837. PMID 18092242.
  45. „Mindfulness-based therapy: a comprehensive meta-analysis“. Clinical Psychology Review. 33 (6): 763–71. Aug 2013. doi:10.1016/j.cpr.2013.05.005. PMID 23796855.
  46. „Mindfulness-based stress reduction as a stress management intervention for healthy individuals: a systematic review“. J Evid Based Complementary Altern Med. 19 (4): 271–86. Jul 2014. doi:10.1177/2156587214543143. PMID 25053754.
  47. Patel, G; Fancher, TL (3 December 2013). „In the clinic. Generalized anxiety disorder“ (PDF). Annals of Internal Medicine. 159 (11): ITC6–1, ITC6–2, ITC6–3, ITC6–4, ITC6–5, ITC6–6, ITC6–7, ITC6–8, ITC6–9, ITC6–10, ITC6–11, quiz ITC6–12. doi:10.7326/0003-4819-159-11-201312030-01006. PMID 24297210. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 January 2015. currently there is no evidence on the effectiveness of preventive measures for GAD in adult
  48. Moreno-Peral, P; Conejo-Cerón, S; Rubio-Valera, M; Fernández, A; Navas-Campaña, D; Rodríguez-Morejón, A; Motrico, E; Rigabert, A; Luna, JD (1 October 2017). „Effectiveness of Psychological and/or Educational Interventions in the Prevention of Anxiety: A Systematic Review, Meta-analysis, and Meta-regression“. JAMA Psychiatry. 74 (10): 1021–1029. doi:10.1001/jamapsychiatry.2017.2509. PMC 5710546. PMID 28877316.
  49. Schmidt, Norman B.; Allan, Nicholas P.; Knapp, Ashley A.; Capron, Dan (2019). „8 - Targeting anxiety sensitivity as a prevention strategy“. The Clinician's Guide to Anxiety Sensitivity Treatment and Assessment. Academic Press. стр. 145–178. ISBN 978-0-12-813495-5.
  50. 50,0 50,1 Corrigan, Patrick W. (February 2016). „Lessons learned from unintended consequences about erasing the stigma of mental illness“. World Psychiatry. 15 (1): 67–73. doi:10.1002/wps.20295. ISSN 1723-8617. PMC 4780288. PMID 26833611. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Corrigan 67–73“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  51. 51,0 51,1 beyondblue. „Stigma relating to anxiety - Beyond Blue“. www.beyondblue.org.au (англиски). Посетено на 2022-03-23.
  52. 52,0 52,1 52,2 52,3 52,4 52,5 52,6 Stein, MB; Sareen, J (19 November 2015). „Clinical Practice: Generalized Anxiety Disorder“. The New England Journal of Medicine. 373 (21): 2059–68. doi:10.1056/nejmcp1502514. PMID 26580998. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „NEJM2015“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „NEJM2015“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „NEJM2015“ е зададен повеќепати со различна содржина. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „NEJM2015“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  53. Taylor, G.; McNeill, A.; Girling, A.; Farley, A.; Lindson-Hawley, N.; Aveyard, P. (13 February 2014). „Change in mental health after smoking cessation: systematic review and meta-analysis“. BMJ. 348 (feb13 1): g1151. doi:10.1136/bmj.g1151. PMC 3923980. PMID 24524926.
  54. Su, Kuan-Pin; Tseng, Ping-Tao; Lin, Pao-Yen; Okubo, Ryo; Chen, Tien-Yu; Chen, Yen-Wen; Matsuoka, Yutaka J. (2018). „Association of Use of Omega-3 Polyunsaturated Fatty Acids With Changes in Severity of Anxiety Symptoms“. JAMA Network Open. 1 (5): e182327. doi:10.1001/jamanetworkopen.2018.2327. ISSN 2574-3805. PMC 6324500. PMID 30646157.
  55. Cuijpers, P; Sijbrandij, M; Koole, S; Huibers, M; Berking, M; Andersson, G (Mar 2014). „Psychological treatment of generalized anxiety disorder: A meta-analysis“. Clinical Psychology Review. 34 (2): 130–140. doi:10.1016/j.cpr.2014.01.002. PMID 24487344.
  56. Otte, C (2011). „Cognitive behavioral therapy in anxiety disorders: current state of the evidence“. Dialogues in Clinical Neuroscience. 13 (4): 413–21. doi:10.31887/DCNS.2011.13.4/cotte. PMC 3263389. PMID 22275847.
  57. Pompoli, A; Furukawa, TA; Imai, H; Tajika, A; Efthimiou, O; Salanti, G (13 April 2016). „Psychological therapies for panic disorder with or without agoraphobia in adults: a network meta-analysis“ (PDF). The Cochrane Database of Systematic Reviews. 2016 (4): CD011004. doi:10.1002/14651858.CD011004.pub2. PMC 7104662. PMID 27071857.
  58. 58,0 58,1 Olthuis, JV; Watt, MC; Bailey, K; Hayden, JA; Stewart, SH (12 March 2016). „Therapist-supported Internet cognitive behavioural therapy for anxiety disorders in adults“. The Cochrane Database of Systematic Reviews. 2016 (3): CD011565. doi:10.1002/14651858.cd011565.pub2. PMC 7077612. PMID 26968204.
  59. E, Mayo-Wilson; P, Montgomery (2013-09-09). „Media-delivered Cognitive Behavioural Therapy and Behavioural Therapy (Self-Help) for Anxiety Disorders in Adults“. The Cochrane Database of Systematic Reviews (англиски) (9): CD005330. doi:10.1002/14651858.CD005330.pub4. PMID 24018460.
  60. 60,0 60,1 Baldwin, David S; Anderson, Ian M; Nutt, David J; Allgulander, Christer; Bandelow, Borwin; Boer, Johan A den; Christmas, David M; Davies, Simon; Fineberg, Naomi (2014-04-08). „Evidence-based pharmacological treatment of anxiety disorders, post-traumatic stress disorder and obsessive-compulsive disorder: A revision of the 2005 guidelines from the British Association for Psychopharmacology“ (PDF). Journal of Psychopharmacology (англиски). 28 (5): 403–439. doi:10.1177/0269881114525674. PMID 24713617.
  61. Batelaan, Neeltje M; Bosman, Renske C; Muntingh, Anna; Scholten, Willemijn D; Huijbregts, Klaas M; van Balkom, Anton J L M (13 September 2017). „Risk of relapse after antidepressant discontinuation in anxiety disorders, obsessive-compulsive disorder, and post-traumatic stress disorder: systematic review and meta-analysis of relapse prevention trials“. BMJ. 358: j3927. doi:10.1136/bmj.j3927. PMC 5596392. PMID 28903922.
  62. Batelaan, NM; Bosman, RC; Muntingh, A; Scholten, WD; Huijbregts, KM; van Balkom, AJLM (13 September 2017). „Risk of relapse after antidepressant discontinuation in anxiety disorders, obsessive-compulsive disorder, and post-traumatic stress disorder: systematic review and meta-analysis of relapse prevention trials“. BMJ (Clinical Research Ed.). 358: j3927. doi:10.1136/bmj.j3927. PMC 5596392. PMID 28903922.
  63. Black, Nicola; Stockings, Emily; Campbell, Gabrielle; Tran, Lucy T; Zagic, Dino; Hall, Wayne D; Farrell, Michael; Degenhardt, Louisa (October 2019). „Cannabinoids for the treatment of mental disorders and symptoms of mental disorders: a systematic review and meta-analysis“. The Lancet Psychiatry. 6 (12): 995–1010. doi:10.1016/S2215-0366(19)30401-8. PMC 6949116. PMID 31672337.
  64. 64,0 64,1 Vos, T; Flaxman, AD; Naghavi, M; Lozano, R; Michaud, C; Ezzati, M; Shibuya, K; Salomon, JA; Abdalla, S; и др. (15 December 2012). „Years lived with disability (YLDs) for 1160 sequelae of 289 diseases and injuries 1990–2010: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2010“. Lancet. 380 (9859): 2163–96. doi:10.1016/S0140-6736(12)61729-2. PMC 6350784. PMID 23245607.
  65. 65,0 65,1 Simpson, Helen Blair, уред. (2010). Anxiety disorders : theory, research, and clinical perspectives (изд. 1. publ..). Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 7. ISBN 978-0-521-51557-3. Архивирано од изворникот на 6 May 2016.
  66. „Lifetime prevalence and age-of-onset distributions of DSM-IV disorders in the National Comorbidity Survey Replication“. Arch. Gen. Psychiatry. 62 (6): 593–602. June 2005. doi:10.1001/archpsyc.62.6.593. PMID 15939837.
  67. Brockveld, Kelia C.; Perini, Sarah J.; Rapee, Ronald M. (2014). „6“. Во Hofmann, Stefan G.; DiBartolo, Patricia M. (уред.). Social Anxiety: Clinical, Developmental, and Social Perspectives (изд. 3.). Elsevier. doi:10.1016/B978-0-12-394427-6.00006-6. ISBN 978-0-12-394427-6.
  68. Hofmann, Stefan G.; Asnaani, Anu (December 2010). „Cultural Aspects in Social Anxiety and Social Anxiety Disorder“. Depress Anxiety. 27 (12): 1117–1127. doi:10.1002/da.20759. PMC 3075954. PMID 21132847.
  69. Fricchione, Gregory (12 August 2004). „Generalized Anxiety Disorder“. New England Journal of Medicine. 351 (7): 675–682. doi:10.1056/NEJMcp022342. PMID 15306669.
  70. Essau, Cecilia A. (2006). Child and Adolescent Psychopathology: Theoretical and Clinical Implications. Hove, East Sussex: Routledge. стр. 79.
  71. AnxietyBC (2014-11-14). „GENERALIZED ANXIETY“. AnxietyBC. AnxietyBC. Архивирано од изворникот на 12 June 2015. Посетено на 11 June 2015.