Ал Грин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ал Грин
Ал Грин во 2001
Животописни податоци
Родено имеАлберт Леорнес Грин[1]
Роден(а)13 април 1946(1946-04-13)(77 г.)
Форест Сити, Арканзас, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • свештеник
  • музички продуцент
Инструменти
  • Вокал
  • гитара
Период на активност1967–денес
Издавачи

Ал Грин (англ: Al Green; целосно име: Алберт Леорнес Грин[4] (англ: Albert Leornes Greene); роден на 13 април 1946 г.) ― американски пејач и свештеник. Најпознат е по низата успешни соул песни кои ги објавил во раните 1970-ти, како: „Take Me to the River“, „Tired of Being Alone“, „I'm Still in Love with You“, „Love and Happiness“ и неговата најпозната песна „Let's Stay Together“.[5] Откако неговата девојка извршила самоубиство, Грин станал ракоположен свештеник и се свртел кон госпел музиката. Подоцна се вратил на секуларната музика.[4] [6]

Грин бил примен во Куќата на славата на рокенролот во 1995 година. За него во музејот пишувало дека е „еден од најталентираните изведувачи на соул музика“. [7] Тој, исто така, се нарекува и како „Последен од големите соул пејачи“.[8] Грин има освоено 11 Греми награди, меѓу кои и наградата Греми за животно дело. Тој, исто така, ја добил наградата BMI икона и е добитник на Признание од Кенедиевиот центар. Списанието Ролинг Стоун го ставил на 65-то место на нивниот Список од 100 најголеми музичари на сите времиња,[9] и на 14-то место на Списокот од 100 најдобри пејачи.[10]

Ал Грин во Шоуто на Мајк Даглас во 1973 година

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Ал Грин 21 пат бил номиниран за Греми награда, а освоил 11, вклучувајќи ја и наградата Греми за животно дело. [11] Две неговите песни, „Let's Stay Together“ и „Take Me To the River“ се примени во Гремиевата куќа на славата.[12]

Во 1995 година, Грин бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Во 2004 година, тој бил примен во Куќата на славата на госпел музиката, а истата година бил примен и во Куќата на славата на текстописците.[13] Исто така во 2004 година, списанието Ролинг Стоун го рангирало на 65-то место на нивната листа од 100 најголеми уметници на сите времиња.[14] На 24 јуни 2009 година, ја добил BET наградата за животно дело.[15]

На 26 август 2004 година, Грин бил одликуван за BMI икона, со што се приклучил на претходно почестените икони меѓу кои биле и легендите на ритам и блуз музиката: Џејмс Браун, Чак Бери, Литл Ричард и Бо Дидли.[16] Грин бил примен во Мичигенската куќа на славата на рокенрол легенди во 2009 година.[17] На 7 декември 2014 година, добил Почести од Кенедиевиот центар.[18]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
  • Back Up Train (1967)
  • Green Is Blues (1969)
  • Al Green Gets Next to You (1971)
  • Let's Stay Together (1972)
  • I'm Still in Love with You (1972)
  • Call Me (1973)
  • Livin' for You (1973)
  • Al Green Explores Your Mind (1974)
  • Al Green Is Love (1975)
  • Full of Fire (1976)
  • Have a Good Time (1976)
  • The Belle Album (1977)
  • Truth n' Time (1978)
  • The Lord Will Make a Way (1980)
  • Higher Plane (1981)
  • Precious Lord (1982)
  • I'll Rise Again (1983)
  • White Christmas (1983)
  • Trust in God (1984)
  • He Is the Light (1985)
  • Soul Survivor (1987)
  • I Get Joy (1989)
  • Love Is Reality (1992)
  • Don't Look Back (1993)
  • Your Heart's in Good Hands (1995)
  • Feels Like Christmas (2001)
  • I Can't Stop (2003)
  • Everything's OK (2005)
  • Lay It Down (2008)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име chicagotribune.
  2. Erlewine, Stephen Thomas (n.d.). „Al Green“. AllMusic. Посетено на July 6, 2021.
  3. Himes, Geoffrey (December 23, 1992). „Recordings“. The Washington Post. Посетено на July 6, 2021.
  4. 4,0 4,1 Fountain, John W. (March 1, 1995). „Silent No Longer“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на June 1, 2013. Посетено на May 25, 2013.
  5. „Al Green“. Rock and Roll Hall of Fame.
  6. Празен навод (help)
  7. „Al Green“. Rock and Roll Hall of Fame.
  8. Bogdanov, Vladimir (2003). All Music Guide to Soul: The Definitive Guide to R&B and Soul. Hal Leonard Corporation. стр. 285. ISBN 9780879307448. Посетено на April 18, 2014.
  9. Justin Timberlake. „The Immortals – The Greatest Artists of All Time: 65) Al Green“. Rolling Stone Issue 946. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2008-02-20. Посетено на 2021-04-28.
  10. „100 Greatest Singers of All Time“. Rollingstone.com. December 3, 2010. Посетено на October 14, 2018.
  11. „Al Green“. Recording Academy Grammy Awards. November 23, 2020.
  12. „Grammy Hall of Fame“. Recording Academy Grammy Awards. October 18, 2010.
  13. „Al Green Exhibit Home“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на February 8, 2014. Посетено на April 18, 2014.
  14. Justin Timberlake. „The Immortals – The Greatest Artists of All Time: 65) Al Green“. Rolling Stone Issue 946. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2008-02-20. Посетено на 2021-04-28.
  15. „Al Green to scoop lifetime gong“. BBC News. BBC. May 16, 2008. Посетено на January 1, 2010.
  16. „BMI Celebrates Urban Music at 2004 Awards with Top Writers, Producers, Publishers“. Bmi.com. August 26, 2004. Архивирано од изворникот на September 20, 2010. Посетено на October 13, 2010.
  17. „Michigan Rock and Roll Legends – Al Green“. Michiganrockandrolllegends.com.
  18. Harris, Paul (September 4, 2014). „Tom Hanks, Lily Tomlin, Sting to Receive Kennedy Center Honors“. Variety.com. Посетено на October 10, 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]