Апостол Онисим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Онисим
Светиот ученик Онисим
Епископ на Византија
Роден(а) непознато,
Умрел(а) 68 [1], Рим
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православна црква
Лутеранство
Слава 15 или 16 февруари или 22 ноември

Апостол Онисим е еден од Седумдесеттемината апостоли и епископ на Византион во периодот од 54 до 68 година. Му бил роб на Филимон, богат човек и угледен во градот Колосај во Фригија, но нешто му згрешил на својот господар по кое морал да побегне во Рим, каде што бил покрстен од страна на апостол Павле. По ова следувало и помирување со Филимон од страна на апостол Павле, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од најтрогателните пишани состави кои воопшто постојат во Светото Писмо.

Те молам“, напишал Филимон, „за мојот син Онисим, кого го родив во оковите свои ...Можеби затоа се раздели од тебе на некое време, за да го добиеш вечно, не повеќе како роб а повеќе од роб, како брат возљубен“.

Трогнат од ова писмо Филимон навистина го примил Онисим како брат и го ослободил од робувањето. Подоцна Онисим од самите апостоли бил поставен за епископ и по смртта на апостолот Тимотеј ја примил Ефеската Столица. Тоа се гледа од посланието на Св. Игнатиј Богоносец. Во времето на Трајановото гонење Онисим веќе беше старец. Тој бил уапсен и одведен во Рим. Овде одговарал пред судијата Тертул, по кое лежал во затвор за да на крајо биде убиен. Неговото тело го зела некоја богата жена, го положила во сребрен ковчег и го погребала во 109 година.

Наводи[уреди]

  1. „Onesimus“. Official site of the Ecumenic Patriarchate of Constantinople. http://www.ec-patr.org/list/index.php?lang=en&id=3. конс. Apr, 2, 2011.