Прејди на содржината

Девриони

Од Википедија — слободната енциклопедија

Деврионите биле пајонско племе што ги населувало областите западно од Лаијаите и Агријаните, можеби областите околу Дојран, Прасијадското Езеро и Дисорон, но и околу Струмица, Штип и злетовско-кратовските рудници. Ковеле пари на кои, покрај племенската припадност, запишани се и легенди за кои се претпоставува дека се имињата на нивните владетели од VI в. пр.н.е. Постоела племенска традиција на крунисување на нивните владетели на реката Астибо[1].

  1. Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999

Поврзано

[уреди | уреди извор]