Јоска Јорданоски
| Јоска Јорданоски | ||
![]() | ||
| Роден | 7 април 1921 Леништа, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 3 мај 1942 (возр. 21) Орехово, Царство Бугарија | |
Јоска Јорданоски – Сандански (Леништа, Прилепско, 7 април 1921 - Ореово, Битолско, 3 мај 1942) ― македонски комунист, учесник во НОБ, првоборец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Во 1924 година, неговото семејство се преселило во Прилеп. По завршувањето на основното образование, се вработил како продавач на зеленчук во продавницата на Методија Андонов - Ченто. Во дуќанот дошол во допир со комунистичките идеи на прилепската младина. Се зачленил во фудбалскиот клуб „Граѓански“, а потоа играл фудбал и во маалскиот клуб „Шаторов Камен“. Во 1940 година, тој се зачленил во Месниот комитет на СКОЈ. Истата година одлежал и 15 дена затвор, заедно со роднината Ченто. Истата година заедно со повеќе прилепчани е мобилизиран под изговор за воена вежба и е одведен во концентрациониот логор за изолација во Меѓуречје кај Ивањица.

По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, Јоска Јорданоски-Сандански бил еден од првите седум први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја основале првата партизанска чета, составена од борците: Илија Игески - Цветан, Трајко Бошкоски - Тарцан, Борка Велески - Левата, Лазо Филипоски - Лавски, Ѓорe Велкоски – Стрелката и Киро Крстески - Платник. На 17 октомври 1941 година учествувал во основањето на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“.
Следната година, на 22 април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај одредот бил опколен од многубројна бугарска војска и полиција, во близина на битолското село Орехово. Во повеќечасовната нерамна борба, Јорданоски загинал, погоден од непријателски куршум во главата. Бил закопан заедно со неговата соборка Елпида Караманди.[1]
