Агријани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на пајонските племиња.
Агријански пелтаст, наоружан со џилити и штит

Агријани (Граи) — пајонско племе[1] кое воглавно живеело во североисточниот дел на Македонија и јужна Србија.[2]". Во времето на Филип II Македонски, територијата на Агријаните била управувана од Пела. Според Тукидид, ова племе ги населувало териториите во горниот тек на реката Стримон (Струма).

Историја[уреди | уреди извор]

Херодот ги спомнува меѓу племињата што не ги покорил персискиот војсководец Мегабаз (V в. пр.н.е.). Во времето на Филип II, Агријаните биле македонски сојузници. Нивниот владетел Лангар со најдобрите војници му се придружил на Александар Македонски против илирското племе Автаријати, кој во Александровиот поход учествувал под заповедништво на Атал. Како наемници се спомнуваат во војските на Дијадосите (крај на III в. пр.н.е.) во Египет, кај Антигон Досон, Антиох III, но и во војските на последните македонски цареви Филип VI и Персеј (поч. во II в. пр.н.е.). Последен пат се спомнуваат во 169 год. н.е. како војници што се борат за градот Касандреја.[3][4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://books.google.se/books?id=GJYUXRosRIMC&pg=PA130&dq=agrianes
  2. "...The Agrianes once dwelled in the area of lower eastern Serbia..." Illyricum Province
  3. E. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999
  4. Thucidides, II, 96, Harvard Univessity Press, 1958
  5. Herodotus, V, 16.1, Loeb Classical Library, Harvard University Press

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]