Љубуш (Драчево)
Љубуш — археолошко наоѓалиште кое се состои од старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 километри југозападно од селото Драчево, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 метри и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Белчевица — некропола од римско време;
- Пинтија — старохристијански ротонди; и
- Тресалиште — осамен наод од доцноантичкото време.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на неопределено
- Драчево
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кисела Вода
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Скопско
- Археолошки наоѓалишта во Скопје