Дерони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Територијата на Пеонските племиња

Дерони биле Пајонско племе и сознанијата за нив доаѓаат од пронајдените монети со гравури за легендата дероникон (ΔΕΡΡΟΝΙΚΟΝ/ ΔΕΡΡ). Буквите кои се употребени во гравурите на монетите изгледаат како старогрчките букви и истите датираат од периодот околу 513-500/480 год. п.н.е., иако многу поверојатно е дека се работи за подоцнежен период.[1]

Врз основа на нумизматичките докази, а посебно на откриените монети, има две различни научни стојалишта за географската лоцираност на племето.

Првата теорија тврди дека Дероните биле лоцирани во централниот дел на Балканскиот Полуостров, во северниот дел на Македонија. Втората теорија смета дека ова племе, во периодот на изработката на споменатите монети (т.е. во почетокот на 5. век) било лоцирано на просторот јужно од денешна Македонија.

На монетите имало приказ на коринтски шлемови или шлемови со декорација на вол. Богот на Дероните, Дарон, бил почитуван од Пајонците и Македонците.[2] Како дел од ова племе се споменуваат двата крала Ликеј и Еуергет.

Наводи[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • SVORONOS J.N., « L’Hellénisme primitif de la Macédoine prouve par la Numismatique et l’or du Pangée », JIAN 19 (1919).
  • HAMMOND N.G.L., GRIFFITH G.T., A History of Macedonia II, Oxford 1979.
  • PETROVA Eleonora, “The coinage of the Paeonian Tribal Organisations and Paeonian Kings (VI to III Centuries B.C.), Coins and mints in Macedonia: in Proceedings of the symposium held in honor of the 80th birthday and 50th anniversary of the scholarly and educational work of Ksente Bogoev, member of the Macedonian Academy of Arts and Sciences / [Cvetan Grozdanov, editor ; translated by Elizabeta Bakovska, Katerina Hristovska]. Skopje : Macedonian Academy of Arts and Sciences : National Bank of the Republic of Macedonia, 2001, pp. 13-27

Поврзано[уреди | уреди извор]