Диазепам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Диазепам
Diazepam structure.svg
Diazepam ball-and-stick model.png
Систематско (IUPAC) име
7-хлоро-1-метил-5-фенил-3H-1,4-бензодиазепин-2-он
Клинички податоци
Заштитени имињаВалиум и многу други
AHFS/Drugs.commonograph
MedlinePlusa682047
Бременосна
категорија
  • AU: C
  • US: D (Доказ за ризик)
Начин на издавање
Склоност кон
физичка зависност
Умерена
Скклоност кон
психичка зависност
Умерена[1][2]
Начин на
примена
Oral, IM, IV, suppository
Фармакокинетички податоци
Биорасположливост93–100%
МетаболизамХепаталенCYP2B6 (спореден пат) до дезметилдиазепам, CYP2C19 (главен пат) до неактивни метаболити, CYP3A4 (главен пат) до дезметилдиазепам
Полувреме на елиминација20–100 часа (36–200 часа до главниот активен метаболит дезметилдиазепам)
ЕкскрецијаРенална
Идентификатори
CAS-број439-14-5 Yes check.svgОк
ATC кодN05BA01
PubChemCID: 3016
IUPHAR/BPS3364
DrugBankDB00829 X mark.svgН
ChemSpider2908 Yes check.svgОк
UNIIQ3JTX2Q7TU Yes check.svgОк
KEGGD00293 Yes check.svgОк
ChEBICHEBI:49575 Yes check.svgОк
ChEMBLCHEMBL12 Yes check.svgОк
Хемиски податоци
ФормулаC16H13ClN2O
Моларна маса284.7 g/mol
 X mark.svgНYes check.svgОк (what is this?)  (verify)

Диазепамот (Валиум, Бенседин, Диазепамум, Seduxenum, Relanium, Sibazonum)[3] спаѓа во групата на бензодиазепини (во почетокот произведуван под трговскиот назив Валиум) и претставува седатив, релаксант на мускулите, хипнотик и антиконвулзант, дејствува против анксиозност и емоционална нелагодност.[4]

Диазепамот според Светската здравствена организација се смета за неопходно лекарство.

Изглед[уреди | уреди извор]

Бенседин таблетите можат да бидат од 2, 5 и 10 милиграми. Од 2 и 10 се со жолто-бела боја, а од 5 исто така се со жолто-бела боја само што имаат назначена црта на едната страна.[5][6]

Начин на дејствување[уреди | уреди извор]

Диазепамот ја зголемува активноста на GABA рецепторите кои имаат инхибиторни својства. Диазепамот ги блокира т.е. инхибира ексцитациите од емоционалната сфера на мозокот.

Бенсединот е лек првенствено наменет за лекување на анксиозните нарушувања, тој го намалува чувството на страв и напнатост, делува антиколвузивно и доведува до релаксација на мускулите.

Несакани ефекти[уреди | уреди извор]

При користењето на дизаепам можни се несакани ефекти како: заматен вид, хипотензија, диплопија, нејасен говор, неможност да се задржи урината, запек, а возможна е и агресија и возбуда, и поретко транзисторна левкопенија. Можно е да се појави депресија како недијагностицирано заболување, посебно при употреба на високи дози и труење со диазепам. Кај постарите луѓе, иако поретко, може да се појави апнеа и запирање на дишењето.

Дозирање[уреди | уреди извор]

Esculaap4.svg    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).



2-10 мг два до четири пати на ден, во зависност од болеста. За стари и луѓе во лоша состојба почетната доза е 2 мг. За деца 2-4 мг, при што количината на примање се разделува на неколку пати.

Историја[уреди | уреди извор]

Диазепамот е вториот бензодиазепин откриен од Др. Лео Стернбах додека работел во „Рош“, по хлордиазепоксид (Либриум), кој бил одобрен за употреба во 1960 година. Ставен на пазарот во 1963 како подобрена верзија на Либриум, диазепамот станал неверојатно популарен, со чија помош Рош станал фармацевтски индустриски гигант.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Clinical Addiction Psychiatry. Cambridge University Press. 2010. стр. 156. ISBN 9781139491693. https://books.google.ca/books?id=xD-R7Z27UBEC&pg=PA156. 
  2. Ries, Richard K. (2009). Principles of addiction medicine. (4 издание). Philadelphia: Wolters Kluwer/Lippincott Williams & Wilkins. стр. 106. ISBN 9780781774772. https://books.google.ca/books?id=j6GGBud8DXcC&pg=PA106. 
  3. „Valium (Diazepamum)“. 
  4. Диазепам - Портал за мозокот
  5. (2006) Ed.: Lide David R. CRC Handbook of Chemistry and Physics, 87th, Boca Raton, FL: CRC Press. 0-8493-0487-3.
  6. (2001) Ed.: Susan Budavari The Merck Index: An Encyclopedia of Chemicals, Drugs, and Biologicals, 13th, Merck Publishing. ISBN 0911910131