Филимон
Изглед
Филимон | |
---|---|
Мачеништвото на Апостол Филимон и неговата сопруга Апфија | |
апостол (православие) маченик (католицизам) | |
Починал(а) | 68, Колоси, Фригија (денешен Хоназ, Турција) |
Почитуван(а) во | православие католицизам лутеранство |
Слава | 19 февруари и 22 ноември (православие) 22 ноември (католицизам) 15 февруари (лутеранство) |
Филимон (коински грчки: Φιλήμων) — ранохристијански деец од Мала Азија и еден од Седумдесетте апостоли. Познат е по неговата соработка со Апостол Павле, изложена во Посланието до Филимон од Новиот завет. Се чествува како светец во неколку цркви заедно со неговата сопруга Апфија. Филимон бил богат христијанин и свештеник (веројатно и епископ)[1] на куќна црква која се состанувала во неговиот дом.[2]
Минејот за 22 ноември вели дека Филимон бил апостол кој заедно со Апфија, Архип и Онисим умреле маченичка смрт Колоси во првиот општ прогон на Нерон.[3] Во списокот на Седумдесетте апостоли припишан на Доротеј Тирски, Филимон се опишува како епископ на Газа.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Апостолски устав, VI, 46
- ↑ Филимон 1,1-2 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги
- ↑ Митрополит Петар Преспанско-пелагониски, уред. (2015). Минеј : (месечник) : ноември. Битола: Митрополија Преспанско-пелагониска.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Филимон на Ризницата ?
- Свети Филимон, епископ Газски — Денови.мк
- Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија — Денови.мк
|