Форе
| Форе Fårö |
|
| Остров | |
|
Карпести столбови на Форе
|
|
| Земја | Шведска |
|---|---|
| Округ | Готланд |
| Општина | Готланд |
| Место | Балтичко Море |
| - координати | |
| Површина | 113,30 км² [1] |
Форе (швед. Fårö) е мал остров во Балтичкото Море, северно од островот Готланд во југоисточниот дел на Шведска. Ова е втор остров по големина во покраината. Населението брои помалку од 600 жители, но местото сепак ужива популарност како летувалиште. На островот нема банки, пошти, здравствени установи и полиција. Има свој дијалект, кој се смета за најстариот јазик во Шведска.[2]
Содржина |
Географија [уреди]
Островот е одделен од Готланд со проток, преку кој одат два траекта. Има вкупна површина од 111,35 км2, од кои 9,7 км2 се водни површини или мали островчиња.
На островите Форе и Готланд има карпести столбови наречени „рауци“ образувани од одрони во текот на Леденото доба. Вакви образби можат да се најдат само на овие два острова.
Во филмската уметност [уреди]
Шведскиот режисер Ингмар Бергман провел дел од животот во Форе, каде и починал. Тука се снимани неколку негови филмови, меѓу кои: „Низ нејасно стакло“ (1961), “Персона“ (1966), „Часот на волкот“ (1968), „Срам“ (1968), „Страст“ (1969) и „Сцени од еден брак“ (1972).[2] Секој јуни се одржува „Бергманов фестивал“ во чест на режисерот.
Филмот „Жртва“ на Андреј Тарковски е исто така сниман на Форе.
Туризам [уреди]
На островот секоја година во септември се одржува настанот „Форевски вечери“ (Fårönatta) кога рестораните и баровите работат цела ноќ, на тезги се нудат ракотворби a црквата одржува полноќна миса.[2]
Реони [уреди]
Светилник [уреди]
На североисточниот крај на островот се наоѓа светилникот (Fårö Fyr). Висок е 30 м, а изграден е во 1847 г.
Лангхамар [уреди]
Лангхамар е полуостров во северозападниот дел на Форе. Се одликува со карпести плажи и карпести монолитни образби наречени „рауци“. На полуостровот е сместен истоимениот природен резерват Лангхамар. Дејството на филмот „Низ нејасно стакло“ на Ингмар Бергман се случува во Лангхамар.[2]
Дигерхувуд [уреди]
Природниот резерват Дигерхувуд во себе содржи и рибарско село. Местото не е погодно за пливање поради наглата длабочина (до 80 м) и силните струи. Меѓутоа од истата причина резерватот е популарен за нуркање и спортски риболов.
Судерсанд [уреди]
Долгата песоклива плажа Судерсанд се наоѓа североисточниот дел на Форе, веднаш до Сундерсандското одморалиште, каде се изнајмуваат бунгалови.
Наводи [уреди]
- ↑ „Статистички годишник 2011“. Централна статистичка служба. стр. 12. Архивирано од оригиналот на 5 јули 2011. http://www.webcitation.org/5zxLyViMj. проверено на 5 јули 2011. (шведски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Пергамент, Даниел. „Маѓепсаниот остров - дом на Бергман“, „New York Times“, 7 октомври 2007. (англиски)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Форе“ |
- Туристичко здружение на Готланд — Форе (англиски)
- „Форе“ - Нордиска семејна книга (шведски)
Галерија [уреди]