Јужен мост (Киев)

Координати: 50°23′41″N 30°35′17″E / 50.39481° СГШ; 30.58814° ИГД / 50.39481; 30.58814
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужен мост
Південний міст
Координати50°23′41″N 30°35′17″E / 50.39481° СГШ; 30.58814° ИГД / 50.39481; 30.58814
Носиавтомобилски, метромост
ПреминуваДнепар
МестоКиев, Украина
Претходенnone
Особености
Вкуп. должина1256 м
Ширина41 м
Висина135 м
Историја
ПроектантА, Гаврилов
ИнженерГ. Фухс
Почнат1983
Отворен1990-12-25
Сообраќај
Дневен сообраќај6 линии
Местоположба
Карта

Јужниот мост (украински: Південний міст ) е мост кој минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.

Изградбата на мостот започнала во 1983 година, за да на 25 декември 1990 година мостот биде официјално пуштен во употреба[1]. Во декември 1992 година била пуштена и железничката линија. Главен инженер за проектот бил Георгиј Фухс[2].

Мостот се смета за еден од најубавите кои биле некогаш изградени во Советскиот Сојуз. Неговата градба чинела околу 112 советски рубли или околу $ 200,000,000. На отворањето на мостот, првиот секретат на Комунистичката партија на земјата мостот го нарекол Гордоста на Украина и Киев.

Должината на мостот е 1,256 метри, со ширина 41 метар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мотлях П. Сьомий кидок через Дніпро: [ Учора, о 14 годині 45 хвилин, став до ладу Південний мостовий перехід ] // Вечірній Київ. — 1990. — 26 грудня.
  2. „Центральний державний науково-технічний архів України: Фукс Георгій Борисович“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2011-10-14.